Канал Финов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Каналот Финов

Каналот Финов (германски: Finowkanal) е еден од најстарите водни патишта во Европа. Каналот е долг околу 50 километри и се наоѓа во округот Барним, во сојузната покраина Бранденбург, Германија. За прв пат бил изграден во 1605 и ги поврзал реките Одра и Хафел. Реката Рагезе се влива во каналот.

По завршувањето на поправиот Канал Одра-Хафел во 1914, економската важност на Каналот Финов се намалила. Денес, главно се користи за туристички цели.

Координати: 52°51′N 13°24′E / 52.850° СГШ; 13.400° ИГД / 52.850; 13.400