Овиедска катедрала

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Катедрала Сан Салвадор)
Прејди на: содржини, барај
Катедрала „Св. Спас“
Catedral de San Salvador
Catedral de Oviedo 3.jpg
Основни податоци
Место ШпанијаОвиедо, Шпанија
Координати 43°21′45.3″ СГШ 5°50′35.09″ ЗГД / 
Припадност Римокатоличка црква
Духовно-организациски статус катедрала, базилика
Културнонаследствен статус Светско културно наследство
Водство vacant
Мреж. место Официјална страна
Архитектонски опис
Архитект(и) Родриго Гил де Хонтанон
Архитектонски тип Црква
Архитектонски стил Готска
Поставен темел IX век
Насоченост на фасадата O
Светско наследство на УНЕСКО
Споменици на Овиедо и Кралството Астурија
Назив според описот на списокот
Симболот на Кралство Астурија
Критериуми ii, iv, vi
Навод 312
Регион по УНЕСКО Европа
Запис
Прогласено 1985 (9. заседание)
Проширувања 1998

Катедрала „Св. Спас“ (шпански: Catedral de San Salvador) — римокатоличка катедрала која се наоѓа во Овиедо, Астурија, Шпанија. Катедралата претставува еден од ретките примери во светот каде при изградбата биле употребени поголем број на архитектонски стилови, од барокот до романиката, готиката и делови од ренесансата.

Историја[уреди | уреди извор]

Каедралата била основана од страна на кралот Фруела I во 781 година, а била проширена во 802 година во времето на астурскиот крал Алфонсо II, време кога градот бил престолнина на Кралството Астурија. Во текот на својата историја, катесдралата на неколку пати била реновирана, реконструирана и слично. Така, во XIII век, епископот Фернандо Алфонсо (1296-1301) ја обновил главната зграда, а неговиот наследник Фернандо Алварес (1302-1321) го започнал манастирот. Кон крајот на XIII век, Гутиере де Толедо започнал со изградба на новата готска базилика која била завршена од страна на неговиот наследник Гулиен. Диего Рамирез де Гузман (1421-1441) изградил два параклиса јужно од централната градба. Алфонсо де Паленцуела (1470-1485) ја довршил градбата, Хуан Даза (1497-1503) изградил односно подигнал подиум за хор, Валерано (1508-1512) ставил прозорци и.т.н.

Зграда[уреди | уреди извор]

Во целина, катедралата е во стил на готика, но сепак во нејзината изградба како комплекс биле употребени и други архитектонски стилови. Таа е изградена во периодот од XIV век до XVI век во класичен стил.

Наводи[уреди | уреди извор]