Карел Чаславски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Карел Чаславски (28 јануари 1937 - 2 јануари 2013) - чешки филмски историчар и телевизиски водител. Чаславски работел како историчар во Националната филмска архива (Архив на народни филмови) на ЧешкаЧехословачка) од 1963 година до неговата смрт во 2013 година.[1]

Чаславски создал и бил домаќин на неколку телевизиски емисии, вклучувајќи ја долгогодишната „Во потрага по изгубеното време“, која се емитувала на чешката телевизија повеќе од дваесет години.[1] Во серијата „Во потрага по изгубеното време“, Чаславски претставувал, објаснувал и емитувал архивски филмови. Чаславски исто така е автор на двотомниот животописен серијал за чешките и чехословачките филмски глумци.

Чаславски починал во Прага на 2 јануари 2013 година, на 75-годишна возраст.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 „Film historian Karel Čáslavský dies aged 75“. Радио Прага. 2 јануари 2013. Архивирано од изворникот на 2013-02-25. Посетено на 8 ноември 2020.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]