Кариерата на Сузан

Од Википедија — слободната енциклопедија

Кариерата на Сузан (француски: La carriere de Suzanne) - француски филм од 1963 година, во режија на Ерик Ромер, кој е и автор на сценариото. Главните улоги ги играат: Катрин Се (Catherine Sée), Филип Бузен (Philippe Beuzen) и Кристијан Шариер (Christian Charriere). Филмот е дел од циклусот „Морални приказни“.

Содржина[уреди | уреди извор]

Бертран е студент чиј најдобар другар е Гијом. Еден ден, Гијом ја освојува девојката Сузан која набргу му станува здодевна. Тогаш, Сузан повеќепати го кани Бертран да излезат заедно, а Бертран и Гијом ја злоупотребуваат нејзината добрина, зашто таа ги плаќа сметките во баровите и рестораните. Откако раскинува со Гијом, една ноќ, Сузан преспива кај Бертран, а тој утредента открива дека некој му ги украл парите. Бертран е убеден дека Сузан е виновна, а не знае дека Гијом е крадецот. На крајот, Сузан наоѓа ново момче, а Бертран го сфаќа тоа како нејзина одмазда кон него и Гијом.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]