Караман (куче)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Караман (куче)
Karaman dog (4).jpg
Караман
Прекари Кара
Потекло Македонија Македонија
Матична земја Македонија Македонија
Особености
Боја црна
темнокафеава
темносива
куче (Canis lupus familiaris)

Караман — македонска овчарска раса на кучe. Кинолошкиот клуб „Македонско овчарско куче-Караман“ е регистриран на 01.11. 2004 година со една единствена намера: „да се зачува караманот од неговото исчезнување“.

Значење[уреди | уреди извор]

Зачувувањето на Македонското овчарско куче-Караман е замислен повеќедецениски проект на браќата Влатко Костовски и Марјан Костовски. Во 2004 година браќата Костовски ја издале книгата „Македонско овчарско куче - Караман“ во која е објавен првиот стандард за расата, а во 2013 година ја издале и книгата „Караман - митското куче на Древните Македонци“ каде стандардот за расата македонско овчарско куче - Караман бил допрецизиран. Според авторите на книгите, Караман било митско куче на Македонците и било прикажано на првиот државен грб на Античка Македонија.

На картата на Македонија од 1692 година изработена од италијанецот Винченцо Коронели на која над градот Билазора се нацртани два грба на Македонија. На едниот е прикажано црно куче а на другиот исправена тојага меѓу два воловски рога. Над грбовите картографот дал објаснување дека грбот со куче бил грб на Македонија пред Александар III Македонски, а грбот со два воловски рога бил грб на Македонија по него. Според браќата Костовски, на првиот станува збор токну за македонската овчарска раса на кучe Караман.

Македонците негувале посебен култ спрема караманот и тој отсекогаш претставувал нивно митско куче. Неговиот лик зазема видно место во записите на античките поети, на средновековните фрески и иконостаси во македонските цркви и манастири[1], како и во епските народни песни од 19 век. Во чиста форма го зачувале македонските сточари чиј конзервативен начин на живот се одвивал номадски - во постојано движење од летните кон зимските пасишта и обратно. Поради неговата исклучителна храброст и верност, денес се среќава како заштитник на стадата овци, но и како заштитник на лица и чувар на недвижен имот.

Опис[уреди | уреди извор]

Mакедонскo овчарско куче - Караман
Mакедонскo овчарско куче - Караман
Mакедонскo овчарско куче - Караман
Mакедонскo овчарско куче - Караман
Mакедонскo овчарско куче - Караман

Македонското овчарско куче Караман главно се користи за заштита на стада и на имот. Телото на караманот е правоаголно. Должината на телото кај мажјаците е за 9-11%, а кај женките за 11-13% поголема од височината на гребенот. Длабочината на градите е 40% од височината на гребенот. Соодносот меѓу устата и черепниот дел е, кај мажјаците 37:63%, а кај женките 38:62%.

Карактер[уреди | уреди извор]

Караманот е често недоверлив спрема непознати, смирен и трпелив, дружељубив со деца, а според темпераментот, тој е храбро и по потреба остро куче.

Глава[уреди | уреди извор]

  • Челен дел: Умерено испапчен и малку заоблен. Поставеноста на линиите на муцката и на черепот е дивергентна, додека горниот дел е рамен.
  • Череп: Черепот е средно широк, месоцефален. Според обликот, суперцелијарните гребени се малку засводени и благо изразени. На средината на черепот има слабо изразена челна бразда која се забележува до средината на черепот, а присутна е и тилна џумка
  • Уста: Просечната должина на устата во однос на черепниот дел за мажјаците е 37:63%, а кај женките е 38:62%. Устата е широка и длабока. Носникот е рамен со јасно изразена носна печурка. Долната вилица е рамна, а кожата е затегната. Во основата е широка, а кон врвот благо се стеснува.
  • Усни: Цврсто се прилепени на вилицата. Средно се дебели, а горната усна е поширока и преминува преку долната. Исклучиво се црно пигментирани.
  • Заби: Во профил, долната вилица е рамна и дивергентна во однос на линијата на носникот. Забите се големи, бели и правилно подредени. Забалото пожелно е да биде ножичасто, но дозволено е и клештасто, а секачите од горната челуст се преклопуваат и преминуваат со својата внатрешна страна преку забите на долната челуст.
  • Очи: Правилно се всадени во очната шуплина, ниту длабоко всадени, ниту испакнати. Имаат форма на бадем, а медијаните агли се малку пониско од латералните. Бојата им е од светло пченична, до темно костенлива и даваат смирен впечаток. Очните капаци се прилепени, а очните рабови се црно пигментирани.
  • Уши: Поставени се средно високо, висечки се и прилепени. Имаат облик на латиничната буква В (V), а според големината се средно долги.
  • Врат: Горната линија е рамна и е благо искосена од околу 30 степени во однос на линијата на грбот. Умерено е долг, рамен е и широк и добро е поврзан со трупот и со главата. Мускулест е а кожата е затегната, припиена и без фанон.

Тело[уреди | уреди извор]

  • Горна линија: Горната линија е рамна, права и незначително се издига од гребенот кон сапите.
  • Гребен: Благо е издигнат, доволно широк и добро е поврзан со вратот.
  • Грб: Долг е, широк и рамен, со мускулест слабински дел.
  • Сапи: Средно се долги, широки, благо се искосени и мускулести.
  • Труп: Горната линија благо се издига од гребенот, па завршува со благо искосени сапи. Долната линија постепено се издига од градите кон стомакот. По облик е правоаголен и долната линија е благо искосена. Во однос на височината на гребенот, во просек подолг е за 9-11% кај мажјаците и за 11-13% кај женките. Средно е широк и мускулест.
  • Гради: Долги, широки, длабоки, широко поставени, а ребрата се еластични.
  • Стомак : Контурите на долната линија продолжуваат во иста линија со градната коска, додека стомакот е прибран.
  • Опаш: Поставен е во продожение на линијата на сапите, има облик на прстен, испружен допира до скочниот зглоб. Средно е дебел. Врвот на опашот често е свиткан во форма на ченгелче. Обраснат е со густи влакна. При движење го носи свиткан над грбната линија, додека во мирување е спуштен.

Екстремитети[уреди | уреди извор]

  • Рамо: Умерено е долго, заоблено и со развиена мускулатура. Аголот меѓу лопатката и рамената коска е околу 100-110 степени.
  • Надлактица : Две третини од нејзината должина се прилепени до телото, има развиена мускулатура и зафаќа агол од 60 степени во однос на хоризонталата.
  • Лакт: Лактот е правилно поставен и прилепен до градниот кош. Се наоѓа малку повисоко од средината на линијата на височината на гребенот. Аголот на лактот е околу 150 степени.
  • Подлактица: По должина е околу 40% од вкупната височина на гребенот. Има развиена мускуност, додека коската е права и доста силна.
  • Карпус: Широк е и средно дебел.
  • Метакрпус: Умерено долг, широк и незначително искосен.
  • Шепа: Има лажичест облик и е средно голема. Прстите се збиени. Ноктите се црни, а кај кучиња со белини на шепите се среќаваат и бели нокти. Перничињата се еластични и задолжително црни.
  • Бут: Умерено долг. Правилно е поставен, има силно развиени мускули и е умерено широк.
  • Колено: Цврсто е широко и силно. Аголот на коленичниот зглоб е околу 120 степени.
  • Потколеница: Долга е и косо поставена. Има развиена мускулатура, а коската е стрмна и доста силна.
  • Скочен зглоб: Широк, силен и цврст и има агол од околу 140 степени.
  • Задно дошепје: Умерено е долго, широко и со блага искосеност, пострмна од дошепјето на предните нозе.
  • Задно стапало: Има лажичест облик, големо е, прстите се збиени и цврсти, ноктите се црни, а кај кучиња со белини на шепите се среќаваат и бели нокти. Перничињата се еластични и исклучиво црни.

Движење[уреди | уреди извор]

  • Кожа: Средно дебела, затегната, нема набори, а видливите слузокожи се исклучиво црно пигментирани.
  • Крзно: Должината на влакната на гребенот е околу 10 см. Во однос на влакната на трупот, влакната на задниот дел на бутовите, на вратот и на опашот се подолги, додека на главата и на предните делови на нозете се кратки. Има груба текстира. Крзното е средно-дебело, а подвлакното е густо.
  • Боја: Бојата е црна, црна со кафеави нијанси, или црна со палежи. Белини се дозволени на градите, како и до лактите на предните нозе, на шепите на задноте нозе и на самиот врв на опашот. На белиот фон дозволени се и црни дамки.
  • Висина и тежина: Мажјаците се високи од 65-75 см., а женките од 58-68 см. За мажјаците просечната тежина е 45 кг., а за женките 40 кг.

Грешки[уреди | уреди извор]

  • Лесни мани: Тркалезни очи, поголеми белини од дозволеното, зајачки шепи, тесен и плиток граден кош, несразмерност на височината на гребенот со должината на трупот, конвексен или конкавен грб, вроден недостаток на заб, клештасто забало, премногу кратко или предолго влакно, фанони,.
  • Тешки мани: Икс-став или О-став на нозете, многу стрни сапи, ниско всаден опаш, олабавен прав опаш, неразвиени песјаци, нежен костур со недоволно развиена мускулатура, недоволно широк череп, долга и тенка муцка, олабавеност на кожата, депигментација на видливите слузокожи.
  • Дисквалификациони мани: Нетипична боја за расата, предгризач или подгризач, плашливост, лимфатична конструкција, како и сите видливи отстапувања од стандардот.

Литература[уреди | уреди извор]

  • МАКЕДОНСКО ОВЧАРСКО КУЧЕ-КАРАМАН, стручна монографија, автори Марјан Костовски и Влатко Костовски, Скопје, 2004, 312 страни, ISBN 9989-57-235-6
  • КАРАМАН-МИТСКОТО КУЧЕ НА ДРЕВНИТЕ МАКЕДОНЦИ, стручна монографија, автори Влатко Костовски и Марјан Костовски, Скопје, 2013, 814 страни, ISBN 978-608-65566-0-0
  • МАКЕДОНСКО ОВЧАРСКО КУЧЕ - КАРАМАН, статија во списанието Македонско сонце, година 11, број 530, од 27.8.2004, стр.52,53
  • МАКЕДОНСКИОТ КАРАМАН - ЛЕГЕНДА ШТО ИСЧЕЗНУВА, статија во списанието Македонско сонце, година 11, број 546, од 17.12.2004, стр.46,47
  • PASTIRSKI PSI BALKANA статија во списанието Zov, revija za ljubitelje prirode, godina 22, Broj 539, od 18 mart 2005 god., str.8

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]