Капетан Филипс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
„Капетан Филипс“
Captain Phillips Poster.jpg
Филмскиот плакат
Режисер Пол Гринграс
Продуцент Мајкл Де Лука
Дана Брунети
Скот Рудин
Кевин Спејси
Настапуваат Том Хенкс
Баркхад Абди
Жанр Трилер
Музика Хенри Џекман
Кинематографија Бари Акројд
Монтажа Кристофер Роус
Дистрибутер Columbia Pictures
Премиера 23 септември, 2013
Времетраење 134 минути
Држава  САД
Јазик англиски, сомалиски
Буџет 55 милиони $
Бруто заработка 217.8 милиони $

Погледни ме! Ја сум капетан сега!

Капетан Филипс е американски филм, трилер, снимен во 2013 година во режија на Пол Гринграс. Главните улоги ги толкуваат актерите Том Хенкс и Баркхад Абди. Филмот е базиран врз основа на вистинската приказна за киднапирањето од 2009 година, инцидент во кој поморскиот трговец Ричард Филипс бил фатен како заложник од страна на сомалиските пирати предводени од Абдували Мусе во Индискиот океан.

Сценариото за филмот го напишал Били Реј, а се темели на книгата од 2010 Капетанска должност: сомалиски пирати, Navy SEALs, и опасни денови на море која ја напишал Ричард Филипс заедно со Стивен Талти. Скот Рудин, Дана Брунети и Мајкл Де Лука биле продуценти во овој проект. Својата свечена премиера филмот ја имал во 2013 година на Филмскиот фестивал во Њујорк,[1] а во кината се појавил на 1 октомври 2013. [2] Филмот доживеал голем успех во благајната на кино салите со вкупна заработка од 217 милиони долари наспроти буџетот од 55 милиони долари. Во 2014 филмот добил 6 номинации за наградата Оскар, вклучувајќи ја и онаа за најдобар филм и најдобра споредна машка улога за Абди, но не успеал да победи во ниту една од овие категории.[3][4]

Содржина[уреди | уреди извор]

Ричард Филипс (Том Хенкс) ја напушта својата жена Андреа (Катерин Кинер) и двете деца во Вермонт за да ја превземе командата над трговскиот брод Меркс Алабама, кој требало да тргне од пристанишниот град Салала во Оман, со налог за пловидба низ Аденскиот залив до Момбаса, преку Рогот на Африка. Свесен за пиратските активности во близина на брегот на Сомалија, капетанот издал наредба за строги сигурносни и безбедносни мерки на бродот и одработил неколку вежби.

Во текот на една вежба, капетанот забележал дека неговиот брод е гонет два сомалиски пиратски чамци; Филипс успева да им побегне така што едниот се откажал откако го слушнале Филип како на радио повикува на помош зрачни удари, (што било измама), а на вториот му се расипал моторот додека се обидувале да добијат поголема брзина во немирните води који ги креирал Филипс. Утредента еден од чамците, опремен со два мотора, се вратил со четири добро наоружани пирати на чело со Абдували Мусе (Баркхад Абди); тие со себе носат скала која набрзина ја завариле во текот на ноќта пред нападот. И покрај напорите на Филипс и неговата посада, пиратите успеваат да се качат на бродот и ја првземаат контролата над бродот, заробувајќи го капетанот Филипс откако овој го изгасил бродскиот мотор и и наредил на својата посада да се сокрие во машинската комора на бродот. Филипс му понудил на Мусе све што има вобродскиот сеф (30,000 долари), меѓутоа тој, раководејќи се по налогот на својот шеф, локалниот сомалски лидер на фракцијата, планира да го задржи бродот и посадата во замена за милиони долари од осигурувањето за транспортите компании.

Еден член на посадата успева да го изгасне светлото за хитни случаеви, со што ја оставил долната палуба во мрак. Кога Мусе ќе проба да ја пребара машинската комора, членовите на екипажот го совладуваат. Преговарајќи со останатите гусари, меѓу кој и еден со тешко повредена нога, членовите на екипажот го разменуваат Филипс за Мусе и бродски чамец за спасување. Пиратите го присилиле Филипс да влезе во чамецот и потоа тргнуваат со него, со намера да го раменат капетанот.

Кога чамецот ќе тргне кон брегот на Сомалија, тензијата расте помеѓу пиратите бидејќи им снемува од билниот стимуланс кат, го губат контактот со својот матичен брод и подоцна се воочени од страна на Воената морнарица на САД, поточно уништувачот USS Bainbridge. Во моментот кога ќе стигнат дополнителни бродови на американската морнарица, Филипс пробалда преговара со Мусе, но тој му вели дека отишол предалеку и дека нема намера да се предаде. Во меѓувреме, капетанот Франк Кастелјано (Јул Васкес) со Bainbridge наредил да се спречи на било кој начин пиратите да дојдат до копно.

Таа ноќ, Филипс успева да побегне и пливал кон бродовите, меѓутоа морнарицата не може да го идентифицира пливачот како Филипс, и затоа ништо не превземала. Пиратите пукаат кон него, и тој плива назад кон чамецот за спасување. Полни од бес пиратите воопшто не се свесни дека американскиот Navy SEALs тим се спуштил со падобрани да интервенира.

Додека три снајперисти од тимот на Navy SEALs ги заземаат својт позиции истовремено да пукаат на секој од пиратите во чамецот за спасување, Кастелјано и останатите ​​и понатаму пробуваат да преговараат со пиратите, и нивниот чамец е спремен за влечење. На крајот, Мусе се согласува да се качи на Bainbridge, верувајќи дека ќе им се приклучи на старешините од неговиот клан во преговорите околу откупот на Филипс. Во чамецот за спасување, еден од пиратите, Наџи, открива како Филипс пишува опроштајно писмо на својата сопруга. Кога се обидел да му го земе писмото, Филипс го напаѓа Наџи, меѓутоа набрзо бил совладан од другиот пират Билал и е претепан.

Наџи решава да ја превземе контролата; пиратите го врзуваат Филипс и му ги покриваат очите, посадата на Bainbridge го сопира влечењето. Во моментот кога Филипс требало да биде погубен, трите снајперисти на Navy Seals конечно добиваат чиста мета и истовремено ги убиваат пиратите. На бродот Bainbridge, Мусе е соборен и уапсен поради пиратсво. Филипс е спасен и добива лекарска помош. Иако е во шок и дезориентиран му се заблагодарува на тимот за спасувањето на неговиот живот.

Улоги[уреди | уреди извор]

Баркхад Абди се појавува во филмот како Абдували Мусе
Том Хенкс во улогата на капетанот Филипс
Слика на вистинскиот лик на капетанот Филипс

Снимање[уреди | уреди извор]

Набрзо по објавувањето на мемоарот на Ричард Филипс по насловот Капетанска должност 2010, Sony Pictures ги откупува филмските права. Во март 2011, бил ангажиран актерот Том Хенкс откако го прочитал нацртот за сценариото кој го напишал сценаристот Били Реј. [5] Следниот јуни режисерот Пол Гринграс добил понуда да направи адаптација на тогш неименуваниот филм.[6] Потоа уследил светски конкурс за споредните сомалски актер во филмот. На крајот од конкурсот, Баркхад Абди, Баркхард Абдирахман, Фајсал Ахмад, и Махад М. Али биле избрани помеѓу повеќе од 700 учесници. Конкурсот се одржал во локалниот центар Кедар-Риверсајд, во државата Минеаполис, на позив на Брајан Којл. [7]

Како би направиле автентична реплика на бродот, продуцентите го посетиле Navy SEALs националниот музеј да го видат изрешетаниот, пет тона тежок чамец за спасување направен од фиберглас, во кој гусарите го држеле капетанот Филипс како заложник. [8] Тие исто така можеле да видат примерок од роботизираното возило ScanEagle, кое се користело за пратење на кризата,[9] како и Mark 11 Mod 0 (SR-25) снајперската пушка, тип кој го користеле единиците на US Navy SEALs, која исто така е изложена во музејот.

Главното снимање на филмот започнало на 26 март 2012, [10] а одржано е на брегот на Малта во Средоземно Море. [2][11] Филмската екипа поминал девет седмици на снимање на бродот Александер Мерск, брод кој бил идентичен со Мерск Алабама. [12] Бродот уништувач USS Truxtun, Earleigh Burke е класа на уништувач од исти род на бродови како и USS Bainbridge. [13]

Музика[уреди | уреди извор]

Музиката за филмот ја компонирал Хенри Џекман. [14] Албумот со музиката од филмот е објавен на 15 октомври, 2013 од страна на студиото Варесе Сарабанде. [15]

Дополнителни песни кој се појавиле во филмот се:[16]

Дистрибуција[уреди | уреди извор]

Филмот заработил 25,7 милиони долари во текот на првиот викенд, што е второ место на кино благајните зад филмот Гравитација (филм) кој заработил 43,2 милиони долари. Заклучно со 14 јануари 2014, филмот заработил 106,7 милиони долари во Северна Америка, а 110,7 милиони долари во останатите земји, што изнесува вкупно 217,4 милиони долари.[17]

Критики[уреди | уреди извор]

Капетан Филипс премиерно бил прикажан на 28 септември 2013 на отворањето на Филмскиот фестивал во Њујорк во 2013. Филмот добил пофалби за својата режија, сценарио, продукција, кинематографија, како и за настапите на Том Хенкс и Баркхад Абди.[18][19]

Капетан Филипс добил многу добри оцени од критичарите. Филмскиот прегледник Rotten Tomatoes забележал дека 93% од критичарите го оцениле филмот како "Certified Fresh" на основа на 235 рецензии, со просечна оцена 8.3/10, и коментар: "Паметен, со силна глума, и неверојатен интензитет, филмот им нуди на љубителите на филмови добро направен холивудски биографски филм и му овозможува на Том Хенкс да покаже уше еден одличен настап." [20] Metacritic на филмот му дава оцена од 83/100 на основа на 48 рецензии. [21]

Историска точност[уреди | уреди извор]

Во една статија од весникот Њујорк Пост, некој од членовите на екипажот на Мерск Алабама го обвиниле филмот за неточни факти и приказот на Филипс, тврдејќи дека тој не бил така херојски настроен како што го прикажува филмот. [22]

Мајк Пери, главниот инженер на бродот, исто така тврдел во интервју за CNN дека филмот не ја прикажува вистинската приказна. [23]

И покрај обвиненијата за нетчноста со која филмот ги прикажува настаните околу киднапирањето, режисерот на филмот, Пол Гринграс, изјавил дека:

стои зад автентичноста на капетанот Филипс [...] на крајот на краевите, лесно е да се направат анонимни обвинувања против филмот [...] но фактите се јасни [...] бродот на капетанот Филипс бил нападнат, а бродот и екипажот со товарот кој го превозел сигурно стигнале на пристаништето без повреди или губиток на животи [...] тоа е приказната која ви ја раскажавме, и тоа е единствената вистинска приказна.


[24]

Во интервју за магазинот Vulture објавено на 13 октомври 2013 првиот заменик на Филипс Шејн Марфи изјавил дека е задоволен како филмот го прикажал Филипс а и него самиот, и изјавил дека е само разочаран што филмот не прикажал видео од семејствата на екипажот или коментар на претседателот во врска со киднапирањето. [25]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Премиера на Филмскиот фестивал во Њујорк
  2. 2,0 2,1 Премиера во кината на 1 октомври 2013
  3. Номинации за наградта Оскар
  4. Комплетна листа на номинации на hollywoodreporter.com
  5. Том Хенкс ќе ја игра главната улога во Капетанот Филипс
  6. Sneider, Jeff (8 јуни 2011). „Greengrass offered Somali pirate pic“. Variety. http://variety.com/2011/film/news/greengrass-offered-somali-pirate-pic-1118038249/. посет. 8 октомври 2013 г. 
  7. Конкурс за споредни сомалски актери
  8. Продуцентите во посета на музејот на Navy Seals
  9. Примерок ScanEagle во музејот
  10. "Tom Hanks climbs aboard to film Captain Phillips biopic in which he's captured by Somali pirates"
  11. Филмот Капетанот Филипс ќе се снима на Малта
  12. Снимање на филмот на бродот "Alexander Maersk"
  13. Снимање на филмот на бродот "USS Truxtun"
  14. Хенри Џекман е композиторот на филмот Капетанот Филипс
  15. Објавен албум со музиката од филмот
  16. Листа на дополнителни песни
  17. Статистика за заработка на кино благајните
  18. Реакциите на Филмскиот фестивал во Њујорк
  19. Реакциите на Филмскиот фестивал во Њујорк
  20. Статистика на Rotten Tomatoes
  21. Статистика на Metacritic.com
  22. Реакции на членовите на екипажот на филмот
  23. Мајк Пери интервју за CNN
  24. Реакцијата на Пол Гринграс на обвиненијата за неточноста на филмот
  25. Шејн Марфи за филмот

Надворешни врски[уреди | уреди извор]