Прејди на содржината

Карол Дејна

Од Википедија — слободната енциклопедија

Карол Дејна (10 ноември 191115 април 2004) – полски јазичар и славист.

Во 1930 година завршил во гимназијата „Јулиуш Словацки“ во Тарнопол. Студирал полска филологија на универзитетот „Јан Кажимјеж“ во Лавов, каде што дипломирал во 1935 година. До 1941 година работел како учител во лавовските средни училишта. Од 1945 година бил поврзан со универзитетот во Лоѓ, првично како асистент, а потоа како доцент (во 1947 одбранил докторат, а во 1952 бил хабилитиран), заменик-професор (1951–1954) и професор (од 1954). Од 1954 бил вонреден професор, а од 1962 – редовен професор. Во 1983 година станал дописен член на Полската академија на науките, а од 1989 – нејзин редовен член. Од 1993 бил дописен член на Полската академија на знаењата. На универзитетот во Лоѓ ја извршувал функцијата на проректор (1956–1959), заменик-директор на Институтот за полска филологија (1970–1979), а во 1988 година добил почесна титула доктор honoris causa.

Од 1956 бил член на комитетот за лингвистика при Полската академија на науките, долгогодишен (од 1976) претседател на дијалектолошката комисија. Во периодот 1985–1989 бил заменик-претседател на одделот на Полската академија на науките во Лоѓ. Бил член на Лоѓското научно друштво, претседател на првиот оддел на ова здружение, потпретседател и уредник на „Расправи на јазичната комисија на Лоѓското научно друштво“. Бил лауреат на повеќе стручни награди, нахдрадата на градот Лоѓ (1982), научната награда на Лоѓското научното друштво (1985). Ја добил и почесната титула на заслижен на наставник на Полската народна република.

На планот на научната работа, се занимавал со словенската дијалектологија. Бил автор на повеќе од 100 научни трудови, меѓу кои:

  • Polsko-laskie pogranicze językowe na terenie Polski (1951-1952)
  • Gwary ukraińskie Tarnopolszczyzny (1957)
  • Atlas gwarowy województwa kieleckiego (1962-1968)
  • Dialekty polskie (1973)
  • Atlas polskich innowacji dialektalnych (1981)
  • Atlas gwar polskich. Kwestionariusz - notatnik (1987)
  • Słownik gwary czeskiej mieszkańców Kucowa (1990)
  • Z zagadnień ewolucji oraz interferencji językowej (1991)