Прејди на содржината

Ката Басмаркова

Од Википедија — слободната енциклопедија

Ката Миланова Басмаркова (16 август 1924 во Кавадарци — ) — учесник во НОВ на Македонија, носител на Партизанска споменица од 1941.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]
Партизанската споменица 1941, чиј носител е и Ката Басмаркова.

Од 1940 година му припаѓала на напредното работничко движење. Во НОД учествувала од април 1941 година како член на СКОЈ. Собирала оружје и муниција. Учествувала во сите акции што ги организирала КПЈ во Кавадарци. Својот дом го ставила на располагање на НОД и во него се одржувале разни состаноци. Чувала илегалци. Учествувала во префрлувањето илегалци од една во друrа куќа. Во мај 1943 година станала борец во партизанскиот одред „Добри Даскалов“. Во одредот останала се до ослободувањето на земјата. Носител е на Партизанска споменица од 1941.[1]

  1. 1 2 Весковиќ-Вангели, д-р. Вера; Јовановиќ, Марија (1976). Жените на Македонија во НОВ 1941-1945. Скопје: Институт за Национална Историја. стр. 991.