Канадско-македонски дом
Изглед
Канадско-македонскиот дом претставува иселенички центар на Македонците од Канада. Основан е во Торонто, Онтарио, Канада во 1969 година, додека самиот комплекс со модерни згради целосно е ставен во функција во 1979 година. Во рамките на Центарот се активни и Женската секција „Ќерките на Македонија“, која е формирана во 1977 година и Канадско-македонското историско друштво со својата библиотека.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Катарџиев, Иван (1994) (на македонски). Македонската политичка емиграција по Втората светска војна. Архив на Македонија.