Карун
| Карун کارون | |
| Река | |
Карун во Ахваз | |
| Земја | Иран |
|---|---|
| Покраини | Чахар Махал и Бахтијари, Хузестан |
| Градови | Шуштар, Ахваз, Хоремшехр |
| Извор | Зардкух |
| - место | Загрос, Хузестан |
| Утока | Шат ел-Араб (Арвандруд) |
| - местоположба | Хоремшехр |
| - височина | 0 м |
| Должина | 950 км |
| Слив | 65.230 км2 |
| Истек | во Ахваз |
| - просечен | 575 м3/с |
| - максимален | 2.995 м3/с [1] |
| - минимален | 26 м3/с [1] |
Карун (персиски: کارون) — најполноводна и единствена пловна река во Иран. Долга 720 км и извира во плаинната Зардкух во венецот Загрос. По течението ѝ се приклучуваат повеќе притоки како Дез и Кухранг, пред да помине низ Ахваз, главен град на покраината Хузестан.
По Ахваз, течението продолжува кон Персискиот Залив, подвојувајќи се во две растоки во делтата: Бахманшир и Хафар што му се приклучува на Шат ел-Араб (пер. Арвандруд) и се влева во Персискиот Залив. Меѓу двата ракава е сместе важниот остров Абадан. Хафар го дели пристанишниот град Хоремшехр од островот.
Реката е спомената во Библијата под името „Фисон“[2] — една од четирите реки на Еденската градина (Рајот). Другите три се Тигар, Еуфрат и Керхе („Улај“[3] или „Гихон“). Во времето на Македонското Царство, реката се нарекувала Паситигар, што е веројатно етмолошки врзана со библиското име Фисон. Средновековното (и денешно) име Карун доаѓа од „Кухранг“, која денес се однесува на една од поважните притоки на реката.
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Шат ел-Араб (Арвандруд)
- Загрос
Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 „Karun River at Ahvaz“. River Discharge Database. Center for Sustainability and the Global Environment. 1965–1984. Посетено на 2010-03-15.CS1-одржување: датумски формат (link)
- ↑ Битие 2:11 Архивирано на 11 март 2016 г. — Македонска Библија
- ↑ Даниел 8:2 Архивирано на 11 март 2016 г. — Македонска Библија