Каппа (фолклор)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Каппа
Kappa water imp 1836.jpg
Цртеж од „каппа“.
—Од едиција од 1836 г. на „Суико Коорјаку“ (1820 г.), на Кога Тооан.
ВидЈоокаи
Други имињаГатароо, Кауако
ЗемјаЈапонија
ЖивеалиштеРеки

Грешка во Lua во Модул:Lang, ред 15: attempt to index field 'lang_name_table' (a nil value), исто така познато и како Грешка во Lua во Модул:Lang, ред 15: attempt to index field 'lang_name_table' (a nil value), Грешка во Lua во Модул:Lang, ред 15: attempt to index field 'lang_name_table' (a nil value), Грешка во Lua во Модул:Lang, ред 15: attempt to index field 'lang_name_table' (a nil value) или Грешка во Lua во Модул:Lang, ред 15: attempt to index field 'lang_name_table' (a nil value) — амфибиски јоокаи демон или „ѓаволче“ што се наведува во традиционалниот јапонски фолклор. Тие обично се претставени како зелени, човеколики суштества со ципести дланки и стапала и желковидна черупка на грбот. Се одликуваат со вдлабнатина на нивната глава, наречена „чинија“ („сара“), која задржува вода, и ако таа некако се оштети или ја изгуби течноста (преку истурање или сушење), каппата ќе била сериозно ослабена.

Каппа се познати по тоа дека сакаат краставици и сумо борење. Тие често се обвинети за напади врз луѓето во водата и за отстранување на измислен орган од жртвата наречен „ширикодама“ од анусот на нивната жртва.

Терминологија[уреди | уреди извор]

Нецуке од каппа.

Името каппа е кованица на зборовите кауа (река) и уаппа, варијанта на уарауа (童, исто така и уарабе), што значи „дете“. Друг превод на каппа е „водни духови“.[1] Каппа се познати и регионално со најмалку осумдесет други имиња како што се кауаппа, кауако, кауатароо, гауаппа, коого, мизуши, мизучи, суитенгу.[2]

Неговите имиња кауасо што значи „видра“, дангаме што значи „желка со мека лушпа“ и енкоо што значи „мајмун“, укажуваат на надворешна сличност на каппата со овие животни. Името комахики или „коњски влекач“ алудира на нивната посведочена наклонетост да ги грабнува коњите.[2]

Каппата е позната како кауако во Изумо (Шимане префектура), каде што Лафкадио Херн бил стациониран,[3] а гатароо било познатото име за нив на фолклористот Кунио Јанагита од Хјого префектурата.[4]

Изглед[уреди | уреди извор]

За каппата се велело дека имала приближно човечка форма и имала големина на дете, населувајќи ги езерцата и реките во Јапонија.[5] Несмасни на копно, тие се осеќале како дома во водата и „цветале“ во топлите месеци.[5] Обично имале зеленикава боја[6] (или жолто-сина),[7][6] и или лушпеста,[8][9][10] или лигава кожа, со ципести дланки и стапала, и черупка налик на онаа на желките на грбот.[6] Нечовечките особини ги вклучувале трите ануси кои им овозможувале да испуштат трипати повеќе гас од луѓето. Каппа обично биле со големина и форма на човечко дете, но и покрај нивниот мал раст, тие биле физички посилни од возрасен човек.

Една особена одлика била дека на главата имале празнина наречена сара („сад“, „вангла“, или „чинија“) која задржувала вода или некаква течност, што се сметала за изворот на моќта на каппата или нивната животна сила. Оваа празнина морала да биде секогаш полна кога каппата била далеку од водата; ако некогаш течноста се исуши, или ако и се истури водата, каппата ја губела својата моќ и можела дури и да умре.[5][10][6][9] За каппите понекогаш се велело дека мирисаат на риба,[5] и можат да пливаат како нив.

Според некои извештаи, нивните раце биле поврзани едни со други преку трупот, и можат да се протнат од едната до другата страна.[11] Додека тие биле првенствено водни суштества, тие понекогаш излегувале на копното. Кога ќе го стореле тоа, „садот“ на главата можел да биде покриен со метален капак за заштита.[12]

Однесување[уреди | уреди извор]

Заробување жива каппа, Утагауа Кунијоши.
Каппа, од „Илустрираната Ноќна парада на Сто демони“
(„Газу Хјакки Јагјоо“)
од Торијама Секиен.
Каппа (かはつは), од Бакемоно но е (化物之繪, 1700 г.), Колекција на јапонски книги и ракописи Хари Ф. Брунинг, Специјални колекции на Л. Том Пери, Библиотека Харолд Б. Ли, Универзитет Бригам Јанг.

Каппа обично се согледани како палави суштества што предизвикуваат проблеми или преваранти. Нивните активности се движат од релативно мали, како што е гледањето под женските кимона, до целосно злонамерни, како давење на луѓе и животни, киднапирање деца, силување жени и на моменти јадење човечко месо.[12] Иако понекогаш е заканувачки, тие исто така можеле да се однесуваат пријателски кон луѓето.[8] Додека помладите каппи често живееле во семејните групи, восрасните каппи живееле осамени животи. Сепак, вообичаено било за една каппа да се дружи со други јоокаи, а понекогаш дури и со луѓе.[13]

Краставица[уреди | уреди извор]

Народните верувања тврдат дека краставицата е нивно традиционално омилено јадење.[12] На фестивалите, подароците со краставица често се прават за каппата.[14] Понекогаш се тврдело дека каппата имала друга омилена храна, како што се јапонскиот модар патлиџан, соба (јуфки од леќа), наттоо (ферментирана соја) или кабоча.[15]

Во Едо (старо Токио), постоела традиција кога луѓето ги пишувале имињата на членовите на нивните семејства на краставици и ги испраќале да пловат по водата на потоците за да ги смират каппата, вака спречувајќи повреда врз нивното семејство додека се во или во близина на потоците.[16] Во некои региони било вообичаено да се јадат краставици пред пливање како заштита, но во други се верувало дека овој чин гарантирал напад.[14]

Суши ролна исполнета со краставица е позната како каппамаки.[12][6]

Како закана[уреди | уреди извор]

„ОПАСНОСТ!! Не пливајте и не играјте овде“.Каппата е прикажана како метафора за давење на знак во близина на езерцето во Фукуока

Како водни чудовишта, каппата се обвинети за давење и за нив често се вели дека се обидуваат да ги намамат луѓето во водата и да ги повлечат внатре со нивната голема боречка вештина.[12] За нив понекогаш се велело дека ги грабале своите жртви со цел да ја пијат нивната крв, јадејќи им го црниот дроб, или да добијат моќ од жртвата со одземање на нивната Грешка во Lua во Модул:Lang, ред 15: attempt to index field 'lang_name_table' (a nil value), митска топка за која се велело дека ја содржи душата, која се наоѓала во внатрешноста на анусот.[17][18]

Каппа се искористени за да се предупредат децата за опасностите кои демнат во реките и езерата, бидејќи за каппите често се зборувало дека се обидувале да ги привлечат луѓето во вода и да ги повлечат.[12][19] Дури и денес, знаци со предупредување од каппа постојат околу водните тела во некои јапонски градови и села. 

За каппата исто така се зборувало дека убива животни, особено коњи и крави. Мотивот што прикажува каппа која се обидува да удави коњ се наоѓа низ цела Јапонија.[20]

Лафкадио Херн запишал приказна во Кауачимура во близина на Мацуе, каде каппа која крадела коњи била фатена и натерана да напише изјава под заклетва дека никогаш повторно нема да наштети на луѓето.[3][10]

Во многу верзии, каппата би била одвлечката со коњ до шталите каде што е најранлива, и таму ќе е принудена да потпише ветување за да не се однесува лошо. [14]

Пораз на капа[уреди | уреди извор]

Одбрана против Каппа - одбивање со прдеж, Јошитоши.
Пар машко и женско каппа статуи во будистичкото светилиште Согенџи во областа Асакуса во Токио.

Се верувало дека има неколку начини на бегство ако некој бил соочен со каппа. Каппата биле опседнати со учтивост, па ако некое лице направи длабок поклон, тие ќе го вратат гестот. Ова резултирало во истурање на водата што ја содржеле во „садот“ (сара) на главата, што ја прави неподвижна додека вдлабнатината на главата не се наполни со вода од реката во која што живее. Ако некое лице им ја наполни повторно, каппата ќе и служи на таа личност за цела вечност.[12] Слична слабост на каппата ги вклучува нејзините раце, кои лесно можат да се искорнат од нивното тело. Во случај раката да се одвои, каппата ќе прави услуги или ќе сподели знаење во замена за нејзината рака.[14]

Друг метод за поразување вклучува шоги или сумо борење: каппата понекогаш ги предизвикувала луѓето да се борат или вклучат во други тестови на вештина.[21] Оваа тенденција лесно се користела за, на некој начин, поттикнување на каппата да ја истури водата од својата сара. Еден значаен пример за овој метод е народната приказна за еден земјоделец кој и ветил на каппата дека ќе ја ожени својата ќерка со суштеството, со што за возврат тоа требало да ја наводнува неговата земја. Ќерката на земјоделецот ја предизвикала каппата да потопи неколку суви тикви во вода. Кога каппата не успеала во својата задача, таа се повлекла, спасувајќи ја ќерката на земјоделецот од бракот.[14] Каппа се истералувале и од нивната одбивност кон железо, сусам или ѓумбир.[22]

Добри дела[уреди | уреди извор]

Каппата не се целосно антагонистички настроени кон луѓето.

Откако ќе се спријателат, каппата може да изврши каков било број задачи за човека, како што е помагање на земјоделците да ја наводнуваат својата земја. Понекогаш, тие носеле свежа риба, што се смета за знак на среќа за семејството што ја добива.[14] Тие се исто така високо познавачи на медицината, а легендата вели дека тие ги научиле луѓето во уметноста за местењето коски.[12][23][24]

Регионални варијации[уреди | уреди извор]

Заедно со они и тенгу, каппата е меѓу најдобрите познатите јоокаи во Јапонија.[25][26]

Каппата е позната под различни имиња и суштеството се разликува по регионите и локалниот фолклор.[2] Во Шинто религијата, тие честопати се сметаат за аватари (кешин) на Воденото божество или суиџин.[27]

Светилиштата се посветени на обожавањето на каппата како водено божество на места како што се Аомори префектурата[8] или Мијаги префектурата.[28] Имало и фестивали наменети за дарување на каппата со цел да се добие добра жетва, од кои некои се одржуваат и денес. Овие фестивали генерално се одржувале во текот на двете рамноденици на годината, кога за каппата се велело дека патувале од реките кон планините и обратно.[14]

Најпознатото место каде што се тврдело дека престојува каппа, е во Каппабучи [ja] водите во Тооно во Иуате префектурата. Во близина на Џоокенџи [ja] во Тооно, постои будистички храм кој има статуи од комаину кучиња со вдлабнатини на главите што потсетуваат на садот за задржување на водата на главите на каппата, за кој се вели дека е посветен на каппите, кои според легендата помогнале во гаснењето на пожарот во храмот.[29] Каппа, исто така, се почитувани во будистичкиот храм Согенџи во Асакуса областа на Токио, каде што, според традицијата, мумифицирана рака од Каппа е осветена во капелната сала од 1818 г. 

Во својот „Тооно Моногатари“, Кунио Јанагита бележи голем број верувања од областа Тооно за жените кои биле силувани, па дури и затруднети од каппа.[30] За нивните потомци се велело дека биле одбивни на лик, и генерално биле закопувани.

Меѓукултурен фолклор[уреди | уреди извор]

Сличен фолклор може да се најде во Азија и Европа. Јапонското фолклорно суштество Каппа е познато во кинескиот фолклор како „Шуи Гуи“ (水鬼),[31] воден дух или воден мајмун и може исто така да е поврзана со Келпи од Шкотска и Никс од Скандинавија. Исто како јапонскиот опис на ѕверот, во кинескиот јазик и во скандинавскиот фолклор овој ѕвер е озлогласен за киднапирање и давење луѓе, како и коњи. Суштествата сијокој од Филипините се познати и по тоа што киднапирале деца покрај работ на водата. Во руската митологија е познато суштеството со жабјо лице водјаној. Зелено човеколико суштество наречено водник е широко познато во западниот словенски фолклор и приказни, особено во Чешка и Словачка

Во медиумите[уреди | уреди извор]

Каппата, и суштествата засновани на нив, се повторливи ликови во јапонските токусацу филмови и телевизиски шоуа. Примерите ги вклучуваат каппите од серијалот филмови ЈООКАИ ЧУДОВИШТА на Даиеи/Кадокауа компаниите, потоа „СМРТОНОСНА КАППА“ на компанијата Никкацу, и „КРАЛОТ КАППА“, каиџу (жанр на филмови со огромни чудовишта, а најпознат е оној со Годзила) од 1972 г. на Цубајара продукцијата од нивниот серијал УЛТРАМЕН ЕЈС.[32]

Во Јапонија, ликот Сагојоо (Ша Вуџинг) е конвенционално прикажан како каппа: тој е другар на магичниот мајмун Гокуу во кинеската приказна Патување на Запад.[19]

Каппите се веројатно најпознатите суштества од јапонската народна замисла; нивните манифестации се наоѓаат ни жанровите, појавувајќи се во народната религија, верувања, легендите, народните приказни и народните метафори.[2]

Овие јоокаи, исто така, ја претставуваат Јапонија како нација, вклучително и во рекламите за низа производи од главните брендови на саке до DC дебитните картички на банката Токио-Мицубиши. Според нивните експлицитно комерцијални сфаќања, јоокаите веќе не се застрашувачки или мистериозни — Каппата од гореспоменатата DC картичката, на пример, не е лигаво суштество што живее вода и што се заканува неочекувано да убива деца, туку симпатичен и (замалку) сладок цртан лик.[33]

ЛЕТНИ ДЕНОВИ СО КУУ е јапонски анимиран филм од 2007 година, за каппа и нејзиното влијание врз обично семејство, напишан и режиран од Кеиичи Хара според два романи од Масао Когуре.[34]

Каппите се повторувачка слика во романот на Дејвид Пис, насловен „Пациент X“,[35] за животот и делото на Рјууносуке Акутагауа.

Се вели дека на претседателот на компанијата Калби му се допаднале каппата, па тој сакал името „каппа“ да биде вклучено во еден од неговите производи. Од ова, во Јапонија произлегла популарната закуска со вкус на ракчиња наречена Каппа Ебисен.[36]

Во играниот филм НИНЏА ЖЕЛКИ III, желките ги сметаат за „каппа“ кога патуваат назад низ времето во Феудална Јапонија.

Во серијалот за видео игри Animal Crossing, ликот Капп'н е прикажан како каппа во јапонските верзии на играта, но сепак тој е обележан како желка во западните изданија.

Во видео играта SMITE, Кузенбо, наводниот Крал на каппите е Бог кој е игрив лик.

Во аниме серијалот САРАЗАНМАИ“, главните ликови се претворени во каппа од страна на Принцот на каппите и мораат да собираат ширикодама.

Каппа се среќава и како јоокаи во Yo-kai Watch.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Shamoon, Deborah (2013). „The Yōkai in the Database: Supernatural Creatures and Folklore in Manga and Anime“. Marvels & Tales. 27 (2): 276–289. doi:10.13110/marvelstales.27.2.0276. ISSN 1521-4281. JSTOR 10.13110/marvelstales.27.2.0276.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Foster (1998), citing Ōno (1994), p. 14
  3. 3,0 3,1 Hearn, Lafcadio (1910). Glimpses of Unfamiliar Japan. Tauchnitz. стр. 302–303.
  4. Irokawa, Daikichi (1988). The Culture of the Meiji Period. Princeton University Press. стр. 21. ISBN 978-0-691-00030-5.
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 „Kappa | Yokai.com“ (англиски). Посетено на 2020-05-02.
  6. 6,0 6,1 6,2 6,3 6,4 Foster (2015).
  7. Foster (1998), стр. 4; Foster (2015), стр. 88
  8. 8,0 8,1 8,2 Frédéric, Louis (2002). "kappa". Japan Encyclopedia. President and Fellows of Harvard College. стр. 480. ISBN 978-0-674-00770-3. https://books.google.com/books?id=p2QnPijAEmEC&pg=PA480. 
  9. 9,0 9,1 Volker, T. (1975). The Animal in Far Eastern Art and Especially in the Art of the Japanese. стр. 110. ISBN 978-90-04-04295-7.
  10. 10,0 10,1 10,2 Davis, F. Hadland (1912). Myths and Legends of Japan. New York: T.Y. Crowell Co. стр. 350–351.
  11. According to the Wakan Sansai Zue. Foster (1998)
  12. 12,0 12,1 12,2 12,3 12,4 12,5 12,6 12,7 Ashkenazi, Michael (2003). Handbook of Japanese Mythology. ABC-CLIO. стр. 195–196. ISBN 978-1-57607-467-1. Посетено на December 22, 2010.
  13. „Kappa | Yokai.com“ (англиски). Посетено на 2020-05-02.
  14. 14,0 14,1 14,2 14,3 14,4 14,5 14,6 Foster (1998).
  15. Foster (1998), citing Takeda, Akira [ja] (1988), "Suijinshinkō to kappa 水神信仰と河童 [Water deity belief and the kappa]"; Ōshima, Takehiko ed. Kappa 河童, p. 12.
  16. 怪異・妖怪伝承データベース: 河童雑談 [Folktale Data of Strange Phenomena and Yōkai] (Japanese). International Research Center for Japanese Studies.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  17. „Shirikodama“. tangorin.com.
  18. Nara, Hiroshi (2007). Inexorable Modernity: Japan's Grappling with Modernity in the Arts. Lexington Books. стр. 33. ISBN 978-0-7391-1841-2.
  19. 19,0 19,1 Does Kappa still have their occult power?. road-station.com (Michi-no-eiki).
  20. Ishida & Yoshida (1950)
  21. Foster, Michael Dylan (2009). Pandemonium and Parade: Japanese Monsters and the Culture of Yōkai. University of California Press. стр. 46. ISBN 978-0-520-25361-2.CS1-одржување: ref=harv (link)
  22. Foster (1998), citing Ōno (1994), p. 42
  23. 怪異・妖怪伝承データベース: 河童の教えた中風の薬 [Folktale Data of Strange Phenomena and Yōkai] (Japanese). International Research Center for Japanese Studies.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  24. 怪異・妖怪伝承データベース: 河童の秘伝接骨薬 [Folktale Data of Strange Phenomena and Yōkai] (Japanese). International Research Center for Japanese Studies.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  25. Kyōgoku, Natsuhiko; Tada, Katsumi (2000). Yōkai zuka (Japanese). Tōkyō: Kokusho Kankōkai. стр. 147. ISBN 978-4-336-04187-6.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  26. Tada, Katsumi (1990). 幻想世界の住人たち Iv 日本編 幻想世界の住人たち. Truth In Fantasy (Japanese). IV. 新紀元社. стр. 110. ISBN 978-4-915146-44-2.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  27. Frédéric, Louis (2002). Japan Encyclopedia. President and Fellows of Harvard Colleg e. стр. 910. ISBN 978-0-674-00770-3.CS1-одржување: ref=harv (link)
  28. 怪異・妖怪伝承データベース: 河童神社 [Folktale Data of Strange Phenomena and Yōkai] (Japanese). International Research Center for Japanese Studies.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  29. Masatoshi, Naitō (内藤正敏) (1994). Tōno monogatari no gen fūkei 遠野物語の原風景 [Original landscape of the Tōno monogatari]. стр. 176.
  30. Tatsumi, Takayuki (1998). „Deep North Gothic: A Comparative Cultural Reading of Kunio Yanagita's Tono Monogatari and Tetsutaro Murano's The Legend of Sayo. Newsletter of the Council for the Literature of the Fantastic. 1 (5). Архивирано од изворникот на June 7, 2011. Посетено на December 22, 2010.
  31. „水鬼_水鬼[传说的角色]_互动百科“. www.baike.com. Посетено на 2016-01-19.
  32. „Ultraman Ace“. Beta Capsule Reviews. 2018-01-26. Посетено на 31 July 2019.
  33. Foster, Michael Dylan (2009). Pandemonium and Parade: Japanese Monsters and the Culture of Yokai (изд. 1.). University of California Press. doi:10.1525/j.ctt1ppkrc.11 (неактивно 2020-10-18). ISBN 978-0-520-25361-2. JSTOR 10.1525/j.ctt1ppkrc.
  34. Summer Days with Coo, Посетено на 2020-05-20
  35. Peace, David (2018). Patient X : the case-book of Ryūnosuke Akutagawa. New York: Alfred A. Knopf. ISBN 978-0-5255-2177-8. OCLC 1013525517.
  36. „第九十九回「い組」お稽古「江戸の妖怪・化物」アダム・カバット – 和塾“ (јапонски). Посетено на 2018-12-05.

Библиографија[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]