Кастелветрано
| Кастелветрано Castelvetrano Castedduvitranu | |
|---|---|
| општина | |
Матичната црква во Кастелветрано | |
| Земја | Италија |
| Регион | |
| Покраина | Трапани (TP) |
| Поделоци | Тришина ди Селинунте, Маринела ди Селинунте |
| Управа | |
| • Градоначалник | Феличе Еранте (FLI) |
| Површина | |
| • Вкупна | 206 км2 (80 ми2) |
| Надм. вис. | 187 м |
| Население (2009) | |
| • Вкупно | 30.516 |
| • Густина | 150/км2 (380/ми2) |
| Час. појас | CET (UTC+1) |
| • Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) |
| Пошт. бр. | 91022 |
| Повик. бр. | 0924 |
| Светец заштитник | Св. Јован Крстител |
| Слава | 24 јуни |
| Мреж. место | Матична страница |
Кастелветрано (италијански: Castelvetrano, сицилијански: Castedduvitranu) — град и општина во покраината Трапани на островот Сицилија, Италија. Во рамките на општината се наоѓа археолошкото наоѓалиште Селинунт.
Градот е родно место на филозофот Џовани Џентиле (1875-1944) — клучен мислител на фашистичкото движење во Италија.
Местото е претежно земјоделско, со тоа што најзастапени се лозарството и маслинарството. Важна гранка е и столарството.
Знаменитости
[уреди | уреди извор]Центарот на Кастелветрано се состои од три поврзани плоштада со бројни споменици. Главниот плоштад е Пјаца Гарибалди, каде се сместени најзначајните градби, меѓу кои и Матичната црква (Chiesa Madre), чиј денешен облик датира од XVI век. Внатрешноста на црквата е украсена со штукатура од уметниците Фераро и Џакомо Серпота.
Недалеку од црквата се наоѓа градскиот дом, а близу до него и Црквата на чистилиштето (Chiesa del Purgatorio, изгр. 1624–64) чија фасада е покриена со статуи.[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Кастелветрано (англиски)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Кастелветрано на Ризницата ?- Управен портал на Кастелветрано Архивирано на 1 април 2019 г.