Прејди на содржината

Кара Севда

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кара Севда
Жанрдрама
Напишана одОзлем Јилмаз
Анил Еке
Бурџу Горгун Топташ
Режирана одХилал Сарал
УлогиБурак Озчивит
Неслихан Атагул
Кан Урганџиоглу
Зерин Текиндор
Земја на потеклоТурција Турција
Првичен јазиктурски
македонски (сихронизација)
Бр. на сезони2
Бр. на епизоди74
Производство
ПродуцентКерем Чатај
Место на снимањеИстанбул
Прикажување
Првична мрежаStar TV (Турција)
Сител (Македонија)
Првично прикажување17 октомври 2015 - 21 јуни 2017

Кара Севда е турска телевизиска серија, која се снимаше од 2015 до 2017 година. Главните улоги во серијата ги играат: Бурак Озчивит и Неслихан Атагул.

Серијата во Македонија, се емитуваше на Сител Телевизија во 2018 година.

Содржина

[уреди | уреди извор]

Кемал е едно од трите деца на сиромашната фамилија која живее во еден кварт во Истанбул, наменет за луѓето од средната класа. Вреден, трудољубив и одличен студент, Кемал работи на брод секоја вечер после студиите за рударство каде што има највисок просек во својата генерација. Еден ден, враќајки се од студии, во автобус, сосема случајно ја среќава преубавата Нихан, која комплетно ќе го промени неговиот празен и монотон живот. Тој не веруваше во чуда, особено не во љубов, но таа средба заекогаш ќе ги промени неговите соништа. За разлика од Кемал, Нихан припаѓа на богата фамилија, а нејзинииот живот од дете е исполнет со луксуз и гламур. Класната разлика ќе ја направи љубовта меѓу двајцата протагонисти невозможна уште од самиот старт, што ќе кулминира со одлуката на Кемал да го напушти Истанбул и да замине на север во Зонгулдак, мал провинциски град каде што добива работа како архитект во рудник. Денот кога Кемал ќе го напушти родниот дом, ќе биде пресврт во животите на двајата млади, а нивната љубов ќе застане на самиот гребен од морето наречено копнеж. Кемал е решен да ја заборави жената која ја љуби и максимално се посветува на својата работа со цел да ја извлече својата фамилија од бедата во која живее. Во меѓувреме, Нихан, тажна и разочарана е приморана да се се омажи за младиот и згоден мултимилионер Емир Козџуоглу, кој од дете е заљубен во неа. Минуваат пет години, но силната љубов меѓу Нихан и Кемал останува незаборавена во нивните срца. Кемал добива големо унапредување и решава да се врати назад во Истанбул, несвесен дека во големиот град на Босфорот ќе мора да се соочи со Нихан и нејзиниот посесивен сопруг Емир. Нихан и Кемал сфаќаат дека животот не може да оди против судбината, ниту против силната љубов која ја чувствуваат еден за друг. Бескрајна љубов пред која небото ќе заплаче и морето ќе се повлече. Љубов на која сите ќе се радуваат, но само едно нешто ќе ги отвори портите на пеколот. Топла и тажна приказна за една црна љубов, приказна за карасевда, незапирлива болка по големата љубов.

Глумец Улога
Бурак ОзчивитКемал Сојдере
Неслихан АтагулНихан Сезин Сојдере
Арвен БеренДениз Сојдере
Кан УрганџиоглуЕмир Козџуоглу
Зерин ТекиндорЛејла Аџемзаде
Мелиса Асли ПамукАсу Алаџахан
Орхан ГунерХусеин Сојдере
Зејно ЕраџарФехиме Сојдере
Рузгар АксојТарик Сојдере
Хазал Филиз КучукосеЗејнеп Сојдере Сезин
Куршат АлначикОндер Сезин
Неше БајкентВилдан Аџемзаде Сезин
Бариш АлпајкутОзан Сезин
Бурак СергенГалип Козџуоглу
Чагла ДемирБану Акмерич
Али Бурак ЏејланТуфан Канер
Елиф ОзкулСема
Гокај МуфтиоглуСалих
Метин ЏошкунХаки Алаџахан
Угур АсланФикрет
Зехир (Отров)
Нихан АшиџиЈасемин
Керем АлишикАјхан Кангарли
Ајшен ИнџиМужган Козџуоглу
Ерхан АлпајХакан
Еџе МудерисоглуЗехра
Eџе ЈашарЕда
Берк ГунешберкШафак
Башак АканЕфсане
Фикрет ХаџихасаноглуЈигит
Боџек (Буба)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]