Кантар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Кантар пронајден во Помпеја (Антички Рим)
Лост е тврдо тело кое може да ротира околу некоја тврда точка, потпора или зглоб и важи: F1D1 = F2D2

Кантар (турски: qinṭār) – вага со подвижен тег со носивост од 10 или 20 килограми, која при вагањето се држи в рака. Се состои од лост со нееднакви краци, со сад и/или кука за товар обесени на едната страна и тег кој може да се поместува по врежана скала на другата страна на лостот. Кантарот е вид на вага со нееднакви краци и служи за брзо мерење. Кај оваа вага тегот е секогаш ист, само се менува кракот.


Лост[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Лост.

Лостот е цврсто тело, најчесто во облик на рамен или закривен стап, кое под влијание на силите може да се врти околу една оска. Силите кои делуваат на лостот во рамнина нормална на оската на можна ротација, помножени со оддалеченоста на нивната насока на делување од оската (крак на силата), го даваат моментот на силата, кој е дотолку поголем доколку е оддалеченоста поголема. Лостот е во рамнотежа кога алгебарскиот збир на сите моменти кои делуваат на лостот, еднаков на нула (закон на лостот).[1] Со тоа, со сразмерно мали сила може да се совладаат големи оптоварувања, и на тој принцип работат различни алати (ножици, клешта), направи (вага, кантар, педал) и посложени механизми. Кај поосетливите пак справи, на пример кај пинцетата (понекогаш се нарекува и лост од трет ред), може од поголема сила да се постигне помала. Лостот може да биде двокрак (лост од прв ред), кај кој силите делуваат на спротивни страни од оската на ротација, или еднокрак (лост од втор ред), каде сите сили се од една страна во однос на оската. Лостот историски, заедно со косата рамнина, макарата, тркалото оската, винтот и хидрауличната преса, се вбројува во прости механизми.[2] Поставувањето на законот за лост му се припишува на старогрчкиот математичар и пронаоѓач Архимед.

Условот за рамнотежа на лостот е алгебарскиот збир на моментите на сили да биде еднаков на нула. Овој услов на рамнотежа важи без разлика дали на лостот делуваат две или повеќе сили.

Ако го посматраме лостот занемарувајќи ја неговата тежина, т.е. ако неговата тежина не ја земаме при пресметките, велиме дека тоа е математички лост, а ако тежината на лостот ја земаме, имаме физички лост.

Ваги со нееднакви краци[уреди | уреди извор]

Ако краците се еднакви, масите директно се споредуваат, инаку важи:

Вагата кај која односот на краците е D1/D2 = 1/10 се нарекува децимална вага, а ако е D1/D2 = 1/100 центезимална вага. Таквите ваги ја споредуваат масата на товарот со десет пати, односно сто пати помала маса на тегот и служат за мерење на поголеми товари (од неколку десетици килограми до неколку тони кај камионските ваги).

Галерија[уреди | уреди извор]

19th-century steelyard.png Balance scales in China 02.jpg Balance romaineGP.jpg Tibetan scale with one pan.jpg
Кантар од XIX век Кантарот служи за брзо мерење Кантар од стариот Рим Кантар од Тибет

Наводи[уреди | уреди извор]