Катедрала Свети Александар Невски (Москва)
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
За други значења на поимот, погл. Александар Невски .
![]() |
Катедралата Александар Невски (руски: Александро-Невский собор) е катедрала која се наоѓа во Москва, Русија. Овој верски објект е најголемиот од серијата на катедрали кои биле изградени во Царска Русија, и кои биле посветени на Александар Невски. Главни архитекти за проектот биле Александар Померанцев и Виктор Васнецов. Објектот бил изграден во 1861 година[1].
По Руската револуција, Советите долго време мислеле дали да ја реконструираат црквата во радио центар[2]. Таа била најголемата црква во градот по црквата посветена на Исус Христос Спасителот. Сепак, во 1952 година катедралата била разрушена. Во 1960 година на нејзино место бил изграден хотел.[3]