Карневал на душите (филм од 1962)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Карневал на душите (англиски: Carnival of Souls) - американски филм од 1962 година, во режија на Херк Харви, според сценариото на Џон Клифорд. Главните улоги ги толкуваат: Кендес Хилигос, Сидни Бергер, Стен Левит, Кари Конбој, итн.

Синопсис[уреди | уреди извор]

Три девојки се тркаат со автомобилот со група момчиња, но автомобилот паѓа во реката. Полицијата безуспешно се обидува да го пронајде автомобилот и кога сите мислат дека девојките се удавени, една од нив, Мери Хенри (ја игра Хилигос) ненадејно излегува жива од водата. Набргу, таа одлучува да го напушти родниот град и се сели во Јута, каде свири оргули во една црква. Во куќата во која живее како потстанар, таа се запознава со момчето Џон Линден (го игра Бергер) кој упорно настојува да ја освои. Уште при самото доаѓање во градот, на Мери ѝ се јавува страшно привидение: непознат мртов човек - зомби (го игра Конбој) кој има некакв врска со напуштениот забавен парк во близината на градот. Откако неколку пати ќе се соочи со него, луѓето околу неа мислат дека таа е луда и наскоро таа ја губи работата во црквата. Истовремено, одвреме-навреме, Мери ја губи врската со реалниот свет, т.е. одненадеж го губи слухот, а луѓето не го забележуваат нејзиното присуство. Случајно, таа го запознава докторот Семјуелс (го игра Левит) кој се интересира за нејзиниот случај. Најпосле, Мери одлучува да го посети напуштениот забавен парк и таму здогледува голема група зомби, а меѓу нив се наоѓа и таа самата. Потоа, зомбите почнуваат да ја бркаат и успеваат да ја фатат. Утредента, полицијата, докторот и свештеникот доаѓаат во забавниот парк и ги пронаоѓаат нејзините траги на песокот, но на едно место, трагите едноставно исчезнуваат, а од Мери нема никаков знак. Филмот завршува така што, во родното место на Мери, полицијата успева да го извлече автомобилот од реката, а во него се наоѓаат трите мртви девојки, меѓу кои се наоѓа и Мери.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]