Срцева хирургија

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Кардио хирургија)
Двајца кардиохирурзи вршат срцева операција позната како бајпас на коронарната артерија.

Кардиохирургија или срцева хирургија е хирургија на срцето и/или на големите крвни садови извршена од страна на специалист кардиохирург. Најчесто се врши за лекување на компликации на вродена срцева болест, или за лечење на валвуларна срцева болест создадена од разни причинители, вклучувајќи ендокардитис. Исто така вклучува и пресадување на срце.