Катастарска парцела (Струмица)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Катастарска парцела 3.730
археолошко наоѓалиште
Катастарска парцела 3.730 is located in Археолошки локалитет во Македонија
Катастарска парцела 3.730
Катастарска парцела 3.730
(Грешка во скриптата: Нема модул наречен „Location map/old“.)
Местоположба 41°26′15″N 22°38′35″E / 41.43750° СГШ; 22.64306° ИГД / 41.43750; 22.64306Координати: 41°26′15″N 22°38′35″E / 41.43750° СГШ; 22.64306° ИГД / 41.43750; 22.64306
Основни податоци
Име Катастарска парцела 3.730
Место Струмица
Општина Струмица
Тип

Археомак 2.0 графички знак (некропола).svg некропола

Период доцноантичко време
Портал „Археологија“  • Проект „Археомак“

Катастарска парцела 3.730 е археолошки локалитет кој се наоѓа во Струмица, Општина Струмица.

Локалитетот претставува некропола од доцноантичко време. Во централното градско јадро, во парцелата сопственост на Трајко Атанасов, што се наоѓа на аголот од улиците „Боро Џони“ и „Херој Карпош“, со машинското копање за темели на станбен објект биле откриени и делумно уништени неколку гробни конструкции. Во 1989 година Заводот и музеј во Струмица извршил заштитно ископување со што е откриен дел од некропола, а во југозападниот крај на просторот нејасни остатоци од архитектонски објект.

Биле отворени повеќе гробови, вкопани во длабочина од 1,25 до 1,95 м, со конструкции од тегули и имбрекси (тип „на две води“), во основата опкружени со венец од нафрлени камења и сите со инхумирани покојници. Со оглед на близината до старата пошта, каде што при нејзината изградба е откриена некропола со исти конструкции на гробови (Градско паркче), веројатно и гробовите од оваа парцела се дел од истата доцноантичка некропола[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069