Капитал од ниво 2

Од Википедија — слободната енциклопедија

Капитал од ниво 2 или Дополнителен капитал — дополнителна мерка на банкарската цврстина од гледна точна на супервизорот. Капиталот од ниво 2 го сочинуваат: необелоденетите резерви, ревалоризациските резерви, општите гаранции за покривање на загуби, хибрдините инструменти и субординираниот долг.[1] Овој облик на банкарски капитал бил воведен во документот Базел I и останал непроменет во Базел II. Во Базел III е предвидена хармонизација на инструментите вклучени во него.[2] Националните супервизори во најголем број на земји низ светот ги применуваат овие стандарди во својата регулатива. При пресметката на регулаторниот капитал, износот на капиталот од ниво 2 е ограничен на 100% од износот на капиталот од ниво 1.

Необелоденети резерви[уреди | уреди извор]

Необјавените или скриените резерви може да бидат дефинирани на различен начин во зависност од правната регулатива и сметководствените правила коишто важат во земјата. Во оваа група спаѓаат резерви коишто произлегуваат од билансот на успех на банката и се прифатени од страна на супервизорот. По својата природа, овие резерви може да бидат со ист квалитет како и задржаната добивка, но транспарентноста во нивното обелоденување и фактот што во многу земји необелоденетите резерви не се прифатени како сметководствен концепт или законски дел на капиталот е причини за нивното исклучување од основниот капитал.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]