Кармело Ентони

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Шаблон:Pp-semi-blp

Кармело Ентони
Carmelo Anthony March 2013.jpg
Ентони со Никси во март 2013 година
број 7 – <span style="Грешка во Lua во package.lua, ред 80: module 'Module:College color/data' not found">Њујорк Никс
Крило
Лични информации
Роден намај 29 1984 (1984-05-29) (35 г.)[1]
Бруклин, Њујорк
НационалностАмериканец
Височина6 ст 8 ин (2.03 м)
Тежина230 lb (104 kg)
Информации за кариера
Средно училиштеКатоличкото средно училиште Тосон
Академијата Оук Хил
КолеџСиракјуз (2002–2003)
НБА драфт2003 / Круг: 1 / Избор: 3-ти вкупно
Одбран од Денвер Нагетс
Професионална кариера2003–сѐ уште
Историја на кариера
Шаблон:NbayШаблон:NbayДенвер Нагетс
Шаблон:Nbay–presentЊујорк Никс

Кармело Киам Ентони (англиски: Carmelo Kyam Anthony) (роден на 29 мај, 1984) со прекар „Мело“ е американски професионален кошаркар кој игра за „Њујорк Никс“ во Националниот кошаркарски сојуз (НБА). После успешната средношколска кариера во Католичкото средно училиште „Тосон“ и академијата „Оук Хил“, Ентони студираше на Универзитетот Сиракјуз каде што ги водеше „Портокаловите“ до нивната прва титула во 2003 година. Ја доби наградата за Најневеројатен играч и беше именуван за најдобар играч од Истокот во НЦАА. После една сезона во Универзитетот Сиракјуз, Ентони го напушти колеџот за да влезе во НБА-Драфтот во 2003 година, каде што беше избран за трет пик од страна на Денвер Нагетс. Неколку дена пред затворањето на предодниот рок во 2001 година, Мело бeше пратен во Никс.

Откако влегол во НБА, Ентони станал еден од најпознатите и најпопуларни играчи во лигата.Беше именуван во петторката на најдобри млади играчи, шест пати беше избран во All-Star тимот и пет пати во најдобрата петторка на НБА. Ентони ги водеше Нагетси до две дивизиски титули и во плејофот секоја година од 2004 до 2010 година. Во 2009 година, им помогна на Нагетси да стигнат до конференциското финале по прв пат после 1985 година. Како член на Американскиот национален тим, Ентони освои бронзен медал на Олимпијадата во 2004 година и златни медали на Олимпијадите во 2008 и 2012 година. На 2 август, 2012 година, Кармело Ентони го собори американскиот олимписки рекорд во постигнати поени на натрпевар кога постигна 37 поени против Нигерија.

Ран живот и средношколски денови[уреди | уреди извор]

Ентони е роден во Бруклин, Њујорк Сити. Татко му е Порториканец, а мајка му Афро-Американка. Татко му, по кого бил крстен, умрел од рак кога Ентони имал само две години. Кога Ентони наполнил осум години, неговото семејство се преселило во Балтимор, каде што не ги развил само своите атлетски способности, туку и способностите за преживување. Кени Мајнор, еден од пријателите од детството на Ентони рекол: „Од дрога, до убивање, до сѐ најлошо што можете да замислите, ние го преживеавме тоа. Таквите работи те учат на цврстина и како ментално да се концентрираш на своите цели“. Спортот служел како одвратување од насилството и дрогата кое се случува во предградијата, само на неколку улици од домовите на Ентони и неговите пријатели.

Ентони учел во Католичкото средно училиште Тосон во првите три години од средношколството. За време на летото 1999 година, Ентони пораснал 13 центиметри и одеднаш станал еден од најдобрите играчи во околината и многу се прославил. Тогаш ги добил наградите за најдобар играч на годината во 2001 година, како и играч на годината во Католичката лига во Балтимор. За време на втората година, во проесек имал по 14 поени, 5 скока, 4 асистенции и 2 украдени топки по натпревар. Неговото училиште имало рекорд од 26 победи и 3 порази и завршило трето на државното првенство. Ентони уживал во успешната средношколска кошаркарска кариера како јуниор и скоро ги удвоил своите бројки во поени и скокови со по 23 поени и 10,3 скока во просек. И покрај успешната година, Ентони бил премногу возбуден поради сето внимание и неколку пати бил суспендиран поради бегање од часови. Скаутите од НБА ретко го забележувале поради неговата слаба градба и недостатокот на сила. Тие сметале дека не е подготвен за физичките барање на НБА-лигата. На крајот, Католичкото средно училиште Тосон не успеало да ја освои државната титула, ама тој сепак бил именуван за најдобар играч во округот Балтимор, за најдобар играч во државата и за најдобар играч во Католичката Лига во Балтимор.

После третата година, тренерите од Првата дивизија застанале во ред да го регрутираат Ентони во училиште на источниот брег, во кои спаѓале Универзитетот од Северна Каролина и Универзитетот Сиракјуз. За разлика од играчите како Кевин Гарнет, Џермејн О’Нил, Коби Брајант, Трејси Мекгрејди или Амари Стадемаер, тој одлучил рано да изјави дека после средно училиште, ќе се запише на Универзитетот Сиракјуз. Бидејќи оценките на Ентони паднале до 3-ка во просек, и неговиот резултат на последниот испит биле под прифатливите стандарди, тој знаел дека мора да се подобри на предавањата за да се квалификува академски за Суракјуз. Последната година, мајка му размислувала да го префрли во некое друго училиште. Ентони прво мислел да оди во Воената академија Вирџинија Харгрејв, ама откако разговарал со Стив Смит, кошаркарскиот тренер на Академијата Оук Хил, се префрлил таму. За време на летото 2001 година, Ентони го одвел Комбинираниот тим од Балтимор до фајнал-форот на „Adidas Big Time Tournament“ во Лас Вегас, Невада. Ентони го привлекол вниманието на НБА бидејќи постигнувал по 25,2 поени во просек на турнирот, на кој присуствувал и Амари Стадемаер. Мело играл на Американскиот кошаркарски фестивал за развој на младите каде што му помогнал на тимот од Истокот до го освои сребрениот медал. По бројот на поени во просек на турнирот, тој се изрмнил со Леброн Џејмс со по 24 поени и шутирал со 66% успешност од поле. На тој турнирм Мело и Џејмс станале пријатели.

Академијата Оук Хил ја започнала сезоната 2001-2002 после серија од 42 победи. Првата турнирска победа дошла во Интернационалниот турнир Лес Сваб против средното училиште Матер Деи од Санта Ана, Калифорнија, а Мело ја добил наградата за најдобар играч на турнирот. Оук Хил освоиле уште два важни турнира: турнирот организиран од Најк каде што го победиле дотогаш прво-пласираното средно училиште Вестчестер и очекуваната утакмица против средното училиште Сент Винсент – Сент Мери од Акрон, Охајо, каде што Ентони се соочил со средношколскиот феномен Леброн Џејмс. Џејмс постигнал 36 поени, а Мело 34 и 11 скокови и помогнал во победата на Оук Хил со 72 – 66. Тимот ја завршил сезоната на третото место во државата со рекорд од 32 победи и еден пораз кој го добиле во реваншот против Матер Деи, кои ја завршиле нивната серија без пораз на 67. Тој во просек постигнувал 21.7 поени, 8,1 скокови и 4 асистенции за Оук Хил и бил именуван во Најдобриот тим според „USA Today“ и „Parade“. Бил избран да игра во„Jordan Brand Classic“, каде што постигнал 27 поени, и во натпреварот организиран од „McDonald's“ во 2002 година, каде што играл со идните согирачи од Ники Рејмонд Фелтон и Амари Стадемаер. На тој натпревар постигнал 19 поени и победил во натпреварот по забивање. Неговата изведба на овие натпревари му ја зголемила репутацијата па затоа бил прогласен за најдобар средношколец во генерацијата од 2002 година од страна на „HoopScoop“, втор најдобар според „College Basketball News“ и трет според „All-Star Sports“. Поради неговите проблеми со финалниот испит, неговото семејство и неговите пријатели се прашувале дали Ентони ќе ги заборави плановите да се запише во Сиракјуз и ќе оди во НБА. Но во април успеал да го постигне потребниот резултат и сепак решил да се запише на колеџ. Во април 2009 година, тој бил именуван во најдобриот тим на деценијата според ESPN и за еден од 35-те најдобри американски спортисти според „McDonald's“ во јануари 2012 година.

Кариерата на колеџ[уреди | уреди извор]

Ентони играл една сезона за универзитетот Сиракјуз, за време на сезоната 2002-2003 и во просек постигнувал во 22,2 поени и 10 скокови. Тој ги водел „Портокаловите“ до нивната прва титула во НЦАА-лигата.Тој го водел својот тим во поени по натпревар, скокови, одиграни минути по натпревар, поени од поле и слободни фрлања. 33-тепоени против Универзитетот од Тексас бил рекорд во постигнати поени од страна на бруцош. Во финалето против Универзитетот од Канзас, Мело имал 20 поени и 10 скокови. За својот напор во оваа сезона, Кармело ја освоил титулата на Најневеројатен играч. После тоа, Џим Бохајм, тренерот на Сиракјуз, го опишал Ентони како „дефинитивно најдобриот играч во колеџ-кошарката.“ Рекол дека таа сезона ниту еден играч не бил ни блиску до него.

Ентони изјави дека планирал да остане во Сиракјуз две или три сезони, ама бидејќи веќе постигнал сѐ што си зацртал, решил да ја остави колеџ-кариерата и се пријавил како слободен за НБА-Драфтот во 2003 година. Некои од најдобрите достигнувања на Мело додека бил во Сиракјуз се прогласувањето за член на Вториот американски тим од „Associated Press, го водел својот тим до рекорд од 30 победи и 5 порази, ја освоиле првата титула и бил избран за Бруцош на годината. Исто така бил именувн во првиот тим на Истокот и Бруцош на годината во Источната конференција.

Кариерата во НБА[уреди | уреди извор]

Прва сезона[уреди | уреди извор]

Кариерата во НБА на Ентони започнала на 26 јуни, 2003 година, кога беше избран како трет пик на драфтот од страна на Денвер Нагетс. Беше избран зад Леброн Џејмс (Кливленд Кавалирс) и Дарко Миличиќ (Детроит Пистонс). Дебито во НБА-лигата му беше на 29 октомври, 2003 година во победата од 80 -72 против Сан Антонио Спарс. Мело заврши со 12 поени, 7 скокови и 3 асистенции. Во шестиот натпревар (7 ноември против Лос Анџелес Клиперс) Ентони постигна 30 поени и стана вториот најмлад играч во историјата на НБА што постигнал 30 поени или повеќе на еден натпревар (19 дена и 151 ден; Коби Брајант е најмладиот). Тоа е најмалиот број на натпрвари кои му требале на еден руки да постигне 30 поени откако се оформила НБА-лигата. На 9 фебруари, 2004 година против Мемфис Гризлис, Мело стана третиот најмлад играч кој постигнал 1000 поени во кариерата во историјата на НБА, постигнувајќи 20 поени во победата од 86 -83.

На 13 февруари 2004 година, Кармело учествувал на Руки Челинџот на Ол-Стар Викендот. На 30 март, 2004 година, тој постигнал 41 поен против Сиетл Суперсоникс за да постави нов рекорд во Денвер Нагетс за највеќе поени постигнати на натпревар од страна на руки. Стана и вториот најмлад играч (19 години и 305 дена) кој постигнал најмалку 40 поени на еден натпревар. Откако ја доби наградата за Руки на месецот во западната конференција во април, Ентони стана четвртиот играч во историјата на НБА што ги освоил сите шест награди за Руки на месецот во една сезона. Другите тројца се Дејвид Робинсон, Тим Данкан и Леброн Џејмс. Мело два пати беше прогласуван за играч на неделата (10 март – 14 март и 6 април – 10 април) и беше избран во Првиот руки тим на сезоната. Ентони постигнуваше по 21 поен по натпревар во текот на сезоната, повеќе од сите други рукија. Беше втор во изборот за Руки на годината, зад Леброн Џејмс од Кливленд Кавалирс.

Кармело Ентони беше голем дел од промената на Денвер Нагетс од тим за потсмевање до конкурент во плејофот. Сезоната пред да биде драфтуван Ентони, Нагетси завршија со рекорд од 17 победи и 65 порази, а тоа ги израмни со Кливленд Кавалирс за најлош рекорд во НБА-лигата. Сезоната 2003-2004 ја завршија со 43 победи и 39 порази и се квалификуваа во плејофот како осмопласирани. Ентони стана првиот руки што го водел својот тим по поени по натпревари после Дејвид Робинсон ос Сан Антонио Спарс. Во плејофот, Нагетси се соочија со првопласираните Минесота Тимбервулфс во првата рунда. Во првиот меч на Ентони во плејофот, тој имаше 19 поени, 6 скокови и 3 асистенции во поразот од 106 – 92. Тимбервулфси ги елиминираа Нагетси во пет натпревари.

Сезоната 2004–2005[уреди | уреди извор]

Во втората сезона, Ентони во просек постигнуваше по 20,8 поени на натпревар и заврши како 19-ти во НБА.на 4 декември 2004 година, против Мајами Хит, Ентони стана третиот најмлад играч во историјата на НБА кој постигнал над 2000 поени. Само Џејмс и Брајант биле помлади од него кога го достигнале тоа. И оваа година Мело настапуваше во Руки-челинџот, каде пред домашните навивачи од Денвер постигна 31 поен, 5 скока, 2 асистенции и 2 украдени топки и беше избран за Најдобар играч на натпреварот.

Со помош на Ентони, Нагетс го подобрија сезонскиот рекорд за шест натпревари од претходната сезона, завршувајќи со 49 победи и 33 порази. Тие завршија на седмото место во Западната конференција, едно место погоре од предходната сезона. Нагетси се соочија со второпласираните Сан Антонио Спарс во првата рунда, победувајќи во првиот натпревар со 93 – 87. Сепак, Спарси победија на следните четири натпревари и ги елиминираа Нагетси од плејофот.

Сезоната 2005–2006[уреди | уреди извор]

Ентони на натпревар против Голден Стејт Вориорс за време не сезоната 2007–2008.

Ентони играше на 80 натпревари во текот на оваа сезона. Во просек постигнуваше по 26,5 поени (8-ми во НБА), 2,7 асистенции, 4,9 скокови и 1,1 украдена топка по натпревар. Неговото осмо место листата за најдобри стрелци беше највисокиот пласман за играч на Денвер Нагетс после сезоната 1990 – 1991, кога бекот на Нагетс Мајкл Адамс ја заврши сезоната како шести по поени на натпревар. На 23 ноември, 2005 година, кога Нагетси се соочија со двократните шампиони на Источната Конференција, Детроит Пистонс, Ентони го собра својот 1000 скок во кариерата. Еден месец подоцна, Мело постигна 45 поени (нов рекорд за него) во поразот од Филаделфија Севентисиксерс. На 17 март, 2006 година, против Мемфис Гризлис, тој постигна 33 поени и стигна до вкупно 5000 поени во кариерата. Со тоа, тој стана вториот најмлад играч кој го постигнал тоа, после Џејмс.При крајот на март, Нагетси завршија со скор од 11 победи и 5 порази и Ентони беше назначен за Играч на месец Март, Исто така ја освои и наградата за Играч на неделата за периодот меѓу 13 март и 19 март.

За време на сезоната, Мело постигнал даде пет коша за победа во последните пет секунди: Против Хјустон на 8 јануари, 2006 година, дома против Феникс на 10 јануари 2006 година, против Минесота на 24 фебруари, против Индијана на 15 март и дома против Лос Анџелес Лејкерс на 6 април. Сите пет кошеви беа од скок-шутеви, а против Минесота беше шут од линијата за три поени. Мело исто така погоди и во последните секунди за продолжение против Далас Маверикс на 6 јануари. Тој постигнуваше поени во последните 22 секунди против Кливленд Кавалиерс на 18 јануари 2006 година и против Филаделфија Севентисиксерс на 9 март, со кои Нагетси добија предност која не ја изгубија. Кармело беше прогласен за член на Третата најдобра петторка во НБА, заедно со Шон Мерион (Феникс Санс), Јао Минг (Хјустон Рокетс) Ален Ајверсон (Филаделфија Севентисиксерс) и Џилберт Аренас (Вашингтон Визардс).

Нагетси ја завршија сезоната на третото место, освојувајќи ја Северозападната дивизија за прв пат во кариерата на Ентони. Денвер со сочи со шестопласираните Лос Анџелес Клиперс во првата рунда од плејофот. Клиперси имаа предност на домашен терен, бидејќи ја завршија сезоната со подобра разлика. Клиперси победија на двата домашни натпревари, а Нагетси победија на првиот, а ја изгубија на вториот натпревар во Денвер. Нагетси потоа го изгубија петиот натпревар и беа елиминирани. После сезоната, Мело потпиша 5-годишен договор со Нагетси, вредем 80 милиони долари.

Сезоната 2006–2007[уреди | уреди извор]

Ентони додека настапуваше за Нагетси.

Во осмиот натпревар од сезоната (победа од 117- 109 против Торонто Репторс), Мело го израмни тимскиот рекорд за постигнување над 30 поени во шест натпревари по ред кој го држи Алекс Инглиш (од сезоната 1982-1983). Случајно, Алекс Инглиш беше сведок на израмнувањето на рекордот бидејќи тогаш беше помошен тренер за Репторси. Ентони не успеа да постави нов рекод во деветиот натпревар (победа над Чикаго Булс од 113-109) на 21 ноември, бдејќи постигна 29 поени. По победата над Чикаго, Ентони повторно го израмни клубскиот рекорд во постигнување над 30 поени на шест натрпевари по ред, но повторно не успеа да го скрши, бидејќи постигна 24 поени во шестнаесетиот натпревар таа сезона (пораз од Атланта Хокс) на 6 декември. За време на натпреварот во Медисон Сквер Гарден на 16 декември, Ентони беше еден од многуте играчи кои беа вклучени во срамната тепчка меѓу Никси и Нагетси. Снимките покаа дека Ентони го удрил Марди Колинс од Њујорк, а потоа се повлекол. Како резултат на неговите дејства, генералниот комесар Дејвид Стер го суспендираше Мело за 15 натпревари. Кратко потоа, Нагетси го трејдуваа Ален Ајверсон во обид да создадт смртоносна комбинација со Мело. Овие двајца прв пат играа заедно против Мемфис Гризлис на 22 јануари, бидејќи тогаш Ентони смееше да се врати од суспензијата. Кармело го заврши натпреварот со 28 поени, а со Ајверсон заедно имаа 51.

На 2 февруари 2007 година, Ентони и соиграџот Џ.Р. Смит имаа сообраќајна несреќа. Ниту еден од играчите не беше повреден во судирот. Единствената информација која ја даде тимот беше дека автомобилот кој го управувал Смит бил на Ентони. Три дена подоцна, Мело го постигна својот прв трипл-дабл со 31 поен, 10 скока и 10 асистенции во поразот од 113 – 108 против Феникс Санс. Кога беа најавени резервите за Западниот Ол-Стар тим, Кармело не беше вклучен. Сепак, поради поврдите на Јао Минг и Карлос Бузер, комесарот на НБА, Дејвид Штерн ги избра Ентони и Џош Хауард како замени. Ентони постигна 20 поени и 9 скокови на своето деби на Ол-Старот. Тој беше прв играч на Денвер Нагетс кој настапувал на Ол-Старот после Антонио Мекдајс во 2001 година.

Ентони три пати ја освои наградата за Играч на неделата оваа сезона (20-26 ноември, 27 ноември – 3 декември, 5-11 фебруари) и еднаш награда за Играч на месец август, откако ги водеше Нагетси до 10 победи и само 1 пораз и до шестото место на Западната конференција. Ентони ја заврши сезоната како втор најдобар стрелец во лигата зад Брајант со по 28,9 поени, 6 скока, 3,8 асистенции и 1,2 украдени топки по натпревар. Беше прогласен за член на Третата најдобра петторка во НБА втора година по ред заедно со Двејн Вејд (Мајами Хит), Чонси Билапс (Деторит Пистонс) Кевин Гарнет (Минесота Тимбервулфс) и Двајт Хауард (Орландо Меџик). Втор пат во три години, Мело и Нагетси се соочија со Сан Антони Спарс во првата рунда од плејофот. Во повторувањето од плејоф дуелот меѓу овие два тима во 2005 година, Нагетси го добија првиот натпревар, а потоа ги загубија следните четири. Нагетси беа елиминирани од плејофо во првата рунда четврта година по ред. Во серијата против Спарси, Мело во просек имаше 26,8 поени, 8,6 скокови, 1,2 асистенции и 1 украдена топка.

Сезоната 2007–2008[уреди | уреди извор]

На 24 јануари 2008 година, Ентони беше повикан на Ол-Стар натпреварот втора година по ред, прв пат како стартер. Тој заврши како прв во гласењето за крило на Западната конференција и втор воопшто зад Коби Брајант. На 8 фебруари, Ентони постигна 49 поени во победата од 111 – 100 над Вашингтон Визардс. Од поле шутираше со успешност од 0.760% и со тоа стана вториот најдобар процент во изминатите 13 години за играч кој шутнал повеќе од 25 пати во еден натпревар (Рекордот го држи Брајант со 0.769% успешност во победата против Хјустон Рокетс на 21 декември, 2000 година) На 27 март, во победата на домашен терен против Далас Маверикс, Ентони го постигна својот 9000 поен во кариерата. За време на регуларната сезона одигра 77 натпревари, завршувајќи како четврти најдобар стрелец во НБА со 25,7 поени, 7,4 скокови, 3,5 асистенции и 1,3 украдени топки по натпревар.

Нагетси ја завршија сезоната со точно 50 победи (50 победи и 32 порази, израмнет рекорд на третото место за Нагетси откако официјално се приклучија во НБА во 1976 година), во победата од 120 – 111 над Мемфис Гризлис. Тогаш, Нагетси, за прв пат после сезоната 1987-1988, завршија со најмалку 50 победи во сезона. Денвер завршија на осмото место во Западната конфернција, а нивните 50 победи го означуваат највисокиот број на победи за тим кој се наоѓа на осмото место во историјата на НБА. Тоа значеше и дека сите осум тима во плејофот во Западната конференција имаа најмалку 50 победи. Нагетси се соочија со првопласираните Лос Анџелес Лејкерс (57 победи и 25 порази) во првата рунда од плејофот. Седумте победи кои се разликата меѓу Лејкерси и Нагетси е најмалата разлика меѓу осмопласираниот и првопласираниот тим откако НБA почна да дозволува по 16 тима во плејофот во сезоната 1983-1984. Лејкерси остварија победа од 4-0, а тоа беше втор пат во историјата на НБА да тим со над 50 победи во регуларниот дел од сезоната, да биде исфрлен од првата рунда без ниту една победа. За време на серијата, Ентони постигнуваше по 22,5 поени, 9,5 украдени, 2 асистенции и 0,5 украдени по натпревар.

Сезоната 2008–2009[уреди | уреди извор]

Оваа сезона започна со размената на Ален Ајверсон и Чонси Билапс од Деторит Пистонс. На 10 декември 2008 година, во победата од 116-105 над Тимбервулфси, Мело се израмни со Џорџ Џервин во највеќе постигнати поени во една четвртина кога постигна 33 поени во третата четвртина. Џервин го постави рекордот кога се натпреваруваше против Дејвид Томпсон за титулата најдобар стрелец на последниот ден од сезоната 1977–197. Ентони шутираше 15 од 15 (80%) во третата четвртина и го заврши натпреварот со 45 поени, 11 скока, 3 асистенции и 4 украдени топки. На 4 јануари 2009 година, Ентони скрши коска во дланката во натпреварот против Индијана Пејсерс. Реши да му биде имобилизирана наместо да оди на операција и беше прогнозирано дека че му требаат 3-4 недели да се опорави. Мело вече пропушти три натпревари во декември поради повреда на лактот. Ентони се врати од повредата на 30 јануари 2009 година во натпреварот против Шарлот Бобкетс, во кој постигна 19 поени. Ентони беше суспендиран на еден натпревар од страна на Нагетси бидејќи одби да го напушти теренот откако тренерот Џорџ Карл го седна на клупа во натпреварот против Индијана Пејсерс.

Нагетси ја освоија Северозападната дизивија и завршија како втори во Западната конференција со тимски рекорд од 54 победи и 28 порази. Ентони ја завршија сезоната со 22,8 поени по натпревар. Откако изгубија во пет настапи во ред во плејофот (2004-2008) на 29 април, 2009 година, Ентони победи во својата прва плејоф- серија кога Нагетси ги победија Њу Орлеанс Хорнетс во пет натпревари во првата рунда. Потоа ги пораазија и Далас Маверикс со 4-1 во конференциското полуфинале. Во третиот натпревар, Мело погоди тројка во последната секунда за победа со два разлика. Денвер продолжи во конференциското финале, но беа елиминирани од Лос Анџелес Лејкерс со 4-2, на роденденот на Ентони.

Сезоната 2009–2010[уреди | уреди извор]

Ентони на подготвителен натпревар против Индијана Пејсерс во Тајван.

Во првите два натпревара од оваа сезона, Ентони постигна вкупно 71 поен (30 во првиот натпревар против Јута Џез и 41 против Порталнд Треилблејзерс). Мело стана еден од тројцата играчи во историјата на Нагетси кој ја започнал сезоната со над 70 поени после првите два натпревари; се израмни со Ник Ван Ексел, а пред нив е само легендарниот Алекс Инглиш кој два пари го постигна тоа, во 1985 година (79) и 1988 година (74). Таа сезона, Нагетси прв пат ја започнаа сезоната со два порази од 1987 година. Во третиот натпревар, Ентони постигна 42 поени, станувајќи првиот Нагет кој постигнал над 40 поени на два натпревари по ред после Мајкл Адамс во 1991 година. Со тоа, прв пат после 1985 година, Нагетси имаа скор од 3-0 после првите три натпревари. Во ноември, Мело беше избран за Играч на неделата и Играч на месецот во Западната конференција, водејќи ги Нагетси до 12 победи и 5 порази.

Во петнаесетиот натпревар од регуларната сезона против Минесота Тимбервулфс, Ентони го започна натпреварот како лидер во лигата во поени по натпревар (30.2) и беше единствениот играч во лигата кој постигнал најмалку 20 поени во секој натпревар. Натпреварот го заврши со 22 поен, кој му беше 15-ти по ред со најмалку 20 поени по натпревар, и со тоа го скрши предходниот тимски рекорд на Инглиш од 14 натпревари. Следниот натпвревар, Ентони постигна 50 поени (највеќе во кариерата) во победата против Њујорк Никс, а неговиот соиграч Чонси Билапс додаде 32 поени, и со тоа станаа само третото дуо во историјата на НБА кое постигнало по најмалку 50 и 30 поени. Два дена подоцна, Ентони постигна 19 поени во првата четвртина во поразот од Минесота Тимбервулфс. На 21 јануари 2010 година, Ентони беше избран за стартер на Ол-Стар натпреварот за Западната конференција. Тоа му беше трет настап на Ол-Старот, а втор како стартер. Натпреварот го заврши со 27 поени и 10 скокови во поразот тимот на Источната Конференција.

Во првиот натпревар после Ол-Стар натпреварот, Нагетси им гостуваа на Кливленд Кавалирс во долгоочекуваниот натпревар бидејќи Кавалирси имаа серија од 13 победи по ред. Леброн Џејмс постигна трипл-дабл учинок со 43 поени, 13 скока и 14 асистенции, а Ентони 40 поени, 6 скока и 7 асистенции во победата во продолжението со кошот на Мело преку Џејмс на 1,9 секунди пред крајот, завршувајќи ја победничката серија на Кавалирс. На 26 март 2010 година, Ентони даде кош со последниот свиреж за победа против Торонто Репторс Нагетси ја завршија регуларната сезона со 53 победи и 29 порази, освојувајќи ја Северозападната дивизија втора година по ред. Во плејофот, тие со соочија со Јута Џез. Во првиот натпревар, Ентони постигна 42 поени (рекордни за него во плејоф-натпревар). Со ова постигнување, тој се израмни со тимскиот рекорд за поени на плејоф-натпревар кој го држи Алекс Инглиш. Сепак, Нагетси ја загубија серијата со 4-2, а Мело во просек постигнуваше по 30.7 поени, 8,5 скокови, 3,2 асистенции и 2 украдени топки.

Сезоната 2010–2011[уреди | уреди извор]

Мело како член на Нагетси.

Сезоната 2010-2011 започна со шпекулации бидејќи неколку извори најавија дека Ентони побарал размена. Мело одби да потпише продолжување на договорот кое му го понудија од Нагетси. Изворите исто така пренесуваа дека Ентони сака да замине во Њујорк Никс, а за него се интересираа и Њу Џерси Нетс, Хјустон Рокетс и Атланта Хокс. Барањето за размена не беше исполнето и тој ја започна сезоната како член на Нагетси. На 15 ноември 2010 година, Ентони имаше 20 поени и 22 скокови (највеќе во кариерата) против Феникс Санс. На 26 номеври 2010 година, Мело погоди шут за победа со звукот на сирената во натпреварот против Чикаго Пулс. Во декември 2010 година, Ентони пропушти 5 натпревари, вклучувајќи го и натпреварот на Божиќ, поради смртта на сестра му Мишел. Во тимот се врати во натпреварот против Кингс на 1 јануари 2011 година.

На 22 февруари 2011 година, Ентони, заедно со Чонси Билапс беше трејдван во Њујорк Никс во договор кој ги вклучуваше и Минесто Тимбервулфс. Ентони одбра да го носи дресот со бројот 7 за Никси, бидејќи неговиот поранешен број 15 беше повлечен како број на Ерл Монро и Дик Мегваер. Првиот натпревар на Ентони за Никси беше победата од 114-108 против Милвоки Бакс, во кој постигна 27 поени и 10 скокови. По купувањето на Мело, Никси се квалификуваа за плејофот како шесто пласирани на Истокот и и играа против Бостон Селтикс. За време на серијата, Никси имаа проблеми со повреди бидејќи Амари Стадемаер и Чонси Билапс се повредија. Во вториот натпревар против Бостон, Ентони постигна 42 поени, 17 скокови и 6 асистенции во поразот на Никси. Никси на крајот ги изгубија сите четири натпревари и испаднаа од плејофот.

Сезоната 2011–2012[уреди | уреди извор]

Ентони во март, 2012 година

Оваа сезона започна со нови очекувања, бидејќи му беше прва целосна сезона на Ентони во Њујорк. Сепак, Никси имаа проблеми во текот на сезоната бидејќи тимот се мачеше со повреди. Самиот Ентони пропушти 11 натпревари. Никси ја почнаа сезоната со 18 победи и 24 порази, а тоа доведе до отпуштање на тренерот Мајк Дентони. Се претпоставува дека и Ентони имал улога во отпуштањето на тренерот бидејќи не му се допаѓаше неговиот напаѓачки стил на игра. Мајк Вудсон го замени Дентони и тоа доведе до подобрување во играта на Ентони. На Велгден, Ентони го имаше најдобриот настап во дресот на Никси и постигна 43 поени, од кои две важни тројки за победа против Чикаго Булс. Под Вудсон, Никси ја завршија сезоната со 18 победи и 6 порази, многу од подобро од скорот кој го имаа под водство на Дентони.

Никси се квалификуваа за плејофот како седмопласирани во Источната конференција и се соочија со идните шампиони, Мајами Хит. За време на серијата, Никси беа “осакатени“ од повреди, како за време на регуларната сезона. Тајсон Чендлер имаше грип за првиот натпревар, Иман Шамперт ги скина вкрстените лигаменти, Барон Дејвис ги скина лигаментите на коленото, а Амари Стадемаер си ја исече дланката откако удрил бокс во противпожарен апарат после пораз. Плус, Џереми Лин го скина менискот пред почетокот на плејофот. И покрај повредите, Ентони успеа да ги води Никси во првата победа во плејофот после 2001 година. Во натпреварот, Ентони постигна 41 поен. По крајот на сезоната, Мело беше изгласан во Третата најдобра петторка во НБА.

Сезоната 2012–2013[уреди | уреди извор]

На 3 декември 2012 година, Ентони беше прогласен за Играч на неделата во Источната конференција за периодот од 26 ноември до 2 декември 2012 година. Во тој период, Ентони ги водеше Никси до скор од 3 победи и 1 пораз и во просек постигнуваше по 29,5 поени, 8 скокови и 1,3 блокови. Мело постигна над 30 поени во два натпревари. Во победата над Феникс Санс од 106-99, Ентони постигна 34 поени и додаде 6 скокови, 2 асистенции, 2 блокади и една украдена топка.

На 7 јануари 2013 година, Ентони ја доби втората награда за Играч на неделата за натпреварите одиграни во периодот од 31 декември 2012 година до 6 јануари 2013 година. Во тој период, тој го водеше тимот до скор од две победи и еден пораз и имаше по 36 поени во просек по натпревар. Таа недела, Мело два пати постигна над 40 поени, првите во поразот од Портланд (45 поени, 7 скокови, 4 асистенции)на 1 јануари, а потоа во победата над Орландо (40 поени, 6 скокови и 6 асистенции) на 5 јануари.

На 9 јануари 2013 година, Ентони беше суспендиран еден натпревар поради расправијата со Кевин Гарнет на 7 јануари.

На 30 јануари 2013 година, во натпреварот против Орландо Меџик, Ентони постави тимски рекорд за 30 натпревари по ред со постигнати над 20 поени, кршејќи го стариот рекорд на Ричи Гуерин. Ентони подоцна го продолжи рекордот на 31 натпревар откако постигна 25 поени во победата против Милвоки Бакс.

На 31 март 2013 година, Мело постигна 24 поени и 10 скокови во победата против Бостон Селтикс. Со победата, Никси ја добија сезонската серија против Селтикс (3-1), за прв пат после сезоната 2003-2004.

На 2 април 2013 година, Ентони постигна 50 поени во победата против Мајами Хит. Следната ноќ постигна 40 поени во победата против Атланта Хокс, а потоа 41 поен против Милвоки Бакс, станувајќи првиот играч на Никси после Бернард Кинг кој постигнал над 40 поени три натпревари по ред. Исто така, стана и третиот играч во историјата на НБА кој постигнал над 40 поени на три натпревари по ред со шут поле од најмалку 60%, придружувајќи им се на Кинг и Мајкл Џордан.

На 7 април 2013 година, Ентони постигна 26 поени и 12 скокови во дванаесетата победа по ред во победата над Оклахома Сити Тандер. Тоа беше 50-тата нивна победа таа сезона, постигнување кое го немаа остварено 13 години. Тој постигна 36 поени, а Кевин Дурант 27 и така го презема водечкото место во трката за титулата за најдобар стрелец.

На 8 април 2013 годиа Ентони беше прогласен за Играч на неделата во источната конференција. Ентони ги предводеше Никси во скор од 4 победи како дел од нивната серија од 12 победи во низа. Во тој период, во просек постигнуваше по 41,8 поени по натпревар.

На 9 април 2013 година, Ентони остана во форма и повторно постигна 36 поени и стана првиот член на Никс после Кинг кој на пет натпревари по ред постигнал најмалку 35 поени. Тоа беше и 51-вата победа на тимот, 13-та во низа и тие ја освоија првата титула во Атлнтската дизија после сезоната 1993-1994 година. Ниту еден играч немаше постигнато најмалку 35 поени на 5 натрпевари по ред после Коби Брајант во сезоната 2006-2007.

На 11 април, 2013 година, победничката серија на Никси заврши со поразот од Чикаго Булс. И покрај поразот, Ентони постигна 36 поени и 19 поени и постави тимски рекорд за постигнати најмалку 35 поени на шест натпревари по ред.

На 15 април, Ентони повторно ја освои наградата за Играч на месецот во Источната конференција. Таа недела тој во просек постигнуваше по 32 поени и 11,5 скокови.

Кармело Ентони ја освои титулата за најдобар стрелец во НБА со 28,7 поени во просек, откако Кевин Дурент реши да не го одигра последниот натпревар од регуларната сезона.

По затворањето на регуларната сезона, Ентони беше прогласен за Играч на месецот во Источната конференција за месец Април. Така Мело ја прекина серијата на Џејмс, кој ги освои претходните пет месечни награди.

На 3 мај 2013 година, Ентони постигна 21 поен со 7 скокови, 5 асистенции, 2 украдени топки и 1 блок во победата над Селтикси во шестиот натпревар од првата рунда од плејофот. Тоа беше првата победена серија на Никси после 2000 година (За време на периодот на Патрик Јуинг и Латрел Спривел). За време на серијата, Ентони постигнуваше во просек 29,2 поени по натпревар.

Сезоната 2013-2014[уреди | уреди извор]

Во ноември 2014 година, на мечот против „Шарлот“, кој „Никс“ го добиле со 96-93, Кармело Ентони постигнал 28 поени, со што ја преминал границата од 20.000 поени во кариерата, како шест најмлад играч кој го постигнал овој успех. Притоа, како играч на „Денвер Нагетс“, тој постигнал 13.790 поени, а остатокот ги постигнал во дресот на „Њујорк Никс“.[2]

Сезоната 2014-2015[уреди | уреди извор]

Во февруари 2015 година, Ентони предвреме ја завршил сезоната поради повреда на коленото. Претходно, поради здравствените проблеми, тој одиграл само девет натпревари во 2015 година. Инаку, дотогашниот биланс на Ентони во целата сезона изнесувал: 24,2 поени, 6,6 скока и 3,1 асистенции по натпревар.[3]

Настапи за националниот тим на САД[уреди | уреди извор]

Ентони шутира слободни фрлања како член на Националната репрезентација на САД на Летната олипијатада во 2012 година.

Ентони беше еден од 12-те играчи кои беа одбрани во Националниот машки јуниорски кошаркарски тим летото 2002 година. Тој беше член на тимот кој освои бронзен медал на Јуниорското светско првенство во Венецуела. Тој беше стартер на сите 5 натпревари и во просек постигнуваше по 15,6 поени иако играше по само 22,2 минути по натпрвар. Исто така тој имаше во просек по 6,2 скокови, 1,8 асистенции, 1,2 украдени топки и 0,2 блокови. Ентони имаше 15 поени и 9 скокови во победата од првата рунда против Доминиканската Репбулика. ПОстигна 21 поен и 7 скокови во победата против Мексико. Во третата рунда, Мело имаше клучна улога во победата од 75-73 со 23 поени против Аргентина. Во поразот во полуфиналето од домаќинот Венецуела, Ентони имаше 13 поени и 10 скокови. Американскиот тим го освои бронзениот медал со победата над Аргентина од 71-65. Тимот беше воден од менторот од Орегон, Ерни Кент.

После првата сезона во НБА, Ентони, заедно се Леброн Џејмс и Двејн Вејн беа избрани да бидат членови на Олимпискиот кошаркарски тим заедно со ветераните Ален Ајверсон, Стефон Марбери и Тим Данкан кои го освоија бронзениот медал на Олимпијата во Атина во 2004 гоина. Тој во просек имаше по 2,4 поени, 1,6 скокови и 6,8 минути по натпревар и настани на седум од осум натпревари.

Во 2006 година, Ентони беше назначен за заемник-капитен (заедно со Џејмс и Вејд) на Американската репрезенација на Светското кошаркарско првенство. Репрезентацијата ја освои бронзената медала. На 23 август, Мело постави рекорд во постигнати поени по натпревар (35) во победата над Италија. Рекордот претходно го држеше Кени Андерсон со 24 поени во 1990 година. Мело беше избран за член на Најдобрата петторка на светското првенство со 19, 9 поени и 3,7 скокови во просек. На 16 јануари 2006 година, Ентони беше избран за најдобар американски спортист после настапите на Светското првенство.

Ентони беше член и на Американската репрезентација на Американското кошаркарско првенство. Репрезентацијата беше непоразена, а тој заврши како тимски водач по постигнати поени на натпревар со 21,2 поени во просек. Во целото првенство, тој заврши како втор, зад Леандро Барбоса од Бразил. Ентони исто така имаше и по 5,2 скока, 1,4 асистенции 0,7 украдени топки и 0,3 блокади. Тој го израмни претходниот рекорд од 28 поени поставен од Ален Ајверсон, но Џејмс подоцна го скрши и него, кога постигна 31 поен во победата против Аргентина.

Мело учествуваше и на Олимпијадата во Пекинг во 2008 година, каде играше заедно со Леброн Џејмс, Двејн Вејд, Коби Бранат, Џејсон Кид и други. Во полуфуналната победа против Аргентина, Ентони постигна 13 од 13 слободни фрлања, поставувајќи американски олимписки рекорд по бројот на постигнати слободни фрлања и нивно успешно остварување. Во финалето, САД го порази светскиот првак Шпанија, а Ентони постигна 13 поени. На Олимпијадата, Ентони постгнуваше во просек по 11,5 поени, 4,3 скокови и 1 украдена топка.

Ентони, заедно со Џејмс учествуваа и на Летната Олимпијада оддржана во Лондон во 2012 година. Тоа му беше трета Олимпијада по ред (2004, 2008, 2012) и им се придружи на Џејмс И Дејвид Робинсон (1988, 1992, 1996) како единствени американски кошаркари кои настапиле на три Олимпијади. Ентони играше на сите 8 натпревари. Во просек постигнуваше по 16,3 поени, 4,8 скокови и 1,3 асистенции. Во победата од 156-73 над Нигерија, Ентони постигна 10 од 12 тројки и со тоа постави олимписки рекорди за број на постигнати тројки и број на обиди за три поени, кои му помогнаа да постигне 37 поени и да постави и американски олимписки рекорд во поени на натпревар (кршејќи го рекордот од 31 поен на Стефон Марбери поставен во 2004 година). Американската репрезентавија го освои златниот медал, победувајќи ја Шпанија со 107-100.

Контроверзии[уреди | уреди извор]

Во 2004 година, Ентони беше уапсен за поседување на марихуана, откако инспекторите на Интернационалниот аеродром во Денвер нашле марихуана во неговиот ранец. Подоцна обвиненијата беа отфрлени откако Џејмс Канингем, пријател на Ентони признал дека марихуаната е негова. Истата година, Ентони се појави во видеото насловено како, „Stop Snitchin'“, кое ги предупредуваше жителите на Балтимор кои соработувале со полицијата дека ќе се соочат со насилство. Подоцна, Ентони се оддалечи од видеото. Во 2006 година, Тајлер Брендон Смит, пријател на Мело, беше застанат во возилото на Ентони и беше уапсен за поседување марихуана и прекршување на три сообраќајни закони. Подоцна во истата година, Ентони учествуваше во тепачката меѓу Нагетси и Никси за време на натпреварот во Медисон Сквер Гарден. Поради тоа, беше суспендиран на 15 натпревари.

На 14 април 2008 година, Ентони беше уапсен под сомнение за возење под дејство на алкохол. Полицискиот портпарол изјави дека Ентони, кој бил сам во автомобилот, паднал на неколку тестови за пијаност. Подоцна беше казнет и пуштен од полициската станица. Судењето беше закажано за 14 мај. Нагетси го суспендираа Ентони на два натпревари поради апсењето. Поради тоа бил осуден на една година условна казна, 24 часа социјална работа и казна од 1000 долари.

Приватен живот[уреди | уреди извор]

Ентони има двајца браќа, Робер и Вилфорд и полу-сестра Дафни. Тој имаше и уште една сестра, Мишел, која почина во 2010 година. Мајка му Мери е Афро-Американка, а татко му Порториканец. Во 2004 година, Ентони се вери со Ла Ла. Нивниот син, Киан Кармело Ентони се родени на 7 март 2007 година. Ентони и Лала се венчаа на 10 јули 2010 година во Њујорк Сити пред 320 гости. Тој живее во Апер Вест Сајд.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „NBA.com: Carmelo Anthony Player Info“. NBA.com. конс. 2008-07-08. 
  2. „Ентони напиша историја со 20.000 поени во НБА“, Дневник, година XVIII, број 5608, вторник, 4 ноември 2014, стр. 23.
  3. „Мело ја заврши НБА-сезоната“, Дневник, година XIX, број 5697, петок, 20 февруари 2015, стр. 20.