Караманли (Драмско)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Караманли)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Караманли
Τερψιθέα
Караманли is located in Грција
Караманли
Караманли
Местоположба во областа
Караманли is located in Драма (општина)
Караманли
Местоположба на Караманли во Општина Бук и областа Источна Македонија и Тракија
Координати: 41°9′N 24°22′E / 41.150° N; 24.367° E / 41.150; 24.367Координати: 41°9′N 24°22′E / 41.150° N; 24.367° E / 41.150; 24.367
ЗемјаГрција
ОбластИсточна Македонија и Тракија
ОкругДрамски округ
ОпштинаБук
Општ. единицаНусретли
Надм. вис.&10000000000000764000000764 м
Население (2001)[1]
 • Вкупно67
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Караманли (грчки: Τερψιθέα, Терпситеја)[2][3] — село во Општина Бук во Драмски округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 23 километри источно од градот Драма и на 22 километри југозападно од центарот на општината, Бук. Селото се наоѓа на надморска височина од 764 метри.

Историја[уреди | уреди извор]

Селото во текот на XIX век се наоѓало во рамките на Драмската каза, во составот на Отоманското Царство.

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Република Турција и Република Грција, во селото се населиле грчки бегалци од Анадолија додека муслиманското население ги напуштило своите домови.

Во 1927 година, селото било прекрстено во Терпситеја.[4]

Демографија[уреди | уреди извор]

До 1928 година во селото биле населени 154 бегалци од Турција.[5] Во 1928 година селото броело 154 жители, додека во 1940 година селото броело 253 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 217 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 135 жители, во 1971 година имало 68 жители, во 1981 година имало 41 жители, додека во 1991 година имало 83 жители[6]. Денеска, населението на селото е 67 жители според пописот од 2001 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 253 217 135 68 41 83 67 /
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Фактична состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г. (PDF 39 Мб). Државен завод за статистика на Грција. 2003.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Καραγκιόζ Κιόι -- Περίβλεπτον
  3. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971
  4. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971
  5. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928
  6. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. II. Скопје: Институт за национална историја. стр. 32.