Каруново богатство

Од Википедија — слободната енциклопедија
Сад од Лидиското богатство пронајдено кај Ушак

Каруново богатство – име дадено на колекцијата од 363 вредни лидиски артефакти кои датираат од 7 век пр.н.е. со потекло од покраината Ушак, кое било предмет на правна битка меѓу Турција и Музејот на уметноста Метрополитен меѓу 1987 и 1993 година и кое им било вратено на Турција во 1993 година откако музејот признал дека знаел дека предметите биле украдени кога ги купиле. Колекцијата е позната и под алтернативното име Лидиско благо. Предметите се изложени во Археолошкиот музеј Ушак.

Колекцијата повторно била во сензационални вести во мај 2006 година кога било откриено дека клучен предмет, златен хипокамп, изложен во музејот Ушак заедно со остатокот од колекцијата, бил заменет со кривотворен, веројатно меѓу март и август 2005 година[1].

За колекцијата се користи и трет термин „Крезово богатство“. Иако артефактите биле временски блиски до Крез, останува дискутабилно дали истите треба да бидат директно поврзани со легендарниот лидиски крал. Крезовото богатство имало последици врз голем број азиски култури, слично на неговата слава во западните култури, и се нарекува или „Карун“ (арапски, персиски и урду, турски) или Корах, исто така со митските пропорции на неговото богатство, паралелно со изразот на англиски јазик „богат како Крез“.[2] Ова го објаснува воспоставувањето на терминот „Каруново богатство“, и во секој случај, богатството на кралот Крез се состоело од 363 предмети и гробница тумул каде повеќето артефакти биле откриени (потекнуваат од блиски но различни локации) била на жена.[3]

Откривање и шверцување[уреди | уреди извор]

Главниот и најскапоцениот дел од богатството доаѓа од гробницата на лидиска принцеза откриена со нелегални ископувања што ги извршиле тројца трагачи по богатство од селото Гуре во близина на Ушак, во чија близина се наоѓала гробницата, на наоѓалиштето наречено Топтепе. Копајќи со денови и не можејќи да ја пробијат мермерната ѕидарија на вратата на гробницата, тие со динамит го разбиле покривот на гробницата во ноќта на 6 јуни 1966 година, и биле први, по 2600 години, што ја виделе погребаната лидиска благородничка и нејзините богатства. Богатството ограбено од оваа гробница беше збогатено со понатамошни наоди од истите луѓе во други тумули во наоѓалиштето во текот на 1966-1967 година. Колекцијата била прошверцувана вон Турција во посебни пратки преку Измир и Амстердам, за да биде купена од страна на музејот Метрополитен помеѓу 1967 и 1968 година, по фактурирана цена од 1,2 милиони долари за 200 парчиња од колекцијата.[4]

Правна битка[уреди | уреди извор]

Напорите на последователните турски влади за враќање на колекцијата биле иницирани од самиот почеток и се ределе сè до заклучокот на новинарот Озген Аџар.[5] Аџар првпат се посомневал во некои парчиња од колекцијата во каталогот од музејот Метрополитен во 1984 година и го информирал Министерството за туризам и култура на Турција за нивното јасно потекло. Исто така напишал неколку статии и ги следел бирократските канали во Турција со инсистирање во целата афера. Тој дејствувал како доброволен пратеник на министерството во рамките на судскиот случај започнат во Њујорк во 1987 година сè до неговото решение во 1993 година,[6] во исто време бил именуван за консултант во учеството на Турција во работата што ја спроведувало УНИДРОА (UNIDROIT) во врска со заштитата на историското, културното и верското наследство. Името Аџар исто така е синоним за Турција за пронаоѓање на уште еден комплет шверцувани археолошки предмети, наречен „Елмалиско богатство“, според местото на нивното потекло, градот Елмали во југозападна Турција, и кој вклучувал лидиски монети и исклучително ретки декадрахми кои датираат од периодот на Делскиот Сојуз, со Бостонскиот музеј на ликовни уметности како негова спротивставена страна.[7]

Случајот на музејот Ушак[уреди | уреди извор]

Јасната потреба од музеј достоен на богатството било изразено откако артефактите се вратиле во Турција.[8] Со одземањето од страна на властите на уште десет други нелегално ископани артефакти во 1998 година, понатамошните археолошки откритија и познатото присуство на осум златни дела што се појавиле во 2000 година за време на изложбата во приватна галерија за Париз, за која допрва треба да се прават обиди за враќање, веќе била собрана убава базна колекција која се состоела од вкупно 375 парчиња. Но, малиот музеј во Ушак, каде што била поставена збирката, повеќе се фокусирал на складирање на ушачките теписи и работел во услови на буџетски и кадровски ограничувања,[9] не ги исполнил целосно условите за чување на Карунското богатство. Сомнежите за соодветноста на локацијата биле засилени со поднесување на моментално нерешени правни дејства против персоналот на музејот во врска со кражбата во 2007 година. Поранешниот директор на музејот останал единствената личност што сè уште бил во притвормеѓу десетте првично обвинети во случајот околу замената на хипокампот со лажен.

Проклетство на богатството[уреди | уреди извор]

Во Ушак и пошироко имало гласини дека богатството е поврзано со проклетство. Легендата вели дека седуммината кои учествувале во нелегалните ископувања „умреле со насилна смрт или претрпеле голема несреќа“.[10]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Croesus riches replaced by fakes“. British Broadcasting Corporation.
  2. Карун и п неговото богатство се споменати во Коранот ("[28:76] до [28:82]"). Во персиската митологија, на која можат да се поврзат останатите цитати, „Богатството на Карун“ е богатство за кое велат дека постојано се движи под земјата. Фразата „Харта Карун“ (буквално Крезово богатство), исто така се користела на малајски јазик како збор за ' 'богатство' ' и е синоним за терминот ' 'закопано богатство' '. „Ganj-e-Qarun“ (Крезово богатство) исто така бил ирански филм снимен во 1965 година од страна на Сијамак Јасами и широко познат како еден од класиците на иранската кинематографија. Филмот ја раскажува приказната за еден многу богат човек кој се обидува да изврши самоубиство, а потоа наоѓа среќа во едноставноста на домот на сиромавиот.
  3. Nezih Başgelen. „The rich kings of the thousand hills, Lydians“ (PDF). http://www.serfed.com. Turkish Ceramic Federation. Архивирано од изворникот (PDF) на January 22, 2007. Посетено на 2005-07-01. Надворешна врска во |website= (help)
  4. „Uşak-New York“. http://www.tayproject.org (турски). TAY Project. Посетено на 2001-04-01. Надворешна врска во |website= (help)
  5. Michel Bessières. „We have to change the buyer's attitude“. UNESCO Courrier. Архивирано од изворникот на 2001-07-23. Посетено на 2001-04-01.
  6. Thomas Adcock. „The Art Theft Experts“ (PDF). New York Law Journal. Архивирано од изворникот (PDF) на 2006-10-31. Посетено на 2006-02-24.
  7. „Elmalı treasure“. Museum Security. Архивирано од изворникот на 2000-08-23.
  8. Özgen Acar. „Croesus: The poverty of treasure“. Cumhuriyet. Посетено на 2003-07-21.
  9. Бројот на експерти кои работеле во турските музеи се преполовил од 1.500 до 750 во последните десет години. „Croesus: Ten people charged in Croesus theft case“. Turkish Daily News. Архивирано од изворникот на 2006-07-17.
  10. Constanze Letsch (25 November 2012). „King Croesus's golden brooch to be returned to Turkey“. The Guardian.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]