Кангина


Кангина е традиционална авганистанска техника за зачувување на свежо овошје, особено грозје, во херметички дискови (исто така наречени кангина) формирани од кал и слама. Оваа вековна техника е автохтона за руралниот центар и север на Авганистан, каде што оддалечените заедници кои не можат да увезуваат свежо овошје, јадат свежо грозје зачувано во кангина во текот на зимата, а трговците ја користат кангина за безбедно складирање и транспорт на грозје за продажба на пазарите.[1] Грозјето зачувано со користење на кангина во модерен Авганистан обично е од сортите Таифи или Кишмиши, кои имаат дебела кора,[2] чија берба е подоцна во сезоната и остануваат овака чувани свежи во следните 6 месеци.[3]
Овој метод е форма на пасивно складирање во контролирана атмосфера. Функционира на тој начин што го запечатува овошјето во кал богата со глина, ограничувајќи го протокот на воздух, влага и микроби, исто како кога би се користела пластична кеса. Дисковите се формираат од две парчиња извајани од кал и слама во облик на сад, и кои се печат на сонце пред да се наполнат со најмногу 1-2 кг чисто овошје [1] и потоа се затвораат со кал. Се чуваат суви и ладни места, подалеку од директна сончева светлина.[3] Постепеното навлегување на гас низ глинената бариера овозможува кислородот да влезе во садот, одржувајќи го грозјето свежо, додека зголемената концентрација на јаглерод диоксид во пакувањето го инхибира метаболизмот на грозјето и го спречува растот на габи. Грозјето се спречува да се исуши, а калта апсорбира течност што инаку би довело до раст на бактерии и габи.[4]
Практиката на чување грозје во кал и слама е забележана уште во 12 век: во својата книга за земјоделство, севилскиот агроном Ибн ал-'Авам забележал дека редењето грозје со слама во стаклени садови запечатени со кал или "чини од кравји измет" е постоечка техника на зачувување во Андалусија.[5]
Кангина се евтини, еколошки и ефикасни садови за зачувување на свежо овошје.[1] Студија од 2023 година покажа дека кангина и кутиите од полистиренска пена се најефикасни садови за зачувување на грозје..[1] Садовите сепак, се тешки, незгодни и склони кон апсорпција на влага.[1][6]
Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 3 4 Hejazi, Ziaurrahman; Nawakht, Noor Agha; Hedayat, Yar Mohammad; Giordani, Edgardo (2023-03-01). „Styrofoam Packaging as Alternative of the Afghan Traditional "Gangina" Container to Extend Quality of 'Taifi' Grapes in Room Temperature Storage“. Journal of Packaging Technology and Research (англиски). 7 (1): 35–41. doi:10.1007/s41783-022-00148-1. ISSN 2520-1042. Грешка во наводот: Неважечка ознака
<ref>; називот „:1“ е зададен повеќепати со различна содржина. - ↑ „کنگینه؛ نگهداری انگور به گونه سنتی | MAIL“. mail.gov.af. Посетено на 2023-12-06.
- 1 2 Glinski, Stefanie (2021-03-25). „The Ancient Method That Keeps Afghanistan's Grapes Fresh All Winter“. Atlas Obscura (англиски). Посетено на 2023-12-06. Грешка во наводот: Неважечка ознака
<ref>; називот „:2“ е зададен повеќепати со различна содржина. - ↑ „Watch: This Is How Grapes Are Preserved In Clay Pots In Afghanistan“. IndiaTimes (англиски). 2022-04-19. Посетено на 2023-12-06.
- ↑ Cabo-González, Ana M. (2014). „The Study of the Evolution of Fruit Preservation Techniques in the Iberian Peninsula through the Agronomic Andalusian Works, their Roman Antecedents and Posterior Footprint in the Renaissance“. Arabic Sciences and Philosophy. 24 (1): 139–168. doi:10.1017/S095742391300012X. ISSN 0957-4239.
- ↑ Royal Afghan Embassy (1955). This is Afghanistan (англиски). London: Frownde & Co. стр. 19.