Капетан Америка: Првиот одмазник

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„Капетан Америка: Првиот одмазник“
CaptainAmericaTheFirstAvengerposter.jpg
Режисер Џо Џонстон
Продуцент Кевин Фејџ
Настапуваат Крис Еванс
Томи Ли Џонс
Хуго Вивинг
Хејли Атвел
Себастијан Стен
Доминик Купер
Нил МекДонах
Дерек Лук
Стенли Туки
Музика Алан Силвестри
Кинематографија Шели Џонсон
Монтажа Џефри Форд
Роберт Далва
Студио Marvel Studios
Дистрибутер Paramount Pictures
Премиерајули 19 2011 (2011-07-19) (Ел Капитан театар)
јули 22 2011 (2011-07-22) (САД)
Времетраење 124 минути
Држава  САД
Јазик Англиски
Буџет $140–217 милиони
Бруто заработка $370.6 милиони

Капетан Америка: Првиот одмазник (англиски: Captain America - The First Avenger) - американски филм од 2011 година, во режија на Џо Џонстон. Главните улоги во филмот ги толкуваат: Крис Еванс, Себастијан Стен, Томи Ли Џонс и Хуго Вивинг. Продукцијата на филмот започна во јуни 2010 година, а снимањето се одржа во Лондон, Манчестер, Кервент и Ливерпул во Обединетото Кралство, и Лос Анџелес во САД. Филмот беше претворен во 3D во пост-продукција. Премијата на филмот беше прикажана во Холивуд на 19 јули 2011 година и беше објавен во САД на 22 јули 2011 година. Филмот беше комерцијално успешен, заработи над 370 милиони долари ширум светот и доби позитивни критики, беше пофален временскиот период од 1940-тите и правецот на Џонстон, иако некои сметаа дека филмот не служи за друга цел освен да се постави претстојниот филм Одмаздници (2012). Продолжение насловено како Капетан Америка: Зимски војник беше објавено на 4 април 2014 година, а третиот филм со насловен Капетан Америка: Граѓанска војна беше издаден на 6 мај 2016 година.

Содржина[уреди | уреди извор]

Стив Раџерс е младо момче кое сака да влезе во американската војска за време на Втората Светска Војна и е одбиен повеќе пати поради неговото лошо здравје и лоша кондиција. Стив е истакнат патриот, бидејќи тој сака само да му служи на својата држава. Еден ден, се сретнува со еден доктор, Абрахам Ерскин, кој му дава можност да влезе во американската војска и Стив ја прифаќа ова можност. Стив работи под полковникот Филипс и агентката Пеги Картер. Стив не има баш добро време во војската бидејќи тој е послаб и побавен од другите, затоа постојано е исмеван и командантите постојано му викаат да се вклучи. Ама сепак докторот Абрахам има верба во Стив и набрзо му ги скратува маките со тоа што ќе му даде можност да учествува во еден проект каде ќе може да стане супер-војник и супер-херој. Докторот исто така му дава совет на Стив да остане да биде тоа што е - добар човек, и дека не е важно каков е однадвор. Ерскин го претвора Стив во супер-војник, со помош на Ховард Старк. Овој експеримент го прави Стив посилен, повисок и мускулест. Ама тогаш доаѓа еден атентатор, Хајнц Кругер, испратен од страна на нацистичкиот офицер Јохан Шмит. Јохан Шмит е лидер на нацистичката дивизија Хидра и го поседува Тесерактот откако го украл од едно градче во Норвешка. Хајнц успева да го убие Ерскин. Стив е и побрз и континуирано го брка атентаторот, ама кога успева да го фати, атентаторот извршува самоубиство за да избегне да му даде било какви информации на Стив. Формулата на покојниот доктор Абрахам Ерскин е изгубена, а цела држава го знае Стив како Капетан Америка. Стив се промовира со нови униформа и шлем каде има американски бои на разни настани. Стив дознава дека неговиот добар пријател, наредникот Џејмс Барнс, исчезна заедно со другите војници за време на борба против војските на Химдт. Тој не верува дека неговиот пријател Џејмс е мртов, па затоа ги ангажира Пеги и инженерот Ховард Старк да го превезаат зад непријателски линии за да се обиде да го спаси својот пријател. Тој напаѓа една база на нацистичката дивизија Хидра, успевајќи да го спаси Барнс и други затвореници. Таму се сретнува и со Јохан и е спремен да се бори против него. Ама Јохан си ја вади маската и открива дека всушност има црвен череп, поради што го има прекарот Црвениот Череп. Раџерс се враќа во неговата база без Јохан бидејќи тој успева да избега. Потоа Стив ангажира свои команданти, меѓу кои и Барнс, да нападнаат повеќе Хидра бази. Стив подоцна напаѓа еден воз каде се наоѓа научникот кој му помага на Јохан, Арним Цола, и успева да го фати но Барнс паѓа од возот во претпоставена смрт. Стив го лоцира Шмит со помош на Цола и води последна борба со него. Во кулминацијата на борбата, Тесерактот го внесува Шмит во него. Стив ја зазема контролата на леталото на Шмит, но бидејќи нема начин за да го спушти без опасност за другите, тој е принуден да го спушти на Арктикот. Во една болничка соба, Раџерс се буди и дознава дека бил во кома речиси 70 години. Директорот на S.H.I.E.L.D, Ник Фјури, го регрутира Раџерс како дел од Одмаздниците.[1]

Улоги[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Капетан Америка - Првиот одмазник“, Вест, година XVII, 6,7 и 8 јануари 2017, стр. 25.