Канал Д

Од Википедија — слободната енциклопедија

Канал Д е првата српска детска телевизија. Се емитувала на територијата на Белград на 44 UHF, 45 UHF и 55 UHF канали, во областа Војводина на 47 UHF канали и Централна Србија на 44 UHF канали, како и преку кабелски оператори, сателитска платформа Еутслат и Интернет. Канал Д бил основан на 24 февруари 2002 година, од Драган Живковиќ. Седиштето на студиото е во Белград.[1] Оваа програма била наменета за деца до 12 години.

Во текот на 2012 година ТВ Канал Д престанал да ја дистрибуира својата програма преку Еутелсат, по што се губи во понудите на сите кабелски мрежи. По ова, овој канал продолжува со емитување исклучиво преку ИПТВ платформата на Телеком Србија, каде што била на позицијата 517. На крајот на 2013 година, Канал Д престанува да се емитува.

На крајот на февруари 2019 година, Регулаторното тело за електронски медиуми му издало дозвола на Канал Д за повторно емитување на програмата, но не се знае кога каналот ќе почне да емитува.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „TV kanal za decu“ (PDF). tvkanald.rs. Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-08-06. Посетено на 31. 7. 2019. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  2. „ТВ канал Д“. РЕМ. Посетено на 31. 7. 2019. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]