Камјењски Округ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Камјењски Округ
Powiat kamieński
округ
Знаме на Камјењски Округ
Знаме
Грб на Камјењски Округ
Грб
Местоположба во војводството
Местоположба во војводството
Општини во Камјењскиот Округ
Општини во Камјењскиот Округ
Country Полска
ВојводствоЗападнопоморско
СедиштеКамјењ Поморски
Општини6
Површина
 • Вкупно1.003 км2 (387 ми2)
Население (2017)
 • Вкупно47.281
 • Густина47/км2 (120/ми2)
 • Градскo24.964
 • Селско22.317
Рег. таб.ZKA
Мреж. местоhttp://www.powiatkamienski.pl/

Камјењски Округ (полски: powiat kamieński) — округ во Западнопоморското Војводство, на балтичкиот брег во северозападна Полска. Настанал на 1 јануари 1999 г. со управната реформа усвоена претходната година. Седиште и најголем град е Камјењ Поморски, сместен 63 км северно од војводското седиште Шчеќин. Други градови се Мјенѕиздроје, Волин, Ѓивнув и Голчево.

Зафаќа површина од 1003 км2 и има 47.281 жители (2017), од кои 24.964 градско, a 22.317 селско население.

Соседни окрузи[уреди | уреди извор]

Се граничи со Грифичкиот Округ на исток, Голењувскиот Округ на југ и градот Швиноујшќе на запад. На север е Балтичкото Море.

Управна поделба[уреди | уреди извор]

Камјењскиот Округ е поделен на шест општини, од кои пет се градско-селски и една е селска.

Општина Вид Површина
(км²)
Население
(2006)
Седиште
Волин градско-селска 327,4 12.351 Волин
Голчево градско-селска 175,4 6.065 Голчево
Ѓивнув градско-селска 37,9 4.148 Ѓивнув
Камјењ Поморски градско-селска 208,6 14.389 Камјењ Поморски
Мјенѕиздроје градско-селска 117,2 6.477 Мјенѕиздроје
Швјежно селска 140,2 4.174 Швјежно

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]