Карџали

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Карачали
Μαυρόβατος
Карачали is located in Грција
Карачали
Карачали
Координати: 41°7′N 24°9′E / 41.117° СГШ; 24.150° ИГД / 41.117; 24.150Координати: 41°7′N 24°9′E / 41.117° СГШ; 24.150° ИГД / 41.117; 24.150
ЗемјаГрција
ОбластИсточна Македонија и Тракија
ОкругДрамски округ
ОпштинаДрама
Општ. единицаДрама
Надм. вис.&1000000000000004800000048 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно736
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Карачали (грчки: Μαυρόβατος, Мавроватос[2]) — село во Општина Драма во Драмскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 42 километри југозападно од градот Драма, на надморска височина од 80 метри.

Историја[уреди | уреди извор]

Отоманско Царство[уреди | уреди извор]

Селото во текот на 19 век се наоѓало во Драмската каза во составот на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 67 цигани и 67 жители Македонци[3][4].

Грција[уреди | уреди извор]

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција.

Според грчката статистика од 1913 година, селото се споменува како разрушена населба, додека според пописот од 1920 година, во селото живееле 7 луѓе[5].

Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Република Турција и Република Грција, во селото било населено грчко население од Турција.

Во 1927 година, селото било прекрстено во Мавроватос[6].

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година во селото биле населени 129 грчки бегалски семејства со вкупно 479 луѓе[5]. Така, според пописот од 1928 година во селото живееле 479 лица, додека во 1940 година селото броело 712 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 525 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 679 жители, во 1971 година имало 525 жители, во 1981 година имало 632 жители, додека во 1991 година имало 611 жители[5]. Денеска, населението на селото е 736 жители според пописот од 2011 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 712 525 679 525 632 611 714 736
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција. 
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Δράνοβον -- Μαυρόβατος
  3. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  4. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 199.
  5. 5,0 5,1 5,2 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. I. Скопје: Институт за национална историја. стр. 32. 
  6. Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971