Карик и Валја

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Необичните доживувања на Карик и Валја“ (руски: Необикновенные приключения Карика и Вали) е книга за деца од рускиот писател Јан Лари. Оригинално, книгата била објавена во 1960 година од Државното издаваштво на детска литература при Министерството за просвета на РСФСР. Книгата е објавена на македонски јазик од издавачката куќа „Детска радост“ во 1978 година (како седма книга од библиотеката „Ѕуница“), во тираж од 2 000 примероци. Преводот го извршила Тамара Арсовска, а автор на кориците и на илустрациите во книгата е Младен Туниќ. Македонското издание на книгата има 277 страници, но не е каталогизирано и не ја поседува меѓународната ознака ISBN.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Книгата се состои од 18 глави:[1]

  • Прва глава: Непријатен разговор со бабата; Мајката се обеспокојува; Џек ги следи пресните траги; Чудно откритие во кабинетот на професорот Енотов; Таинственото исчезнување на Иван Гермогенович.
  • Втора глава: Чудотворната течност, Чудното поведение на панталонките и сандалите; Необичното престорување во најобичната соба; Доживување на первезот од прозорецот; Карик и Валја се упатуваат на чуденсо патување.
  • Трета глава: Средба со воздушниот океан; Стрвниот авион; Падобранци без да сакаат; Доживувањата на Карик и Валја во големата бура; Подводниот затвор; Во шепите на осмокракото чудовиште.
  • Четврта глава: Професорот Енотов заминува во друг свет; Загатката на простата пајажина; Првиот лов; Оклопот и копјата; Стапица; Иван Гермогенович во опасност.
  • Петта глава: Во ропство на пајакот; Битка во подводниот затвор; Растение-скитник; Во тешка состојба; Карик наоѓа излез.
  • Шеста глава: Храбрите патници на водата; Чудни патници; Карик и Валја се пробиваат низ водените џунгли; Во потрага по храна; Децата наоѓаат прекрасни јаготки; На работ на пропаста.
  • Седма глава: Борба во подземната пештера; Животно со уши на нозете; Необична шума; Иван Гермогенович станува пилот; Неочекувана средба.
  • Осма глава: Спасување на давениците; Патот кон сандакот од фурнир; Живо вратниче на прозорецот; Патниците среќаваат стадо од бумбари; Тажни спомени; Нападот на воздушна жела.
  • Деветта глава: Тежок поход; Кафеана-бифе во тревните џунгли; Јуриш на шумската тврдина; Борба со мравките; Под печурките; Поплава.
  • Десетта глава: Мртвило во шумата; Барање на преноќиште; Валја наоѓа згоден хотел во шумата; Професорот напаѓа воден молец; Прва ноќ во новиот свет.
  • Единаесетта глава: Необичен воздух; Професорот ги чести децата со кајгана; Иван Гермогенович прави фабрика за алишта; Пчела Андреевна; Професорот и Карик исчезнуваат.
  • Даванаесетта глава: Во шепите на крилесто чудовиште; Патниците се среќаваат во земјен бокал; Дрвен Монблан; Живите конзерви; Карик и Валја се одделени од професорот.
  • Тринаесетта глава: Истоварување во непознато пристаниште; Повторно во ропство; Иван Гермогенович веднаш тргнува во потрага; Животно што дише со опашката; Ненадејно откритие.
  • Четиринесетта глава: Средба со осата амофил; Растение-месојадец; Занимливите разговори во енотеровата шума; Чудните кошнички; Дожд од умрени.
  • Петнасетта глава: Карик се запознава со мравји лав; Преноќевање во пештерата; Магацин од бумбари; Таинствени светлини; Необичен коњ; Нападот на мувите.
  • Шеснаесетта глава: Борба со мувите; Необичните едра; Очи на нозете; Тавтабитата што свири на виолина; Јавање на пчела.
  • Седумнаесетта глава: Чудна земја; Професорот се бори со пеперутка; Доживувањата на Карик и Валја во сандакот од фурнир; Скапа екофора; Професорот е спакуван; На патот кон стариот свет.
  • Осумнаесетта глава: Неочекуван напад; Биологијата беше од корист; Повторно дома; Возбудувања и радости на професорот Енотов; Бесмислени вести за слоновите и мувите.

За делото[уреди | уреди извор]

„Карик и Влја“ е научнофантастична и авантуристичка повест која, како низ огромно стакло што зголемува, го прикажува светот на растенијата и на инсектите. Од невнимание, децата Карик и Валја стануваат многу малечки и така започнува нивната необична и застрашувачка авантура. Меѓутоа, постепено, тие разбираат дека во нивниет раце се наоѓа најсилното оружје — знаењето — и со помош на професорот-биолог смело се борат против сите опасности.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Јан Лари, Карик и Валја, Скопје: Детска радост, 1978.
  2. Јан Лари, Карик и Валја, Скопје: Детска радост, 1978, стр. 277.