Катарина Јовановиќ
| Катарина Јовановиќ | ||
| Роден | 1869 Белград Кнежевство Србија | |
|---|---|---|
| Починал | 1954 Цирих Швајцарија | |
Катарина А. Јовановиќ (Белград, 8 април 1869 - Цирих, 31 мај 1954) била српска преведувачка, историчарка на литература, публицистка, филозофка, новинарка и хуманитарна работничка. Поголемиот дел од својот живот го поминала во странство. Во Србија живеела само 16 години а во странство 69. Превела некои од најважните дела од српската и југословенската литература на германски јазик. Добитничка е на награди во странство за нејзините врвни преводи. Четириесет и две години се занимавала со хуманитарна работа, помагајќи им на Србите во Татковина и во странство во најтешки моменти од српската историја. Српската библиотека во Цирих, библиотеката Катарина Јовановиќ, го носи нејзиното име.
Семејство
[уреди | уреди извор]Родена е во Белград на улица Косовска бр.25 и била ќерка на еден од најважните српски фотографи, Анастас Јовановиќ а мајка Марија и полусестра на познатиот српски архитект, Константин Јовановиќ. Анастас ги воспитувал своите деца во национален дух, запознавајќи ги со богатството на српската култура. Мајката Марија во нивното воспитување ја внела сета своја добрина, нежност и интелектуален дух а особено инсистирала нивната единствена ќерка да добие солидно образование, верувајќи дека жените не припаѓаат само во домот.
Биографија
[уреди | уреди извор]Откако го завршила основното училиште, Катарина го продолжила своето образование преку приватни часови, учејќи од своите браќа и татко и читајќи книги од богатата библиотека на нејзиниот татко. На шеснаесет години возраст, во 1885 година, Катарина го напуштила Белград. Отишла да живее со својот полубрат Константин во Виена и таму го продолжила школувањето. Редовно го посетувала Белград до 1899 година, кога починал нејзиниот татко. Поради избувнувањето на Првата светска војна, била принудена да го напушти главниот град и да се пресели во Швајцарија. Се преселила во Цирих, каде што живеела со браќата. Во Белград, живеела на Караѓорѓева улица 7. [1]
Со тек на време, таа станала познавач и за српски и за германски јазик. Дури научила да се служи со специфичниот циришки дијалект на германскиот јазик (т.н. алемански или швајцарски германски). Своето лингвистичко знаење го користела во корист на својот народ, ширејќи ја славата на српската литература низ целиот свет.
Дела
[уреди | уреди извор]Преведувачка работа
[уреди | уреди извор]Катарина Јовановиќ прво ги превела „Горски вијенац“ и „Луча микрокозма“ на германски јазик, веројатно затоа што Његош бил нејзин омилен писател. За овој превод, таа подоцна (во 1939 година) ја добила престижната Хумболтова награда доделена од Минхенската академија на науките. Оваа книга била отпечатена во само 4.000 примероци, а повеќето од нив биле уништени во бомбардирањето на Минхен во 1944/45 година. Пред крајот на својот живот, таа подготвила второ, ревидирано издание на преводот на „Вијенац“ и „Луча“, но не ги дочекала нивните објави.
Катарина Јовановиќ ја продолжила својата преведувачка и книжевно-историска работа после преводот на Његош. Во 1932 година, познатата циришка издавачка куќа Рошер ја објавила книгата „Антологија на југословенската литература - поети и раскажувачи“, избрана и преведена од страна на Катарина Јовановиќ. Оваа антологија прекрасно го претставила пресекот на историјата на српската, хрватската и словенечката литература од средниот век до современата ера за германската читателска јавност. Во неа биле вклучени поети од монахињата Јефимија од крајот на 14 век до Десанка Максимовиќ и Густав Крклец, како и раскажувачи од Лаза Лазаревиќ до епископот Николај Велимировиќ.
Скоро две децении подоцна, во 1951 година, издавачката куќа Рошер го објавила преводот на Катарина на српските народни епски песни од Косовскиот циклус. Катарина Јовановиќ ја има посветено оваа книга на својот пријател Карл Шпителер (1845-1924), швајцарски поет, добитник на Нобелова награда и голем љубител на Србите, Србија, српската култура и особено поезијата.
Авторска работа
[уреди | уреди извор]Катарина Јовановиќ напиша и голем број на стручни статии, како и биографија на нејзиниот татко Анастас, „За животот и делото на Анастас Јовановиќ“. Своите филозофски верувања ги сумира во книгата „Основно набљудување на животот“, која ја објавила во 1921 година во Белград. Ова, нејзино единствено филозофско дело, го напишала во своите зрели години, кога имала 56 години. Во оваа книга, таа го претставува својот поглед на универзумот, светот, човекот и животот. Катарина ја усвоила Кант-Лапласовата теорија за потеклото на универзумот. Таа го следи целиот живот како чудо на хармонијата. Во своите филозофски гледишта, таа се оддалечила од традиционалното православно учење, на пр. толкувајќи го крстот како универзален симбол на љубовта кон човештвото без вера во личен Бог.
Хуманитарна работа
[уреди | уреди извор]Катарина ја започнала својата хуманитарна и добротворна работа за време на Балканските војни од 1912-1913 година. Во тоа време, со нејзината помош, во Србија била испратена мисија на Швајцарскиот Црвен крст, во која работела нејзината пријателка, Катарина Клара Штурценегер.
Благодарение на Катарина Јовановиќ и на нејзините швајцарски пријателки, Црвениот крст ја испратил својата мисија и болница за време на Првата светска војна во 1914-1918 година. Катарина учествуваше во основањето на Одделот за помош на српски војници при Швајцарскиот Црвен крст и познатото „Циришко биро за пронаоѓање на исчезнатите“, кое ги обнови своите активности за време и по Втората светска војна. Учествуваше во потрагата и пронаоѓање на исчезнатите, помогна во организирањето на дистрибуцијата на хуманитарни пакети за болни, ранети и заробени српски војници, нивните семејства и семејствата на оние војници кои беа на Солунскиот фронт од 1916 до 1918 година, далеку од своите домови. Благодарение на неа, Швајцарија почна да упатува постојана помош во пари и храна во Србија.
Катарина Јовановиќ, исто така, им помагала и на српските ученици и студенти, сирачиња и другите кои во тоа време се наоѓале далеку од својата татковина.
Нејзината добрина ѝ го донесе познатиот прекар „Мамица“ во српската дијаспора.
Види повеќе
[уреди | уреди извор]- Хероини од Првата светска војна во Србија
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Алексић, Дејан (23. 1. 2020). „Неизвесна судбина куће коју је пројектовао Константин Јовановић“. Политика. Посетено на 24. 1. 2020. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=, |date=(help)