Ката Бутрова
Изглед
Ката Бутрова ( 1925 во Гевгелија — ) — учесник во НОВ на Македонија.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Учествувала во НОД од ноември 1941 година кога била избрана и за член на СКОЈ. Водела младинска просветна група и со неа собирала народна помош. Од септември 1941 година била примена за член на КПЈ. Во нејзиниот дом се одржувале илегални состаноци и престојувале илегалци, а Ката била врска на илегалците во градот. Одржувала врска и со Месниот Комитет - Гевгелија и партиските организации во селата Негорци и Моин. Била изложена на терор од бугарската nолиција и на двапати била затворана, но поради немање докази била ослободувана. Испраќала храна на политичките затвореници.[1]