Католицизмот во Белорусија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Катедралата на Свети Станислав во Могиљов

Католичката црква во Белорусија — дел од светската Римокатоличката црква, под духовно водство на папата во Рим. Првата епархија според римскиот обред во Белорусија била основана во Туров помеѓу 1008 и 1013 година. Католицизмот беше традиционално доминантна религија меѓу белоруското благородништво (шљахта) и меѓу голем дел од популацијата на Западна Белорусија.

Опис[уреди | уреди извор]

Од 2016 година, 1,632,605 католици живеат во земјата и претставуваат околу 17% од вкупното население.[1] Повеќето од нив припаѓаат на епархии според римскиот обред. Мало малцинство припаѓаат на епархии според византискиот обред, формирајќи ја посебната Белоруска грчка католичка црква, која е во сојуз со Светиот престол и го следи византискиот словенски ритуал.

Полските и литванските малцинства во Белорусија се главно католици според римскиот обред, но повеќе од 1 милион католици според римскиот обред се етнички Белоруси (над 15% од вкупниот број етнички Белоруси). гркокатолиците се претежно етнички Белоруси и мал број на Украинци.

Црквата Света Барбара во Витебск

Хиерархија[уреди | уреди извор]

Една митрополитна архиепископија:

  • Минск-Могиљов - 610,490 католици

Три суфрагански епархии:

Митрополитниот архиепископ Тадеуш Кондрусјевич е водач на Католичката црква според римскиот обред во Белорусија.

Историја[уреди | уреди извор]

Првата епархија според римскиот обред во Белорусија била основана во Туров помеѓу 1008 и 1013 година.

Католицизмот беше традиционално доминантна религија на белоруското благородништвото (шљахта) и на голем дел од популацијата на Западна Белорусија.

Во минатото постоеше и една архиепископија во Полоцк. Свети Јосафат Кунцевич беше архиепископ од 1618 до 1623 година како наследник на друг архиепископ.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Official site of the Roman Catholic Church in Belarus. Statistical data 2009-03-01“. Архивирано од изворникот на 2017-03-15. Посетено на 2018-05-26.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]