Карл Адолф Агард
Карл Адолф Агард (23 јануари 1785 во Бестад, Шведска - 28 јануари 1859 во Карлштад) ― шведски ботаничар специјализиран за алги, кој на крајот бил назначен за епископ на Карлштад.
Биографија
[уреди | уреди извор]Во 1807 година бил назначен за професор по математика на Универзитетот Лунд, во 1812 година за професор по ботаника и природни науки,[1] и бил избран за член на Кралската шведска академија на науките во 1817 година и на Шведската академија во 1831 година.
Тој бил ракоположен за свештеник во 1816 година, примил две парохии и бил претставник во свештеничката комора на шведскиот парламент во неколку наврати од 1817 година. Тој бил ректор на Универзитетот Лунд од 1819 до 1820 година, и бил назначен за епископ на Карлштад во 1835 година, каде што останал до неговата смрт.[2] Карл Агард е татко на Јаков Георг Агард, исто така ботаничар.
Дела
[уреди | уреди извор]Карл Агард посветил значително внимание на политичката економија и како „водечки либерал“, тој „успеа да ги подобри и подигне стандардите на образованието во Шведска“. Тој пишувал и за теолошки и други теми, но неговиот углед главно се темели на неговите ботанички дела, особено „Systema algarum“[3], „Species algarum rite cognitae“[4] и „Classes plantarum[5] за таксономија, како и „Icones Algarum“ (1824, 1820–1828 и 1828–1835). Неговиот Прирачник за ботаника е од 2 тома, издаден во Малме, 1829–1832 година.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑
. The American Cyclopædia. 1879. - ↑ Eriksson 1970.
- ↑
- ↑
- ↑ Agardh 1825.
- ↑ „Автори“. Меѓународен индекс на растителни имиња. (англиски)