Каналот Мусолини

Од Википедија — слободната енциклопедија

Каналот Мусолини е роман на италијанскиот писател Антонио Пентаки.

Содржина[уреди | уреди извор]

Дејството на романот се одвива во Италија, во периодот меѓу двете светски војни и го проследува доаѓањето на фашистите на власт, како и причините на процесот на бонификација и градењето на градовите во фашистичката ера.[1]

Изданија на македонски јазик[уреди | уреди извор]

Во 2016 година, романот бил објавен на македонски јазик од страна на издавачката куќа „Или-Или“, како 134. книга од едицијата „ПРОсЗА“. Преводот од италијански јазик го извршила Ирина Талевска. Објавувањето на романот било дел од проектот „Креативна Европа“ на Европската Унија.[1]

Награди[уреди | уреди извор]

Во 2010 година, романот ја добил наградата „Стрега“, а исто така се закитил и со наградите „Акви Сторија“ и „Асти д'Апело“.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 „Објавен наградуваниот роман „Каналот Мусолини“ на Антонио Пентаки“, Дневник, година XX, број 6172, четврток, 22 септември 2016, стр. 21.