Кара Чали (Берско)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Кара Чали
Μαυροδένδρι
Кара Чали is located in Грција
Кара Чали
Кара Чали
Координати: 40°32′N 22°14′E / 40.533° СГШ; 22.233° ИГД / 40.533; 22.233Координати: 40°32′N 22°14′E / 40.533° СГШ; 22.233° ИГД / 40.533; 22.233
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругИматија
ОпштинаБер
Општ. единицаБер
Надм. вис.&1000000000000005500000055 м
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Кара Чали или Карачали (грчки: Μαυροδένδρι, Мавродендри; книжевно: Μαυροδένδριον, Мавродендрион, до 1926 година: Καρά Τσαλή, Кара Чали[1]) — поранешно село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Бер, во Централна Македонија, Грција.

Денес, ова поранешнот село претставува дел од градот Бер.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото е оддалечено околу 4 километри североисточно од градот Бер, во самото Берско Поле, на надморска височина од 55 метри.[2]

Селото е сместено во областа Урумлак.

Историја[уреди | уреди извор]

Селото било преименувано во текот на 1926 година кога му било доделено името Мавродендри (Μαυροδένδρι).

Население[уреди | уреди извор]

Во 1900 година според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во Кара Чали живееле 30 Грци христијани.[3] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Кара Чали (Kara Tchali) имало 25 Грци.[4]

Во 1910 година во Кара Чали (Καρά Τσαλί) имало 28 жители.[5]

Во пописот од 1913 година селото не било воопшто спомнато, најверојатно бидејќи малата чифлигарска населба била целосно уништена во Балканските војни, додека во пописот од 1920 година била спомената со 67, во 1928 година со 34 (од нив 13 бегалци), во 1940 година со 30, а во 1951 година само со 17 жители. Во подоцнежните пописи, селото повеќе не се споменува како посебна населба поради малобројноста на неговото население, а бројот на жителите е пресметан во составот на жителите на градот Бер.[2]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 30 17
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото претставува дел од градот Бер и се смета како негова четврт.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Καρά Τσαλή -- Μαυροδένδρι
  2. 2,0 2,1 Симовски, Тодор (1998). „Берски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. I. Скопје: Институт за национална историја. стр. 13. 
  3. К’нчов, Васил. Македонија. Етнографија и статистика, Софија, 1900, стр. 144.
  4. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 222-223.
  5. Αθανάσιος Χαλκιόπουλος, Εθνολογική στατιστική των βιλαετίων Θεσσαλονίκης και Μοναστηρίου, Αθήναι 1910. Цитирано по: Δημήτρης Λιθοξόου. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Βέροιας, 1886 - 1927