Карел Фабрициус
| Карел Фабрициус | |
|---|---|
Автопортет (околу 1645 г.) | |
| Роден(а) | Карел Питерс Фабрициус 27 февруари 1622 Миденбемстер, Холандска Република |
| Починал(а) | 12 октомври 1654 (на 32 г.) Делфт, Холандска Република |
| Образование | Рембрант |
| Движење | Делфтска школа Златно време на холандското сликарство |
| Сопружник |
|
Карел Питерс Фабрициус (27 февруари 1622 – 12 октомври 1654) — холандски сликар кој бил ученик на Рембрант и работел во неговото студио во Амстердам. Фабрициус, кој бил член на Делфтската школа, развил свој уметнички стил и експериментирал со перспектива и осветлување. Меѓу неговите дела се „Поглед кон Делфт“ (1652; Национална галерија, Лондон), „Билбилчето“ (1654) и „Стражарот“ (1654).
Фабрициус починал млад, зафатен од експлозијата на магацинот за барут во Делфт на 12 октомври 1654 година, која уништила една четвртина од градот, заедно со неговото студио и многу од неговите слики. Само околу десетина од неговите слики биле зачувани.[1] Според Хаубракен, неговиот ученик Матијас Спорс и црковниот ѓакон Сајмон Декер починале со него, бидејќи во тоа време работеле заедно на слика.[1]
Галерија
[уреди | уреди извор]- Портрет на Абрахам де Потер (1649)
- Поглед кон Делфт (1652) истражувајќи претерана, панорамска перспектива
- Билбилчето (1654), покажува употребата на ладни хармонии на бои од страна на Фабрициус, деликатни светлосни ефекти и светла позадина
- Стражарот (1654)
- Млад човек со крзнена капа (1654), веројатно автопортрет
Список на дела
[уреди | уреди извор]- околу 1640 г. - Обезглавувањето на Јован Крстител, масло на платно, 149 x 121 см, Државен музеј, Амстердам
- 1643 г. - Воскресението на Лазар, масло на платно, Национален музеј, Варшава
- 1643 г. - Хера се крие за време на битката меѓу боговите и џиновите, масло на платно, Пушкински музеј, Москва
- 1643/45 г. - Агар и ангелот, масло на платно, 157,5 x 136 см, Колекција Лајден Њујорк
- околу 1644 г. - Портрет на седечка жена со марамче, Уметничка галерија на Онтарио, Торонто
- околу 1645 г. - Автопортрет, масло на панел, 65 x 49 cm, музеј Бојманс Ван Беунинген, Ротердам
- 1645–47 г. - Меркур и Аглаурос масло на платно, 72,4 x 91,1 см, Музеј на ликовни уметности во Бостон
- 1646–1651 г. - Девојка со метла, масло на платно, 107,3 x 91,4 см, потпишано како Рембрант, Национална галерија на уметности, Вашингтон
- 1649 г. - Портрет на Авраам де Потер, масло на платно, 68,5 x 57 cm, Ријксмузеј, Амстердам
- 1652 г. - Поглед на Делфт, со тезга на продавач на музички инструменти, масло на платно на панел, 15,4 x 31,6 см, Национална галерија на Лондон[2]
- 1654 г. - Билбилчето, масло на панел, Маврициус Хаг
- 1654 г. - Стражарот, масло на платно, 68 x 58 см, Музеј Штаатличе Шверин
- 1654 г. - Млад човек со крзнена капа, масло на платно, 70,5 x 61,5 см, Национална галерија Лондон (веројатно автопортрет).[2]
Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 Karel Fabricius biography in De groote schouburgh der Nederlantsche konstschilders en schilderessen (1718) by Arnold Houbraken, courtesy of the Digital library for Dutch literature
- 1 2 4 слики од или според Карел Фабрициус — Art UK (англиски)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Податотеки поврзани со Карел Фабрициус на Ризницата
- Карел Фабривиус во Артциклопедија
- Делата и литературата за Карел Фабрициус
- Вермер и Делфтската школа, каталог на изложба со целосен текст од Метрополитен музејот на уметност, кој вклучува материјал за Карел Фабрициус.