Каролина Ајхлер
| Маргарета Каролина Ајхлер | |
|---|---|
| Роден(а) | 1808 или 1809 г. |
| Починал(а) | 6 септември 1843 Берлин, Германија |
| Националност | Прусинка (германска) |
| Занимање | Пронаоѓач |
| Познат(а) по | Пронаоѓач на првата практична модерна протеза за раце |
Маргарета Каролина Ајхлер (родена во 1808 или 1809 година; починала на 6 септември 1843 година во Берлин) — германски пронаоѓач, производителка на инструменти и дизајнерка на протези. Таа била првата жена во Прусија што добила патент (за протеза за нога) и исто така била пронаоѓач на првата практична модерна протеза за раце.
Биографија
[уреди | уреди извор]Каролина Ајхлер е родена во 1808 или 1809 година, веројатно во Нордхаузен[1] или Берлин, како трета ќерка на сликарот Јохан Готлиб Ајхлер. Во тие денови, на жените обично не им било дадено да продолжат со високо образование или чиракување, и иако не е пронајдена документација што го опишува нејзиното школување, нејзината работа покажува познавање на физиката и техничката механика. Околу 1826 година Ајхлер работела како дадилка, а подоцна работела како медицинска сестра.[1]
Работа
[уреди | уреди извор]
Додека работела како медицинска сестра, Ајхлер била погодена од бедата на ампутираните лица, таа изјавила: „бев особено погодена кога, во текот на мојата работа како медицинска сестра, ги забележав разновидните страдања на таквите несреќни луѓе. (...) Затоа ја следев идејата за (...) измислување и претставување на машина што е способна да ја направи претрпената загуба на ногата на дотичниот човек помалку чувствителна и штетна.“[1]
Ајхлер го рекламирала протетското стапало и нога во самообјавен текст, во кој гордо објавила дека нејзиниот дизајн ја поминал инспекцијата од Јохан Фридрих Дифенбах, раководител на хирургијата во берлинската болница „Шарите“, кој известил за успешната употреба на протезата кај еден од неговите пациенти и „експлицитетно го пофалил дизајнот“.[1]
Таа продолжила со развојот на протези, создавајќи уште една за вештачка рака, за која исто така добила пруски патент на 24 ноември 1836 година. Ова било првата употреблива самостојна протеза за горен екстремитет. Потоа, Ајхлер започнала трговија во Берлин произведувајќи протези.[1]
На 30 октомври 1837 година, Каролина Ајхлер се омажила за механичарот Фридрих Едуард Карл Краузе[1] од Билефелд. Подоцна се развела од него, но дури и по разводот, Краузе постојано „изнудувал пари од неа“. Вечерта на 6 септември 1843 година, Краузе повторно дошол во станот на Ајхлер во Берлин, барајќи пари, и за време на расправија, според кривичниот извештај, Краузе ја убил со зашилена турпија. Таа починала на 34 години.[1]
Врз основа на нејзиното искуство како медицинска сестра, Ајхлер придала големо значење на практичната употребливост на уредот.[2][3] Дотогаш, било вообичаена практика протетските нозе да се поставуваат директно на трупот, што ја оневозможувало долготрајната употреба.[1][4] Спротивно на ова, Ајхлер ја дизајнирала нејзината протеза да се постави на трупот откако тој ќе биде цврсто завиткан со завои, а потоа со кожена инка. Потоа протезата била повлечена преку завоите и обесена преку рамото со ремен што бил прикачен на предната и задната страна на инката за да се избегне непотребен притисок врз трупот на бутот.[4]
Рецепција
[уреди | уреди извор]
Експерти од пруското Министерство за лекови и Министерството за трговија и индустрија ја подложиле протезата на опсежно испитување пред конечно да да и доделат десетгодишен патент на Ајхлер на 23 ноември 1833 година.[1] Ајхлер добила препораки и од бројни лекари, вклучувајќи ги и оние од Генералштабот, Јохан Вилхелм фон Вибел, како и Јохан Фридрих Дифенбах, кој бил раководител на хирургијата во болницата „Шарите“ во Берлин.[4]
Според авторите од тоа време, протезите на Ајхлер претставувале значаен развој во однос на движењето кај лицата со ампутирани екстремитети, особено во споредба со другите дизајни, и долго време служеле како модел и стандард за дизајните што следеле.[4]
Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 3 4 5 6 7 8 9 Curter, Maria. „Die vergessene "Verfertigerin" (neues deutschland)“. www.neues-deutschland.de (германски). Посетено на 2020-08-22.Curter, Maria. "Die vergessene "Verfertigerin" (neues deutschland)". www.neues-deutschland.de (in German). Retrieved 2020-08-22.
- ↑ „Beschreibung und Abbildung eines neuerfundenen künstlichen Fusses: zum Ersatze des Ober- und Unterschenkel: Eichler, Margarethe Caroline“. Internet Archive (германски). Посетено на 2020-08-22.
- ↑ „Prostheses by Ambroise Pare“. www.todayinsci.com. Посетено на 2020-08-23.
- 1 2 3 4 Schmidt's Jahrbücher der in- und ausländischen gesammten Medicin (германски). Wigand. 1862. стр. 115.