Канука

Од Википедија — слободната енциклопедија
Канука
Научна класификација
Царство: Растенија
Нерангирано: Скриеносеменици
Нерангирано: Евдикоти
Нерангирано: Розиди
Ред: Миртовидни
Семејство: Мирти
Род: Кунцеја
Вид: Канука
Научен назив
Kunzea ericoides
(A.Rich.) Joy Thomps.

Канука (латински: Kunzea ericoides, маорски: Kānuka, бело чајно дрво или бурган)[1] е дрво или грмушка која расте само во Австралија и Нов Зеланд. Сѐ до 1983 г., кануката се сметала за припадник на родот Тенкосеменици (Leptospermum).

Распространетост[уреди | уреди извор]

Кануката се среќава во Австралија и Нов Зеланд. Во рамките на Австралија, таа вирее во Јужна Австралија, Викторија, Нов Јужен Велс и Квинсленд.

Најраспространета е во крајбрежните честаци и како колонизатор на претходно опожарен терен, или пак поранешно земјоделско земјиште кое се враќа во природна состојба. Забележани се примероци и на 2000 метри надморска височина. Со нејзините мали, но многубројни цветови, ова растение може да обои цел рид во бело, и со тоа да даде ефект на снежна падина. Дрвото е многу тврдо и, иако не е издржливо во земја, се користи за пристанишни колци и рачки за алат. Кануката е особено популарен огревно дрво и гори мошне интензивно, ослободувајќи големо количество на топлина. Во Нов Зеланд, кануката расте до 30 метри во височина, со пречник на стеблото до 1 метар.

Папагалите од видот Какарики (Cyanoramphus) ги користат листовите и кората на Кануката и на сродното дрво Манука, за да се ослободат од паразити. Освен што го голтаат материјалот, тие истиот го џвакаат, го мешаат со маслото од уропигијалната жлезда и така го нанесуваат на крилјата [2]. Мануката и кануката изгледаат слично и честопати луѓето ги мешаат - тие најлесно се распознаваат со опипување на листовите - Кануката има меки листови, додека Мануката има боцкави.[3]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Канука“ е маорска заемка во новозеландскиот англиски. Други маорски називи се манука, манука-раурики (букв, 'ситнолисна манука'), мару, мануоеа и равири.
  2. Greene, Terry (1989): Antiparasitic behaviour in New Zealand parakeets (Cyanoramphus species). Notornis 36(4): 322–323. Целиот текст во PDF Архивирано на 17 октомври 2008 г. (англиски)
  3. "Nature guide to the New Zealand forest"- John Dawson, Rob Lucas, Godwit, 2000

Надворешни врски[уреди | уреди извор]