Каоани

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Пример на каоани.

Каоани ― поим кој потекнува од јапонските зборови као (顔, лице) и ани (アニ, анимација). Каоанијата се мали анимирани емотиконки кои обично скокаат нагоре и надолу за да изгледаат како да лебдат. Каоанијата потекнуваат од Јапонија и се познати и како пуфки, аниме топчиња, аникаои или аниме емотиконки.

Каоанито може да има облик на животни, прехранбени производи како што се топчиња од ориз, разнобојни топчиња, цртани ликови итн. Многумина се анимирани да извршуваат одредена задача, како што се танцување, смеење или навивање.

Форматот на податотеката за каоанијата е обично GIF, бидејќи поддржува анимации. Сепак, можно е истите да се направат во формат на APNG, што е анимирана PNG слика. Каоанијата најчесто се користат на интернет-форуми, профили на Myspace, блогови и софтвер за размена на пораки за покажување расположенија или како аватари.

Поврзано[уреди | уреди извор]