Каршијак

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Каршијака)

Каршијак (позната и како Каршијака, Каршијак Кол) — голема етногеографска област во непосредна близина, јужно од градот Скопје, чии денешни јужни населби влегуваат во оваа област.

Глетка од областа Каршијак во околината на селата Добри Дол и Ракотинци зад јужната падина на Водно
Предел во областа Каршијак, помеѓу селата Сопиште и Усје

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Областа Каршијак се наоѓа во јужниот дел на Скопската Котлина, јужно и југоисточно од градот Скопје. Таа ги опфаќа двете падини на планината Водно, и јужната и северната и басените на Маркова Река и Кадина Река. Каршијак на југ се граничи со етногеографската област Гроот, на североисток се спушта до реката Вардар и е отворена кон Скопското Поле и етногеографската област Блатија, на север границата оди покрај реката Вардар и ја одделува оваа област од етногеографската област Скопски Дервен. На запад покрај Сува Гора и Караџица е одделена од Горно Порече. Областа Каршијак е претежно ридско-планинска, само во делот околу реката Вардар и сливот на Маркова Река е претежно рамничарска. Највисока точка е врвот Солунска Глава, 2540 метри надморска височина.

Самиот рејлеф довел до природно издвојување на три под-области, а тоа се: басенот на Маркова Река, басенот на Кадина Река и северната падина на Водно. Понатаму, басенот на Маркова Река, поради рејлефот, населението во минатото го поделило на уште две целини: Горни села и Долни села. Поради миграционите процеси во текот на XVIII век и доселувањето на македонски-муслимански семејства во делот на Горни села, се издвојува уште една целна, Торбешија.

Горни Села се тие што го зафаќаат ридскиот предел, помеѓу левата страна на Маркова Река и јужните падини на планината Водно. Долни села се тие што се наоѓаат во рамничарските предели на Скопското Поле или на границата помеѓу полето и ридот (Драчево, Студеничани). Торбешија е област која ги опфаќа селата кои се наоѓаат околу горното течение на Маркова Река, претежно планинската област околу Караџица и Китка.

Села и населби во Каршијак[уреди | уреди извор]

Денес, целата област е поделена на 8 општини, кои се дел од Скопскиот Регион. Општините Аеродром, Кисела Вода, Студеничани и Сопиште, целосно се наоѓаат во областа Каршијак, додека пак општините Зелениково, Сарај, Карпош и Центар се делумно во оваа област.

Села и населби под Општина Аеродром:

Села и населби под Општина Кисела Вода:

Села под Општина Сопиште:

Села под Oпштина Студеничани:

Села под Општина Зелениково:

Села под Општина Сарај:

Села и населби под Општина Карпош:

Населби под Oпштина Центар:

Поделба на Каршијак во минатото


Во минатото, според локалните жители областа била поделена вака[1]:

Села на северната падина на Водно[2]:

Горни Села[3]:

Долни Села[4]:

Торбешија[5]:

Села во сливот на Кадина Река[6]:

Население[уреди | уреди извор]

Бројот на населението на областа Каршијак е драстично зголемен поради самата близина до градот Скопје, па така од некогашните 15455 жители во 1900 година, областа Каршијак денес брои над 212000 жители, пред сè поради големиот број на жители на градските населби Кисела Вода, Карпош, Водно, Црниче, Пржино, Аеродром, Лисиче, но и на селските населби како Драчево, Студеничани, Батинци, Горно Лисиче, Долно Лисиче, Сопиште и Припор. Како и во минатото и денес, оваа област е етнички мешана, односно Македонци се 79%, Албанци 10%, Турци 2% и останати. Населението на Каршијак е исто така составено од христијани и муслимани.

Во минатото бројот на Албанци и муслимани бил многу повисок, бидејќи денешните населби околу градот Скопје не постоеле. Околу 1900[7], етничкиот состав бил следниот: 6412(41%) Македонци-православни, 6231(40%) Албанци-муслимани и 2725(18%) Македонци-муслимани.

Населението на Каршијак било познато по своите карактеристични: говор, носија и обичаи.

Поврзано[уреди | уреди извор]

  • Каршијак — истоимена област во мелничкиот дел на Малешевијата, Пиринска Македонија

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Хаџи-Васиљевиќ, Јован (1930). Скопље и његова околина. стр. 182–183.
  2. Трифуноски, Јован (1955). Сеоска насеља Скопског поља.
  3. Трифуноски, Јован (1958). Слив Маркове Реке. стр. 125–157.
  4. Трифуноски, Јован (1958). Слив Маркове Реке. стр. 97–124.
  5. Трифуноски, Јован (1958). Слив Маркове Реке. стр. 158–188.
  6. Трифуноски, Јован (1952). Поречието на Кадина Река. стр. 57–108.
  7. K`нчов, Васил (1900). Македонија. Етнографија и статистика.