Карадски Пештери
Изглед
Карадски Пештери | |
---|---|
Агашивските Пештери | |
Координати | 17°14′07″N 74°09′08″E / 17.2352778° СГШ; 74.1522222° ИГД |
Карадските Пештер ― група од 66 будистички пештери сместени на околу 5 километри југозападно од Карад, во близина на селото Џакинвади со поглед на реката Којна.[1] Тие се составени од:
- Агашивски Пештери 17°14′07″N 74°09′08″E / 17.2352778° СГШ; 74.1522222° ИГД
- Пештери Бајрав 17°14′21″N 74°08′54″E / 17.239268° СГШ; 74.148289° ИГД
- Пештери Донграј 17°15′19″N 74°09′48″E / 17.2551854° СГШ; 74.1634643° ИГД
Пештерите се наоѓаат на ридот Агашив, а некои пештери се расфрлани околу Џакинвади. Пештерите свртени кон југ се важни пештери. И во долината има пештери. Една од пештерите го носи името на Чокамела кој живеел таму околу 8 години.[2]
Овие пештери се врежани во првиот век пред нашата ера и се многу едноставни.[1]
- Пештера 5 - ги има најраните будистички симболи
- Пештера 30- будистички симболи
Натписот го опишува подарокот од Сангмитра, Синот на Гопала.[1]
-
Карадски Пештери, Донграј Лени.
-
Карадски Пештери, една од Агашивските Пештери.
-
Будистичка пештера 7, Џакинвади, Карад.
-
Будистичка пештера 9, Џакинвади, Карад.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 Ahir, D. C. (2003). Buddhist sites and shrines in India: history, art, and architecture (1.. изд.). Delhi: Sri Satguru Publ. стр. 197. ISBN 8170307740.
- ↑ Frere, H. B. E. (1851). „Memorandum of some Buddhist Excavations near Karadh“. Journal of the Bombay Branch of the Royal Asiatic Society. The Society. 3: 108–117.