Карло Нерво

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Карло Нерво
Carlo Nervo
Лични податоци
Роден на 29 октомври 1971 (1971-10-29) (43 г.)
Роден во Басано дел Грапа, Италија
Висина &100000000000001800000001,80 м
Позиција среден ред
Младинска кариера
Басано Виртус
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1988–1989 Басано Виртус 31 (5)
1989-1990 Монца 0 (0)
1990-1991 Басано Виртус 29 (3)
1991-1992 Читадела 31 (3)
1992-1994 Мантова 62 (8)
1994-2005 Болоња 311 (34)
2005-2006 Катанцаро 18 (0)
2006-2007 Болоња 26 (2)
2008 Виргиљо ? (?)
Репрезентација
2002-2004 Италија 6 (0)
* Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Карло Нерво (роден во Басано дел Грапа, на 29 октомври 1971) е италијански политичар и поранешен фудбалер, играч од средниот ред.

Кариера[уреди | уреди извор]

Фудбалер[уреди | уреди извор]

По потекло од Солања, Нерво почнал да игра фудбал во Г.С.Р. Солања каде по две години се преселил во Басано, каде тој го направил своето деби меѓу професионалците во 1988 со Басано Виртус. По првите неколку сезони во неговата професионална кариера со Басано, Монца (без ниту еден настап), и Читадела, во 1992 потпишал за Мантова, останувајќи таму за две години.

Во 1994 Нерво бил купен од страна на Болоња, тимот за кој играше постојано за 11 сезони (од 1994- 95 до 2004 - 05), години во кои ја докажал својата вредност како многу квалитетен разигрувач на топката, со фантастичен нос за гол, до повикот во италијанската репрезентација. По краток период во текот на сезоната 2005-06, кога тој играл за Катанцаро, играчот се вратил да ја заврши својата професионална играчка кариера во Болоња. Тој се обиде да му помогне на клубот во кој помина најголем дел од својата кариера да се врати во Серија А, но во сезоната 2006-07 Болоња завршила на 7. место во Серија Б и останал без промоција. Нерво ја завршил сезоната со 2 гола во 26 настапи, а потоа во јуни 2007, одлучил да се пензионира. Тој е трет со играч по бројот на официјални натпревари (417) во дресот на Болоња , а пред него се само Џакомо Булгарели и Тацио Реверси.[1].

Титули[уреди | уреди извор]

Италија Болоња[уреди | уреди извор]

Политичар[уреди | уреди извор]

На 7 јуни, 2009 бил избран за градоначалник на Солања ( VI), неговата родна земја.[2].

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]