Кангов конак

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кангов конак
Поглед на конакот (2021 г.)
Карта
Општи податоци
Статусспоменик на културата
Видкуќа
Стилосманлиски
АдресаДимитар Влахов бр. 5
ГрадГевгелија
Земја Македонија
ЗавршенаXX век
Технички податоци
Катови1

Кангов конак (понекогаш и како Камгов конак) — стара станбена зграда во градот Гевгелија, прогласена за културно наследство на Македонија.[1]

Местоположба[уреди | уреди извор]

Зградата се наоѓа во средишниот дел на градот Гевгелија, на улицата „Димитар Влахов“ бр. 5, јужно од Зградата на Општина Гевгелија и спроти Андреевиот конак.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Канговиот конак е изграден во почетокот на XX век.[1]

Денес, конакот е во приватна сопственост, но како објект со висока амбиентална вредност бил прогласен за споменик на културата. Во долниот кат на објектот работат услужни дејности.[1]

Архитектура[уреди | уреди извор]

Конакот е приватен аголем станбен објект, на приземје и кат. Делот што излегува на аголот на двете улици е засечен, така што прави челна фасада профилирана како и другите две.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 „Туризам“. bansko-gevgelija.airbansko.org. Посетено на 2022-02-22.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]