Карта на Буонсињори

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мапа.

Картата на Буонсињори (италијански - Pianta del Buonsignori или Carta del Buonsignori) била аксонометриска карта на градот Фиренца, направена како офорт во 1584 година, а подоцна повторно издадена во 1594 година. Нацртана и именувана по оливетанскиот монах Стефано Буонсињори, гравирана од Бонавентура Билокарди и уредена од Џироламо Франчески. Еден од примероците од 1594 му припаѓа на Музејот на Фиренца и виси во просториите за локална историја во Палацо Векио.

Буонсињори бил официјален картограф и космограф на Франческо I и Фердинанд I. Тој ја направил картата користејќи го погледот од неговиот манастир на Монте Оливето, гледна точка што ја користи и современата Пјанта дела Катена. Првото издание од 1584 година било посветено на Франческо I, а изданието од 1594 вклучувало неколку нови градби, како што се Фонтаната на Нептун, Коњаничкиот споменик на Козимо I на Палацо дела Сињорија и првите утврдувања на она што ќе стане Белведере.