Караџали

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Караџали
Καλλιρρόη
Караџали is located in Грција
Караџали
Караџали
Координати: 41°13′51″ СГШ; 22°50′06″ ИГД / 41.2308° СГШ; 22.8350° ИГД / 41.2308; 22.8350Координати: 41°13′51″ СГШ; 22°50′06″ ИГД / 41.2308° СГШ; 22.8350° ИГД / 41.2308; 22.8350
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругКукуш
Население
 • Вкупно55
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Караџали (грчки: Καλλιρρόη, Калирои, до 1927 Καρατζαλή, Караџали)[1] — село во Општина Кукуш во Кукушки округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 30 километри северно од градот Кукуш (Килкис) и на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро, во северните разгранки на на планината Круша. Селото се наоѓа на надморска висина од 220 метри.

Историја[уреди | уреди извор]

Во 19 век Караџали е мешано македонско-турско село во Дојранската каза на Отоманската империја. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ , издадена во Цариград во 1878 година и статистиката на машкото население од 1873, Караџали се состоело од 25 куќи со 21 жител-муслиман и 37 Турци.[2][3]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Караџали имало 85 Турци.[4]

По Втората балканска војна селото било вклучено во составот на Грција. Голем дел од муслиманското население заминало од селото кон Турција и на негово место било населено грчко население. По Првата светска војна, селото не се споменува, бидејќи било распаднато и напуштено. Во 1927 години селото било прекрстрно во Калирои.[5]

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година селото било чисто бегалско со 18 семејства и 69 жители-бегалци[6], додека во 1940 година селото броело 127 жители. Во текот на Втората светска војна, како и во текот на Грчката граѓанска војна, селото настрадало. Поради тоа, голем дел од населението го напуштило селото и заминало на побезбедно место. Селото во пописот од 1951 година броело 83 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 88 жители, во 1971 година имало 85 жители, во 1981 година имало 65 жители, додека во 1991 година имало 47 жители. Денеска, населението на селото е 55 жители.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 127 83 88 85 65 47 / 55
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи[уреди | уреди извор]