Карпо Аќимовиќ Година

Од Википедија — слободната енциклопедија
Карпо Аќимовиќ Година
Роден 26 јуни 1943
Скопје, Кралството Југославија
Националност Словенец и Македонец
Занимање кинематографер, монтажер, режисер, сценарист

Карпо Аќимовиќ Година или Карпо Година (26 јуни 1943, Скопје) — словенечки режисер, сценарист, кинематографер, монтажер.[1] Тој е еден од најпознатите претставници на „црниот бран“ во југословенскиот филм — творечко, филмско, сценаристичко и режисерско движење кое се занимавало со социјални, економски и идеолошки теми, особено во периодот од 1964 и 1973 година, со главни центри Белград, Загреб и Љубљана. Неговиот филм „Вештачки рај“ бил прикажан во 1990 година на Канскиот филмски фестивал.[2]

Животопис[уреди | уреди извор]

Роден е 1943 година во Скопје. Неговата мајка била Милена Година, југословенска и словенечка театарска и филмска глумица. Татко му бил Македонец.[3] Студирал на Академијата за театар, радио, филм и телевизија на Универзитетот во Љубљана, а дипломирал во 1966 година. Тој ја започнал својата кариера во раните 1960-ти со аматерски филмови, а првите признанија ги добил на меѓународни манифестации и фестивали посветени на краткометражни и документарни филмови. Како директор на фотографија или кинематографер, бил ангажиран во повеќе од дваесет филмови а режирал телевизиски серии и кратки филмови. Прв позначаен ангажман како директор на фотографија или кинематографер ја имал во 1969 година, во филмот „Рани дела“ чии сценарист и режисер бил истакнатиот Желимир Жилник[4]. За исто така антологискиот филмот „Сплав медуза “ ја добил Прешерновата награда за неговиот ангажман како директор на фотографија, во 1980 година. Покрај својата работа како директор на фотографија, тој има режирано и напишано сценарија за голем број кратки и документарни филмови. Од 1990 година предава филмска режија на Академијата за театар, радио, филм и телевизија на Универзитетот во Љубљана[5].

Филмографија[уреди | уреди извор]

Директор на фотографија[уреди | уреди извор]

Режисер[уреди | уреди извор]

Филмски монтажер[уреди | уреди извор]

Сценарист[уреди | уреди извор]

Награди[уреди | уреди извор]

  • Награда на југословенската режија и критика (1980, 1983)[7]
  • Бадјурова награда (1980, 1982)
  • Награда на кралскиот филмски архив на Белгија (1980), за филмот Сплав медуза
  • Награда на жирито на француските филмски медиуми (1984), за филмот Црвениот буги
  • Златна арена за монтажа (1990), за филмот Вештачки рај
  • Награда Underground spirit (2013)
  • Награда Берт (2016)
  • Штигличевата награда (2018)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Karpo Godina was born in Skopje
  2. „Karpo Godina“. Архивирано од изворникот на 2020-03-13. Посетено на 2020-03-30.
  3. Drugi so sanjali o Milji, jaz sem jo pa imel на семрежното место на дело
  4. „Karpo Godina“. Архивирано од изворникот на 2019-09-18. Посетено на 2020-03-30.
  5. „Manaki Brothers“. Архивирано од изворникот на 2021-05-22. Посетено на 2020-03-30.
  6. filmografija
  7. nagrade

Библиографија[уреди | уреди извор]

  • Filmkollektiv Frankfurt, ed. (2013). On the cinema of Karpo Godina or A book in 71383 words, 225 pages, ISBN 978-3-00-044161-5.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]