Карл Штефан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Карл Штефан (германски: Karl Stephan, р. 11 ноември 1930 година во Сарбрикен, Германија) е германски универзитетски професор по технолошка термодинамика и термално индустриско инженерство.

Живот[уреди | уреди извор]

Во 1956 година, Штефан дипломира на отсекот за машинско инженерство при Техничкиот Универзитет во Карлсруе, каде го добива и својот докторат во 1959 година и хабилитација (venia legendi, пост-докторско академско звање) во 1963 година. Целото постдипломско образование му е во областа на термодинамиката.

Од 1963 година до 1967 година бил раководител на одделот за топлински и флуидни технологии при Манесман АГ во Дујсбург. Во периодот 1967-1970, се враќа во академските кругови и станува професор и директор на Институтот за термодинамика при Техничкиот Универзитет во Берлин. Во 1970 се сели на запад и до 1975 е професор на Институтот за термодинамика и динамика на флуиди на Рурскиот Универзитет во Бохум. Конечно, од 1975 до 1996 година, Штефан е професор и директор на Институтот за технолошка термодинамика и термално индустриско инженерство при Универзитетот во Штутгарт. Во 1996 година, тој го добива звањето професор во пензија. Неговото истражување се фокусира на основните процеси во енергетиката, особено транспорт на топлина и маса во системи со повеќе делови, како и термофизичките својства на овие системи; заштеда на енергија преку претворање на топлината, како и пренос на топлина и маса во кондензациски и процеси на вриење. Штефан добил почесни докторати од Техничкиот Универзитет во Берлин и Универзитетот „Мартин Лутер“ во Хале-Витенберг. Тој е еден од основачите на Берлинската академија на науките и бил нејзин член до распаѓањето во 1990 година. Тој е полноправен член на Берлинско-бранденбуршката академија на науките (порано позната како Пруска академија на науките) и член на Германската академија за наука и инженерство (acatech).[1] Од 1971 до 1985 година Штефан бил член на сенатот, одбор на директори и одборот на доверители на Германската фондација за истражувања.

Награди и признанија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Карл Штефан на листата на членови при acatech, обновено на 20.