Прејди на содржината

Карл Урбан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Карл Урбан
Урбан во 2022 г.
Роден(а)Карл-Хајнц Урбан
7 јуни 1972(1972-06-07)(53 г.)[1]
Велингтон, Нов Зеланд
ОбразованиеЦрковно училиште „Свети Марко“, Велингтонски универзитет „Викторија“
Занимањеглумец
Активен период1990—
СопружникНатали Вихонги (в. 2004; разведени 2014)
ПартнерКејти Сакхоф (2014 — 2018)
Деца2

Карл-Хајнц Урбан (англиски: Karl-Heinz Urban; р. Велингтон, 7 јуни 1972 г.) — новозеландски филмски и телевизиски глумец, најпознат по улогите на Судијата Дред во британскиот филм „Дред“, д-р Леонард Мекој во „Ѕвездени патеки“, Еомер во трилогијата „Господарот на прстените“, Цезар и Купидон во серијата „Зина: Принцезата воин“, Косачот во филмот „Пропаст“, како и по улогата на Били Бучер во серијата „Момците“.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Карл-Хајнц Урбан е роден во новозеландскиот град Велингтон, во семејство на германски емигрант, сопственик на кожарска работилница. На осумгодишна возраст, за првпат се појавил во телевизиски емисии. Учел во црковно училиште, а се запишал на Викторијанскиот универзитет во Велингтон, кој не успеал да го заврши поради неговата кариера во кино што брзо се развивала.

Неговата прва филмска улога била во полициската драмска серија „Ајкула во паркот“ во 1991 г. Во 1993 г., на Карл му била понудена улога во серијата „Шортланд стрит“. Во средината на 1990-тите, се приклучил на глумечката екипа на американските телевизиски серии „Зина: Принцезата воин“ и „Херкул: Легендарните патувања“, кои се снимале низ целиот свет. Важна улога за кариерата на Карл била улогата на земјоделец во „Цената на млекото“ (2001), благодарение на која го препознале гледачите ширум светот.

  1. „Miami Herald: Search Results“. 7 јуни 2009. Архивирано од изворникот на 16 јули 2022. Посетено на 27 април 2013.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]