Карли Смитсон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Карли Смитсон
Биографски податоци
Родено име Карли Сара Хенеси
Роден(а) септември 12 1983 (1983-09-12) (воз. 34 г.)
Даблин, Ирска
Потекло Сан Диего, Калифорнија,
САД
Жанрови поп, соул, рок
Занимања Пејачка, текстописец
Инструменти Вокал
Период на активност 1990–сега
Издавачи Independent (1993–1999)
MCA Records (1999–2002)
Universal Republic (2009–present)[1]
Соработници We Are the Fallen
Мреж. место www.CarlySmithson.com

Карли Смитсон (англиски: Carly Sarah Hennessy родена на 12 септември 1983 како Карли Сара Хенеси[2]) е ирска соул/поп рок пејачка-текстописец која беше финалсистката на шесто место на седмата сезона на American Idol. Во 2001 година Смитсон го издала својот прв студиски албум за MCA Records наречен Ultimate High. Смитсон била изфрлена од издавачката куќа во 2002 година. Плановите за нејзиниот Idol-соло албум пропаднале и сега таа е глвен вокал во американската рок група We Are the Fallen[3].

Биографија[уреди | уреди извор]

Ран живот и школување[уреди | уреди извор]

Смитсон е родена во Даблин, Ирска како дете на родителите Мари Мурај и Лук Хенеси[4][5].После шест месеци живеење во Даблин, Смитсон и нејзините родители заминале во Јоханесбург, Јужноафриканската Република. Таа живеела таму сè додека таа и родителите не се преселиле повторно во Даблин кога имала 4 години. Смитсон почнала да пее наоколу кога имала 4 години, а имала и мало искуство со глумењето. Таа била вклучена во реклама за Denny's Колбасицата три години, почнувајќи од петгодишна возраст. Во 1990 година Смитсон ја играла улогата на Младата Маријан (Young Marianne) во филмот Fools of Fortune[6]. Две години подоцна, во 1992 година таа глумела во Les Misérables како Little Cosette во Ирска. Кога имала десет години таа издала независно CD наречено Carly's Christmas Album кое беше издадено во Обединетото Кралство[6]. Кога Смитсон имала 14 години нејзините родители се развеле. Една година подоцна, таа и нејзиниот татко се преселиле во САД за Смитсон да развие музичка кариера. Смитсон била исфрлена од средното училиште каде што учела[4][5].

Личен живот[уреди | уреди извор]

После договорот на Смитсон со MCA Records таа решила да се одмори од музиката[7] . Таа се сретнала со нејзиниот маж Тод Смитсон, тату мајстор во Сан Диего. Тие живееле во Мариета, Џорџија, неколку години каде што Смитсон работела во ирски бар наречен Fado.

Кариера[уреди | уреди извор]

Ultimate High (1999–2001)[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Ultimate High.

Пред бракот со нејзиниот маж Тод Смитсон, Карли Смитсон (тогаш Карли Хенеси) издала албум за MCA Records наречен Ultimate High во 2001 година. MCA Records потрошиле 2 милиони долари на продукцијата и на промоцијата на првиот албум на Смитсон, а од него се продадени само 300 копии.

American Idol[уреди | уреди извор]

5 Сезона[уреди | уреди извор]

Смитсон учествувала на аудициите на петтата сезона на American Idol во Лас Вегас, Невада и анонимно била прифатена од судиите.

7 Сезона[уреди | уреди извор]

Во 2007 година, Смитсон повторно се пријавила на седмата сезона на American Idol.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Карли Смитсон на American Idol