Камила Кабелјо

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Камила Кабелјо

Карла Камила Кабејо Естрабао (Хавана, 3 март 1997) е кубанска и американска пејачка и текстописец. Како дел од бендот бендот "Fifth Harmony", Камила и другите членови издадоа еден ЕП и два студиски албуми. Нејзиното напуштање на групата беше објавено во 19 декември 2016 година.

Со нејзиното напуштање на групата, Камила достогна многу успех во својата кариера. Како изведувач, ја издала песната Хавана, која стигна до прво место на табелата Билборд топ 100. Песната е исто така главниот сингл од нејзиниот прв албум како соло уметник кој се вика ''Камила''[1] кој беше издаден на 12 јануари 2018 година.

Деби албумот бил вистински успех за Камила пристигнувајќи 1во место во повеќе од 100 светски листи, исто така придобивајќи позитивни коментари од музичките критики. По големиот број успеси, Камила ја започна своја прва турнеја како деби-пејачка именуван ''Never Be The Same'' (според песната ''Never Be The Same[2]'').

Раниот живот[уреди | уреди извор]

Камила била родена во Источна Хавана и е ќерка на Синуе Естрабао и Алехандро Кабелјо. Татко ѝ е Мексиканец кој се преселил во Куба, иако бил роден во Мексико. Поголемиот дел од нејзиниот живот, нејзината семејство континуиарно се движело помеѓу Хавана и Мексико, кога на крај одлучиле да живеат во Мајами додека таа имала 4 години. Камила своето американско државјанство го добила во 2008. Своето школување Камила го запрела во периодот 2012-2013 за да ја развие својата музичка кариера. Подоцна ја има добиено дипломата за средно образование.

Кариера[уреди | уреди извор]

2012-2016: The X-Factor и Fifth Harmony[уреди | уреди извор]

Камила била дел од повеќе аудиции на The X-Factor, по елиминација Кабелјо останала со уште неколку други натпреварувачи, кои подоцна ќе ја формираат музичката група Fifth Harmony[3], имајќи издадено голем број албуми и песни исто како и учествувајќи на голем број турнеи. Од 2013 до 2016 Кабелјо била член на групата и редовно била дел од настапи и турени.

Во декември 28,2016 Кабелјо веќе се отцепува од музичката група и станува соло пејач[4]. Ѝ двете страни коментирале на ситуацијата искажувајќи контрадикторни ставови.

Соло кариера и албмот ''Camila''[уреди | уреди извор]

Соло кариерата ѝ започнува со Шон Мендес и дуетот на песната ''I Know What You Did Last Summer[5]'' која тие ја напишале заедно[6]. Песната преставувала масовен успех за двете страни пристигнувајќи 20то место во САД и 18то во Канада. Камила била придружена во многу голем број песни, но подоцнa на 17 мај спомнува за можен албум (тогаш) именувам ''The Hurting. The Healing. The Loving.'' (подоцна преименуван во ''Camila''). Наскоро го објавува нејзиниот прв сингл "No Crying In The Club'' проследен со настап на the 2017 Billboard Music Awards[7]. Песната достигнува 47 место на амриканските музички листи. Подоцна му се придружува на турнејата на Бруно Марс.

Големо внимание достигнува со издавањето на песната ''Havana'' која ѝ била мотивација за пишување на повеќе песни[8]. По издавањето на песната веднаш станала бр.1 на музичките листи во САД, Канада, Обединето Кралство, Ирска, Франција, Унгарија и Австралија. Песната била на врвот во период на седум недели на Тhe US Mainstream Top 40. Именуван ''Camila'' нејзиниот деби албум е поп со влијание на латино песни и балади. [9]Албумот бил објавен на јануари 12,2018 кој дебатираше на првото место на американските музички листи. Албумот исто така бил сертифициран злато во САД [10]. Песната ''Never Be The Same'' била објавена на 9 јануари 2018 како вториот сингл од албумот[11]. Во април Камила ја започнува својата турнеја по името: Never Be The Same Tour, својата прва турнеја како соло пејач[12]. Исто така ќе биде отварачки чин на турнејата на Тејлор Свифт во меѓувреме од нејзината европска турнеја.[13]

Музика[уреди | уреди извор]

Камила Кабелјо е претежно поп и Р&Б пејачка со влијание на латино музика[14]. Таа вметнува елементи на регетон, хип хоп и денсхол во нејзиниот прв албум[15][16]. За нејзните први дела, таа зимала инспирација од современи латино изведувачи како Calle 13 и J Balvin, а од пишувањето на тескстот од Ед Шеран и Тејлор Свифт. Таа исто така ги има спомнато Мајкл Џексон, Ријана и Шакира како инспирација.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Album of the Week: Camila Cabello's 'Camila'“, „Billboard“.
  2. CamilaCabelloVEVO (2018-03-08), Camila Cabello - Never Be the Same, конс. 2018-05-21 
  3. "Bio : Fifth Harmony". 2016-01-03. конс. 2018-05-21. 
  4. Fifth Harmony member quits group“, „Newsday“. (на en)
  5. ShawnMendesVEVO (2015-11-20), Shawn Mendes, Camila Cabello - I Know What You Did Last Summer (Official Video), конс. 2018-05-21 
  6. Camila Cabello, Shawn Mendes Talk New Duet, Bill Withers“, „Rolling Stone“.
  7. "Twitter". twitter.com. конс. 2018-05-21. 
  8. Camila Cabello Debuts at No. 1 on Billboard 200 Albums Chart“, „Billboard“.
  9. Petridis, Alexis (2018-01-11). "Camila Cabello: Camila review – Havana hitmaker makes breakups look easy". the Guardian. конс. 2018-05-21. 
  10. Gold & Platinum - RIAA“, „RIAA“. (на en-US)
  11. Camila Cabello Drops Mysterious New Teaser for 'Never Be The Same' Video: Watch“, „Billboard“.
  12. Camila Cabello Announces Never Be The Same Tour“, „Billboard“.
  13. Brockington, Ariana. „Taylor Swift Taps Camila Cabello, Charli XCX as ‘Reputation’ Tour Opening Acts“, „Variety“, 2 март 2018. (на en-US)
  14. Kornhaber, Spencer. „Camila Cabello's Debut Is a Charming Example of Pop's Understated New Normal“, „The Atlantic“. (на en-US)
  15. @siena_y, Siena Yates Siena Yates is an entertainment writer for The New Zealand Herald siena yates@nzherald co nz. „Album review: Camila Cabello, Camila“, „NZ Herald“, 25 јануари 2018. (на en-NZ)
  16. Review: Camila Cabello Eschews Bangers on Personal, Low-Key Solo Album“, „Rolling Stone“.