Кара Дере (Воденско)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Кара Дере
Μαυρόλακκος
Кара Дере is located in Грција
Кара Дере
Кара Дере
Местоположба во областа
Кара Дере is located in Меглен
Кара Дере
Местоположба на Кара Дере во општината Меглен и областа Централна Македонија
Координати: 40°54.0′N 22°7.0′E / 40.9000° СГШ; 22.1167° ИГД / 40.9000; 22.1167Координати: 40°54.0′N 22°7.0′E / 40.9000° СГШ; 22.1167° ИГД / 40.9000; 22.1167
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругПостолски
ОпштинаМеглен
Општ. единицаС’ботско
Население
 • Вкупноиселено
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Кара Дере (грчки: Μαυρόλακκος, Мавролакос; до 1925 г. Καρά Δερέ, Кара Дере[1]) — село во Ениџевардарско (Пазарско) или Воденско, Егејска Македонија, денес во општината Меглен на Постолскиот округ во областа Централна Македонија, Грција.

Географија[уреди | уреди извор]

Селото било сместено во јужниот дел на областа Меглен и се состоело од две маала: Кара Дере Воденско и Кара Дере Пазарско,[2] така наречени бидејќи местото лежело на самата граница помеѓу овие две краишта. Се наоѓало неколку километри источно од Драгоманци, а јужно од Слатина и Рудино, на двата брега на реката Мегленица. Било наречено според турското име на реката (во прев. „Црн Дол“).[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Во Отоманското Царство[уреди | уреди извор]

Според хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ кон крајот на XIX век Кара Дере било муслиманско село со машко население од 148 жители во 35 домаќинства кои ги води како Македонци-муслимани,[3][4] иако според Тодор Симовски всушност станувало збор за Турци сточари од народноста Јуруци.[2] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Кара Дере било етнички мешано село во кое живееле 80 Македонци-христијани и 165 Турци.[5][6] Нејасно е дали христијаните кои ги спомнуа К’нчов се грешка, или пак се иселиле набргу по неговиот попис.

Според српскиот географ Боривое Милоевиќ, во периодот пред Балканските војни селото се состоело од вкупно 30 турски куќи.[2]

Во Грција[уреди | уреди извор]

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Двете маала (Воденското и Пазарското) почнале да се сметаат за посебни села. Истата 1913 г. Воденското броело 190, а Пазарското — 184 жители (вкупно 374 лица). Во 1920 г. Воденското спаднало на 129, а Пазарското на 139 жители (вкупно 268 лица).[2] Во 1925 г. селото е преименувано во Мавролакос, што е буквален превод на турското име; од маалата, Воденското станало Мавролакос Воденон, а Пазарското — Марволакос Геницон.

Во 1924 г. муслиманското население на Кара Дере е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор. Кара Дере Пазарско престанало да постои, а во Кара Дере Воденско властите довеле мал број грчки колонисти. Во 1928 г. селото имало 32 грчки дојденци од 9 семејства.[7] Бидејќи немале услови за живот, дојденците го напуштиле во 1935 г. и се преселиле во Ениџевардарското Поле, каде им е дадено земјиште.[2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Καρά Δερέ -- Μαυρόλακκος
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. II. Скопје: Институт за национална историја. стр. 90-91. 
  3. Нарекувајќи ги „Бугари“ или „помаци“ под влијание на бугарската пропаганда.
  4. Райчевски, Стоян (2004) [1998]. „ГЕОГРАФСКИ ПРЕДЕЛИ – Македония“. Българите мохамедани (второ издание издание). София: Национален музей на българската книга и полиграфия. стр. 114. ISBN 954-9308-51-0. 
  5. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  6. Кънчов, Васил. „Енидже-Вардарска Каза“. Македония. Етнография и статистика. София: Българско книжовно дружество в София. стр. 147. http://www.promacedonia.org/vk/vk_2_03.htm. 
  7. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928